Бројот на починати од корона вирусот во Кина зголемен на 170, над 7.700 заразени
До крајот на вчерашниот ден беа потврдени вкупно 7.736 случаи, при што се сомнителни уште 12.167 лица, соопшти комисијата. Од нив, 1.239 луѓе се во критична состојба.
Од 170 смртни случаи до сега, 162 се пријавени во епицентарот на епидемијата во Хубеи. 70 случаи се пријавени во повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Германија, Франција, Тајван и Виетнам
Вкупниот број на заразени е повисок од оној кога беа инфицирани од САРС. Во 2002/2003 година од тој корона вирус животот го загубија 774 луѓе од кои 349 во Кина.
Во меѓувреме, властите во Финска потврдија прв случај на корона вирус во државата. Други 15 лица се под строг лекарски надзор.
Во Франција потврден петтиот случај на заразен со новиот коронавирус
Франција го потврди петтиот случај на инфекција со коронавирус од Кина и станува збор за е за ќерка на 80-годишник веќе хоспитализирана со истата дијагноза, изјави синоќа министерката за здравство Ањес Бузин.
Таа додаде дека два авиона летаат од Франција кон Кина – по првиот во средата, вториот лет ќе биде утре – со намера да ги евакуираат француските државјани од кинескиот град Вухан, епицентарот на инфекцијата.
Франција минатата недела ги потврди првите три случаи на инфекција со коронавирус во земјата, а овој вторникот, четвртиот.
– Сега имаме пет случаи, од кои два се под надзор, рече Бузин на прес-конференција.
Sent from my SM-A705FN using Tapatalk