Здраво, се работи за деловен простор 70-тина м2 отворен простор во зграда со многу добра изолација и дограма. Досега просторот се загрева со еден панел 3кв и една кварцна греалка со 2 греачи. Дури и во најладното беше супер топло внатре иако после 16:00 часот се исклучува греењето и се уклучува наредниот ден во 8:00. И покрај тоа што 16 часа и преку ноќ нема греење наредниот ден по само 20-30мин со гореспоменатите грејни тела се достигнува топлината.
Размислував за клима помеѓу 3.5кв и 5кв, се одлучив за 5кв. Искрено ќе го наместев директно даикинот FTXF50A пошто го имам дома и сум презадоволен од него, но гледам дека зимно време замрзнува цревото за одвод. Е сега дома немам проблем со тоа пошо надворешната ми е наместена на тераса, цревото за одвод и сите гумени тапи(мислам дека се 8) што се на саќето од надворешната ги вадам и кога прави дефрост водата директно истекува во корито кое го имам наместено на терасата под климата. Така никогаш сум немал проблем со замрзнување на саќето и на надворешната како што не ретко можам да ги забележам климите по куќите и зградите. Комшијата баш пред еден месец зеде Даикин Емура и надворешната испозамрзна како фрижидер за длабоко, под неа имаше мранѕули по 40см.
Е сега да се навратам на канцеларијава каде што треба да се мести клима. Мора да се реши проблемот со промрзнувањето на одводот зошто нема можност да се мести корито или нешто слично, а неможи да истекува туку така зошто под нас има продавници,бутици кои уште во летото се бунеа дека климата што ја имаме за ладење им го прскала излогот. Олук има на 5см од држачите за надворешната и цревото ќе биде ептен кратко 20-30см.
Поради овие причини несакам да го купам даикинот. Незнам дали клима со грејач на саќето ќе заврши работа или нешто да препорачате пошо не сум во тек со климиве веќе некое време. Предлог за некоја подобра клима со која ќе се реши проблемот со одводот???
Цена некаде до 60000, не дека толку треба да бидат но ако веќе нема нешто до таа цена уште 10000 нема да бидат проблем. Поздрав