Не знам кој дел од тоа дека се у фаза на изградба не го разбирате, и дека покрај главни засилувања за кои одат над 100м евра клубот едноставно е ставен во ситуација да пополнува одредени дупки со ваков тип на трансфери, веќе видено кај многу други клубови, големи, кои поминале низ слични фази. Како се постави Клоп на стартот со ливерпул, како сега, или јуветнус, почнаа со мирко вучинич, го носеа ањелка и лордот бедтнер за опции од клупа, на крај се кренаа на ниво погоре.
Така да за неполна година овој интер на конте врши одлична работа, упорно се фаќате за мозес и јанг а го игнорирате фактот дека ериксен им е примарна цел во моментов и фактот дека веќе над 100м евра одат за лукаку, барела и сенси. Во ваква ситуација, финансиски регулативи кои владеат у фудбалот, нормално дека ќе одат и на ефтини варијанти со краток рок на траење колку да се изгура сезоната. Да не земаа интер играчи, и вака да се '' засилуваа '', да, смешно ќе е, али тоа не е случај моментално со клубот за кој пак ке кажам, сеуште е у фаза на изградба, играчки не се на нивото на јувентус сеуште, нит па за нешто позначително во ЛШ баш ради тоа што и ти го спомна, клупата.
Али ако до лани немаа ни прв тимм, за клупа муабет па да не праиме, после следново лето би требало и едното и другото горе доле веќе да се на потребно ниво за нешто поише од само пласман во ЛШ, бар ако судам со какво темпо работат откако пристигнаа марота и конте.