Коронавирус (COVID-19)

Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.245
Поени од реакции
22.913
With Wuhan virus genetic code in hand, scientists begin work on a vaccine

Кинески тим на научници го мапирале вирусот и го објавиле јавно, се очекува прва вакцина во наредните 3 месеци. За споредба САРС епидемијата траеше околу 20 месеци и Американците ја произведоа вакцината при самиот крај.

Aј сега изгледај го видеово и види дали Кина реагира соодветно lol

Не разбирам што е тука проблемот? На страна што е видео од рандом човек на интернет, ајде ќе верувам дека е жител на Вухан. Што ти е тука толку шокантно? Болници кои се при крај со материјали? Луѓе кои одбиваат да носат маски? Медицинскиот персонал и полицијата што не може да постигнат во своите обврски? Знаеш дека Вухан има популација од 11 милиони луѓе? Не само тоа туку реонот на карантин е проширен и сега вклучува над 36 милиони луѓе. Ај направи базична математика и израчинај колку Македонии се тоа. Друго прашање ти што подразбираш под зборот карантин? Како се спроведува, што се опфаќа знаеш?

Рабирам луѓе имаат hateboner кон Кина али аман не барајте работи со кои цела слика си ја превртувате или да кажам пристрасно си боите слика, ко да навивате за вирусот ебате. Во исто време се шири мит како Кина е способна да успешно ги лаже СЗО/WHO и CDC а истовремено не е способна да прикрие информации од рандом луѓе на интернет...

Али океј, ипак ние сме земја на 2 милинои експерти и ендемски регион на теории на заговор.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
@Gag Од една страна кажуваш дека пристрасно си боиме слика, а од друга страна негираш било какви информации директно од луѓето кои се тамо и се засегнати и слепо веруваш единствено на мејнстрим медиуми и извештаи од владини агенции.
Али така е, сите се рандом луѓе на интернет, сите лажат и немаат појма што всушност се случува во местото каде што живеат. Само новинарите кои ги пишуваат статиите што ги читаш по западњачките медиуми коишто или воопшто немаат или имаат ограничен пристап до информациите точно знаат каква е состојбата (y)

А тоа што можам да ти најдам уште десетици видеа, пораки, снимки од "рандом" луѓе и директни сведоштва од местата на случувањата, тоа се све измислици. Тоа што во секој момент се објавуваат нови коментари од луѓе кои контактираат со нивни роднини и пријатели во Кина, и тие, бидејќи сите нели се "рандом луѓе на интернет", исто така измислуваат и лажат.

WHO и CDC се официјални организации кои соработуваат и се ослонуваат на официјалните информации што ги добиваат од кинеските власти. Не можеш да очекуваш дека тие ќе се повикуваат на неофицијални и непотврдени информации од обични граѓани, или дека директно ќе ја нападнат и обвинат Кина. Затоа постои интернетот каде што можеш да се информираш од повеќе различни извори. А ако ти одбираш слепо да се информираш само од една страна, тоа е твој проблем.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.245
Поени од реакции
22.913

R0 изнесува 2,6. За споредба тоа е на ниво на пандемиски грип или ебола. Малите сипаници имаат ранг од 12-18.

@nE0n1nja

Твоите извори во најдобра ситуација се мисинформирани луѓе а во најлоша ситуација луѓе кои што ја користат ситуацијата за свои цели и интереси. Не велам дека сите тие видеа се лаги но тие воопшто не ја прикажуваат целата ситуација. Најдобро во моментов е да се пратат официјални извори и вистински експерти кои знаат што прават и учеле или имале животно искуство со вакви работи а не секакви ликови кои постуваат за се и сешто и знајно или незнајно шират непотребна паника како и секакви медиумски таблоиди кои за клик повеќе спремни се да постуваат секакви глупости како на пример во 2014 година кога исчезна Малезија 370 вакви работи се ширеа од страна на CNN, една од најголемите и најпознати медиумски куќи на планетава :

На крајот од денот, верувај во што сакаш.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
@Gag Од една страна кажуваш дека пристрасно си боиме слика, а од друга страна негираш било какви информации директно од луѓето кои се тамо и се засегнати и слепо веруваш единствено на мејнстрим медиуми и извештаи од владини агенции.
Али така е, сите се рандом луѓе на интернет, сите лажат и немаат појма што всушност се случува во местото каде што живеат. Само новинарите кои ги пишуваат статиите што ги читаш по западњачките медиуми коишто или воопшто немаат или имаат ограничен пристап до информациите точно знаат каква е состојбата (y)

А тоа што можам да ти најдам уште десетици видеа, пораки, снимки од "рандом" луѓе и директни сведоштва од местата на случувањата, тоа се све измислици. Тоа што во секој момент се објавуваат нови коментари од луѓе кои контактираат со нивни роднини и пријатели во Кина, и тие, бидејќи сите нели се "рандом луѓе на интернет", исто така измислуваат и лажат.

