Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не ми е таа целта на постот, туку ставот т.е. односот кон вирусот како вирус ми е доста чуден.И што ќе постигнеш ако креваш паника освен хаос можеби?
Не ми е таа целта на постот, туку ставот т.е. односот кон вирусот како вирус ми е доста чуден.
Не ја сфати поентата ама ајдепа како треба да биде ставот кон него? господине да го викаат? да бегаат од него? Како можеш да имаш став кон вирус?
Властите у кина даваат се од себе и даваат максимум за вирусот да остане таму и да се реши ситуацијата, преувеличувањето на работите и фрлањето бензин на огнот што го прави баграта медиумска за некој клик нема ништо корисно да придонесе за таа ситуација.
Македонија тестовите за коронавирусот ќе ги испраќа во НишСИМПТОМАТИЧНО, кој знае како би било кај нас ако се врати некој од ПРЦ ???
Čovjeka koji se vratio iz Kine u Zagrebu nisu htjeli testirati na koronavirus. Sve nam je detaljno ispričao
Автоматски споено мислење:
ова е интересно, помладите не ни знаат, ние барем читавме за тоа
пандемија на шпански грип, 1918-1920, 50 милиони жртви
Дали стварно веруваш во тоа дека тој што има доволно моќ да организира вакво нешто има потреба од парите од вакцините?хм, ако не се пари во прашање, тогаш се многу пари во прашање!
За реагенси за коронавирус имаме воспоставено линк за соработка со лабораторија во Ниш, ако има потреба, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ Канал 5, потенцирајќи дека место за паника нема.
Досега кај нас немало патници со индиции за специфично тестирање од коронавирус. Пристигнати се 4-5 патници од места одалачени 1.000 километри од Вухан, но, како што вели министерот за здравство Венко Филипче, немаат никакви симптоми и дадени им се насоки што треба да прават доколку им се јават.
„Обичните тестови за специфичниот коронавирус кои кај нас веќе ги има од порано, ќе стигнат на почетокот на следната недела. Во меѓувреме, во директен контакт со Министерството за здравство од Србија направивме договор во Ниш да се испраќаат анализите од крв што ќе се земаат на пациенти кај што е тоа индицирано, што значи дека за многу кратко време би ги имале резултатите“, рече Филипче.
Доколку имаме заболен од коронавирус, наведува, има цел болнички дел од едно одделение на Инфективната клиника, а кое беше во приправност и за време на претходните епидемии со сарс и ебола, со строго определни стандарди како се третира пациент кој треба да биде во излолација. Направен е и план кои делови од одделенијата на Инфективна клиника да бидат ослободиме доколку има потреба од дополнителни кревети и респираторни машини со доводи во ситуација ако се јават повеќе пациенти.
На Меѓународниот аеродром во Скопје е поставена термална камера, а за аеродормот во Охрид, каде важат истите правила како и на останатите гранични сувоземни премини, вели Филипче, разговарано е со концесионерот и подготвени се доколку треба за кратко време да ја донесат, односно да набавиме уште една. Во целосна приправност се службите од центрите за јавно здравје, потенцира министерот за здравство.
Министерството за надворешни работи попладне информираше дека македонска државјанка, врз основа на доброволна согласност, а со посредство на амбасадите на нашата држава во Пекинг и Париз, успешно е евакуирана од кинескиот град Вухан. Нејзината здравствена состојба е добра, не постојат симптоми на корона вирусот.
Може и нешо позитивно да искочи од тоа.Филипче потврди дека Македонија нема реагенси за коронавирусот, ама има соработка со лабораторија во Ниш
Наводно и покрај изјавите на Филипче, на Клиника нема никаква подготовка за можен карантин.
Ако дојде вирусов во вукојебинава има да наебеме сите поради неспособниве лудаци на власт.