Туку што потврди дека си бил наивен, си потпаднал под пропаганда, еуфорија, лажни вести а и дека си политички тотално неписмен. Се што си се надевал и си очекувал да се случи, се случило токму спротивното. Очигледно твојата потреба и на многу како тебе за подобро, направи општеството да го пробие секое дно и да потонеме уште подлабоко, до точка од која не знам дали воопшто има враќање.
И сега како типичен шарен револуционер го користи оправдувањето, абе остај знам ја, сите се исти - откако сватил со тешко срце и плачлив глас дека бил изманипулиран од пропаганда и направил катастрофален избор.