WHO и CDC се официјални организации кои соработуваат и се ослонуваат на официјалните информации што ги добиваат од кинеските власти. Не можеш да очекуваш дека тие ќе се повикуваат на неофицијални и непотврдени информации од обични граѓани, или дека директно ќе ја нападнат и обвинат Кина. Затоа постои интернетот каде што можеш да се информираш од повеќе различни извори. А ако ти одбираш слепо да се информираш само од една страна, тоа е твој проблем.
Некој е по параноја и глупости некој не е...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.237
Поени од реакции
16.381
Kinezi nakon brzog obilaska Dalmacije otišli iz Hrvatske

Pročitajte više na: https://www.24sata.hr/news/kineze-su-pregledali-u-italiji-a-nakon-plitvica-idu-u-dalmaciju-672441?utm_source=Midas&utm_medium=Widget&utm_campaign=Content+exchange - 24sata.hr

сега за БиХ отишле да пробаат ќебапи, а штета ако не прошетаат и до Охрид на пастрмка :confused:..што ќе се враќаат, таму е за никаде сега
Автоматски споено мислење:

ајде бизнис и со Роботи

Првиот пациент заразен со кинескиот корона вирус во САД комуницира со робот и неколку доктори при лечењето, пренесува CNN.
 
Последно уредено:
Член од
14 јуни 2017
Мислења
27
Поени од реакции
18
Vo Francija ima 3 ca zaboleni. Eden u Paris, Bordeaux, i 3 ne znam vo koj del.
Toj vo Bordeaux ima 48 godini kinez koj doshol od Vuhan,
Bolniot e vo karantin i negov blizok anonimen prijatel kazuva deka go lecat so obicen paracetamol....
Inaku vo Paris i okolinata site maski i gelovi za dezinfekcija se potroseni.
Izvor na infirmacija France info :

Член од
23 мај 2019
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.213
Коронавирус и можнст за пандемија го загрижува секого.
Шпекулации и лажни вести колку сакаш, интернетот и тнр социјални медиуми се како создадени за тој вид на пропаганда. Има една група која фрла дрвја камења врз Кина и Кинезите (немале хигиена јаделе храна која во останатиот дел од светот се смета за ... и се нешто такво, па наскоро може да очекуваме да се појави вест дека 5G мрежата служи да се шири оваа болест), дури и повеќе од колку што е разумно, се повикува на неразумни чекори, некој би помислил дека се води биолошка војна против Кина...!
Интересно е што центарот за контрола на вакви болести е токму во Вухан. Заради ова и се шпекулира дека се работи за лаб-вирус, само која будала би можела да направи такво нешто?

Во медиумите излезе и оваа вест, истата звучи неверојатно што секој би помислил дека се работи за фејк!.
Event 201
The Johns Hopkins Center for Health Security in partnership with the World Economic Forum and the Bill and Melinda Gates Foundation hosted Event 201, a high-level pandemic exercise on October 18, 2019, in New York, NY. The exercise illustrated areas where public/private partnerships will be necessary during the response to a severe pandemic in order to diminish large-scale economic and societal consequences.

Health experts issued an ominous warning about a coronavirus pandemic 3 months ago. Their simulation showed it could kill 65 million people.

Сепак треба да се има во предвид дека се работи за симулација, и можно е обид за собирање на повеќе пари, сепак здравјето е бизнис.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.237
Поени од реакции
16.381
Коронавирус и можнст за пандемија го загрижува секого.
Шпекулации и лажни вести колку сакаш, интернетот и тнр социјални медиуми се како создадени за тој вид на пропаганда. Има една група која фрла дрвја камења врз Кина и Кинезите (немале хигиена јаделе храна која во останатиот дел од светот се смета за ... и се нешто такво, па наскоро може да очекуваме да се појави вест дека 5G мрежата служи да се шири оваа болест), дури и повеќе од колку што е разумно, се повикува на неразумни чекори, некој би помислил дека се води биолошка војна против Кина...!
Интересно е што центарот за контрола на вакви болести е токму во Вухан. Заради ова и се шпекулира дека се работи за лаб-вирус, само која будала би можела да направи такво нешто?

Во медиумите излезе и оваа вест, истата звучи неверојатно што секој би помислил дека се работи за фејк!.

Health experts issued an ominous warning about a coronavirus pandemic 3 months ago. Their simulation showed it could kill 65 million people.

Сепак треба да се има во предвид дека се работи за симулација, и можно е обид за собирање на повеќе пари, сепак здравјето е бизнис.
Пак ќе пишам.... ако е од Кобра, како нема во Индија ????
таму јадат се и сешто, хигиена на најниско ниво итн..

Е може кобрата е добра за вакцина, ако Кобра те апне не умираш од корона вирус... кај нас немаме Кобри ама имаме магариња..
шега на страна, светските берзи почнаа да тонат поради Корона Вирусот...
 
B

Beginner

Гостин

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.213
Пак ќе пишам.... ако е од Кобра, како нема во Индија ????
таму јадат се и сешто, хигиена на најниско ниво итн..

