Јас сум откажан од двете партии. Не може никој при здрав разум да гласа ниту за ВМРО ниту за СДС, особено не пак за СДС кога има 100 видеа како викаат дека името нема да се смени, кога упорно фураат спомнување на новото име на сила, кога референдумот џабе го правевме и мал милиони други работи што се спомнати во темава...
Може некој да се теши сега дека ВМРО е нова гарнитура, ама за оваа држава се е џабе.
Ама не смееш ни да кажеш се е џабе затоа што има некои повредени што многу се бафтаат со политика и кога ќе им речеш „не се замарам со политика“ ќе речат од „таквите како тебе патиме“.
Сите дискусии се сведуваат на тоа дека некој си има замислено дека може да измери кој повеќе штета има направено.
И цело време е тоа натегање.
Двете си се покажаа дека се партии кои своеволно прават секакви глупости, и гласот никој не вреди да го дава за нив.
Ама пак, некој да фати да ги брани бомбите... не и не