Па да, малце е нејасно од Македонска страна.
Пример 1: сакам да одам за Германија, а летам од скопски аеродром, МК пасошот ми е истечен имам валидна МК лична карта, имам валиден БГ пасош и лична карта.
Пример 2: се враќам од Германија, слетувам на скопски аеродром, МК пасошот е истечен додека сум во странство, имам валидна МК лична карта. Исто така валиден БГ пасош и лична карта.
Штом те пуштаат да влезеш и излезеш на Српска, Албанска и Косовска граница само со лична карта, логично е да те пуштат да ја напуштиш државата од било која граница или аеродром во МК само со лична карта, а што ќе правиш ти на другите гранични премини понатака тоа е наш проблем. Крај краева, во секој случај можеш да покажеш БГ пасош/лична карта, и ќе мораат да те пуштат да влезеш/излезеш од МК ама треба да се караш и да правиш скандал.