Е може кобрата е добра за вакцина, ако Кобра те апне не умираш од корона вирус... кај нас немаме Кобри ама имаме магариња..
шега на страна, светските берзи почнаа да тонат поради Корона Вирусот...
хм, веќе реков интернетот е како роден за спекулирање, затоа и ја пренесов шегата дека Корона вирусот се шири преку 5Г технологија. Ако добро се спакува и им се продаде ваквата мантра на луѓето мислам дека ќе има прилично што ќе поверуваат. Она што иритира е, што како на некој знак една група почна да пласира теза дека Кинезите се виновни заради нивниот начин на живеење (хигиена, менталитет и ...) што дошло до појава на оваа зараза, како тргнале нема да помине време кога ќе почнат да изјавуваат дека ако нема Кинези ќе немаше ни вирус. На место да се пласира емпатија кон жртвите, истите се демонизираат и се прикажуваат како основна опасност по животот на земјата.
Ваквото однесување се повеќе ја зацврстува вербата кај оние што сметат дека се работи за био-војна од страна на САД кон Кина, не може да се рече дека овие другите не им помагаат во тоа.

Светските берзи покажувале стагнација и пад, големо мудо, нека пропаднат сосема јас сум за, кога берзите и раст на нивниот капитал е многу поважен од здравјето на луѓето и треба да пропаднат, можеби така ќе се создадат услови за еден похуман систем па и економски.

Да повторам, индикативно е што центарот за заразни болести и испитување на “егзотични“ вируси е токму во Вухан. Некои тоа го оправдуваат со тоа дека токму тој регион се јавува како еден резервоар на такви вируси, и со тоа што воденица се прави кај што има ветрови или река но паралела едно со друго нема, затоа што не се прави болница на првата линија на фронтот туку малку подалеку.

земја која има вака добро подготвен здравствени систем со Фиљипче на чело не треба да се грижи за својата иднина.

И една кратка вест, од вчера Кина забрани продажба на авикоарти на туристички групи за меѓународен авио сообраќај.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Чудно како така вирусов не е застапен во ниедна држава што граничи со Кина...
Заразата почнала од змија која изела лилјак, а потоа змијата ја изеле луѓе. Па во Индија змиите се јадат како кај нас лебот, а во Индија нема ниеден заразен...пак чудно.
Како може на толку јака држава со јака технологија и најдобра и најнапредна медицина во светот, толку луѓе да им избегаат на контролите на аеродром во Кина и на другите држави...НЕШТО ТУКА Е ТРУЛО!

Има некоја игра во позадина што ние, обичниот народ, не ја согледуваме/знаеме.
 
Присутна е во Виетнам, Непал, Тајван, Ј. Кореја итн. Но зошто мислиш дека е чудно или па важно дали е присутна во соседните земји, како мислиш дека се шири зараза или поточно во овој случај вирусот?

Се шири преку заразени луѓе. За разлика од заразено животно (како на пример змија), луѓето имаат далеку поголема мобилност. Луѓето патуваат со автомобили, возови, авиони, бродови и така го пренесуваат вирусот. Змиите пак се ограничени на местото каде што живеат и ретко доаѓаат во контакт со луѓе.

Вирусот има инкубација од 2 недели. Инкубација е период од навлегувањето на микроорганизмот во човекот се до првите симптоми. Во меѓувреме вирусот се размножува во човекот, а како што се дозна, овој вирус е заразен и за време на инкубација. Тоа значи дека заразениот човек незнајно го шири вирусот иако изгледа дека е здрав.

Понатаму, зима е период на респираторни заболувања како грип, бронхитис, пневмонии и така натаму што дополнително го отежнува скенирањето на заболените од коронавирусот бидејќи симптомите што ги дава коронавирусот и некој друг респираторен микроорганизам како на пример вирусот на инфлуенца (вирусот на грип) се идентични.

Пример кај кинескињата која во Франција ги избегна контролите кои мониторирале лица со покачена телесна температура, таа не знаела дека била заразена, [мислам] дека се напила парацетамол (има и антипиретичко дејство) и со тоа ја избегнала контролата. Била откриена откако на социјална мрежа се пофалила дека го направила ова.

Во однос на појавувањето на заразата во Кина а не во Индија, не се знае од каде точно потекнува заразата, се дебатира дали од лилјак или од змија но како и да е, благодарение на чест премин од една средина во друга (изворот е нерегулиран пазар на секакво животинско месо) - вирусот мутирал. Од друга страна Индија е извор на други зарази и регуларно избива по некоја епидемија за која не ни слушаме. Така да одговорот на зошто не се случил во Индија - не дошло до таква ситуација.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Чудно како така вирусов не е застапен во ниедна држава што граничи со Кина...
Заразата почнала од змија која изела лилјак, а потоа змијата ја изеле луѓе. Па во Индија змиите се јадат како кај нас лебот, а во Индија нема ниеден заразен...пак чудно.
Како може на толку јака држава со јака технологија и најдобра и најнапредна медицина во светот, толку луѓе да им избегаат на контролите на аеродром во Кина и на другите држави...НЕШТО ТУКА Е ТРУЛО!

Има некоја игра во позадина што ние, обичниот народ, не ја согледуваме/знаеме.
Ја тоа викам,ЦИА, Масони, Илуминати, Рептилиоди и Азгарди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom