Депозитите кај комерцијалните банки на крај на 2019 пораснале за 9,5%, додека кредитите за 6,0% на годишно ниво, со значителни промени во декември 2019 кога е остварен месечен раст од 3,4% и 1,9% соодветно. Не заборавајте дека на растот на кредитите влијае и новата методологија која се применува од 01.07.2019 со која се отпишуваат кредитите кои се ненаплатливи подолго од една година.
Прегледај го приврзокот 231203
Мое мислење е дека во државава има и тоа како голем потенцијал (идни инвеститори) кој е на чекор од одлука за влегување на МСЕ. Главен проблем кај нас, кој ќе постои и во блиска иднина, е што мал е бројот на добри фирми кои имаат добри фундаменти и кои се транспарентни кон јавноста/инвеститорите.