ОХБ некако ниско се тргува ама не ги знам сите детали од приказната со Шпаркасе. Што се случи? Завршија со преземањето? Инаку имаа послаба 2019 барем до кв3 охб...исплатија дивиденда во 2019?Споредено со ланските резултати, ТТК се тргува на 1.35 бук , ТНБ 1.37, СТБ 1.49, КМБ 1.35, ОХБ 0.63
едит: ОК, ако земеме во предвид дека Шпаркасе за ОХБ даде 6300, тогаш имаме 0.82.
Со преземањето завршија. ОХБ смени лого, веб страна итн. и е дел од Шпаркасе групацијата. Останува само да ги консолидираат (спојат) двете банки, што стварно не знам што ќе значи за капиталот, бројот на акциите и нивната вредност. Мислам дека поради таа неизвесност е и ниската цена на која се тргува. А дивиденда не исплатија во 2019.ОХБ некако ниско се тргува ама не ги знам сите детали од приказната со Шпаркасе. Што се случи? Завршија со преземањето? Инаку имаа послаба 2019 барем до кв3 охб...исплатија дивиденда во 2019?
Разликата помеѓу активната и пасивната камата е донекаде еден вид на маржа која ја имаат банките. Капиталот на банките е поскапен но поради овие "маржи" успеваат да генерираат високи поврати на капитал и да немаат толку високи п/е во однос п/б. Исто така и добар дел од нив ги имаат зголемено дивиденд пауоут во однос на добивка и дивидендниот принос не им е многу намален во однос на порано. Порано имаа пониски добивки и дел од нив дури не исплаќаа дивиденда.So vakva razlika pomegu aktivna i pasivna kamata bankite i ne se tolku skapi
Fakt dopolnitelen se dividendi koi sto gore dole maksimalno odat i do 10% na momentalni ceni sto znaci ima prostor za rast dopolnitelen !!!
Ако е точно ова... ова баш и не е добро за банките. Приходите не растат а маржите се намалуваат. Има само еден начин да се случи тоа да растат средствата и обврските. Е сега прашање е дали капиталот расте со иста брзина како средствата. Ако не тогаш банките имаат поголем левериџ... што е ризик. Може да се види и спореди од извештаи ова.Математички прецизно, што би рекла една јавна личност
Ако немаш искуство последно нешто што треба да го правиш се онлајн тргување на опции.Здраво,
Дали некој има искуство со купување на акции преку онлајн платформи?
Гледав постојат доста такви платформи преку кои се нуди тргување на девизи, крипто, акции и сл. онлајн.
Пример iqoption.
Според условите провизиите се доста ниски ама бидејќи немам никакво искуство со ова, сакав да прашам дали некој има пробано онјалн тргување на странски берзи?
Се фино тоа, ама не заборавај колку се зависни од власта. Инаку за дивидендата од 20-30 денари на 1200 денари и не е нешто баш привлечна.Не знам зошто толку се зборува за банките, „Гранит има огромен обрт по овие цени, што е знак на стабилна стапка на раст, дивидендата е постојана
Па и банките имааат колку толку постојана дивиденда. А износот и не е баш споредлив, ако споредуваш во апсолутен износ....Гранит има огромен обрт по овие цени, што е знак на стабилна стапка на раст, дивидендата е постојана...
Токму така. Еве податоци за последниве 3 години:...Инаку за дивидендата од 20-30 денари на 1200 денари и не е нешто баш привлечна...
Дивиденден принос | 2016 | 2017 | 2018 |
Гранит | 4,83% | 3,63% | 3,75% |
Комерцијална банка | 5,25% | 6,53% | 8,32% |
Стопанска банка | 37,23% | 12,72% | 6,08% |
НЛБ банка | 11,43% | 4,78% | 11,43% |
Имаат раст на добивка од гранит. И тоа сега со комуњарски власт. Не им е уште висока многу добивката ама ако продолжат вака ќе бидат добри. Најверојатно тука е и факторот на late cycle growth ама...пари си се пари.Се фино тоа, ама не заборавај колку се зависни од власта. Инаку за дивидендата од 20-30 денари на 1200 денари и не е нешто баш привлечна.
п.с. Не викам дека не вреди, ама обично луѓето го кажуваат тоа што сакат да го видат