Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
дечки, имам еден проблем, по цел ден висам пред лаптоп, поточно, по цел ден гледам видеа на јутјуб, од сабајле до вечер, како да го решам овој проблем? мислам дека не е толку едноставен проблем, има нешто до психата тука.
Преку кој провајдер си, да ти ставиме ограничување на сообраќај...
 
Кога бев мал, околу 8 или 9 гледав една македонска (не сум сигурен дали македонска или само преведена на македонски), детска серија каде што група на деца, кои што беа околу моја возраст, можеби малку постари (изгледаа како да имаа 11-12 години), самите нивни разговори не ми оставија впечаток, освен една сцена...

Се сеќавам, двајца или тројца деца некако се движеа низ некој вид на портал, како низ струја да се движеа, позадината беше шарена и светкаше. Но најјасниот дел беше кога тие стигнаа на крајот, се најдоа во некој вид на подрум или нешто така. Се уклучи компјутер кој што имаше лице, не изгледаше баш како човек, ама формата (образите, брадата и дупките кај очите) беше јасна. Очигледно, беше направен со CGI.

Откога го видов тоа, ми требаа солидни 2 минути да процесирам што видов, пред да се расплакав од страв.

Јас за жал не го знам името на серијата, но ако некој нешто се сеќава на такво нешто и може нешто да дополни, слободно.
 
Кога бил тој период кога си имал 9-10 години? Пример, мене тоа ми било пред 20тина години :D
Според описов, имаше една серија каде што патуваа низ времето.
Ако не се лажам се викаше Рабробил или нешто слично.

Едит: Еве линк од една епизода.
 
Има ли некој правено генетско тестирање во приватниве клиники кај нас ? Цените ме интересираат.
 
Иде сир Оливер у телефонска говорница, врти број и следи познатото:
"Halo Bing, kako brat?"

Уште многу одамна се прашував дали он прашува за братот на Бинг како е, или му се обраќа лично на Бинг, нарекувајќи го брат и прашувајќи го него лично, како е?
 
Дали жените што го зимаат презимето од мажот и намерно им завршува на ов/овски се чуствуваат помоќно? Премногу руска литература во средно, американизирање или многу гледале "Гордоста на Раткаеви" ?
 
Дали жените што го зимаат презимето од мажот и намерно им завршува на ов/овски се чуствуваат помоќно? Премногу руска литература во средно, американизирање или многу гледале "Гордоста на Раткаеви" ?
Тоа се случува со тие што се во странство, таму го склучиле бракот или намераваат да идат.
Таму (вклучувајќи ги и Србија, Хрватска...) нема разлики во исто презиме помеѓу сопружниците, како што тоа е случај кај нас, Бугарија, Русија...
Нема у Австралија, да речеме, разбирање за тоа како мажот е -овски, а жената -овска. Никој неќе таму да се заебава со додатни бирократски процедури.
 
Сакам да знам...дали некој тука има добри рецепти за ликер од линцура?
 
дечки, имам еден проблем, по цел ден висам пред лаптоп, поточно, по цел ден гледам видеа на јутјуб, од сабајле до вечер, како да го решам овој проблем? мислам дека не е толку едноставен проблем, има нешто до психата тука.
И јас го имам истиот проблем. Мислам дека во никој случај денот не треба да се започне со youtube или социјална мрежа. Планирам да си префрлам картицата од мобилниот во некој чипичан(не-смарт) телефон и да апстинирам 10тина дена за да се вратам у нормала.
 
10 дена се немав пуштено тука, фејс, твитер, инстаграм... многу поубаво ми е, сега се пуштив колку да проверам што има и планирам пак 10 дена да ме нема :) инаку, тоа со телефонот е најпаметна работа, веќе некое време разгледувам обични телефони, само музика да можам да слушам.
 
Пред 2-3 години прочитав многу паметна мисла "Не е проблем да живееш без социјални мрежи, проблем е да живееш со луѓе кои не можат без социјални мрежи".
 
Да прашам нешто ке сум многу БЛАГОДАРЕН доколку ми помогне некој, да не должам ке одам одма на главното
-Комшијата мој реди секоја година вино во подрум и јас си пијам си точам, ама лани виното имаше мирис ја јаца но пак го пиев... Еве годинава стаде пак вино и годинава ја има истата специфична миризба, ...Зошто е тоа, дали е лошо , дали е штето, ме интересира само дали можам да си продолжам си пиење :):):):) А ВИНОТО ВКУСОТ ОДЛИЧЕН само миризбата е иста.... не ми замерувајте на прашањево не редам јас вино за да знам , само го пијам:LOL::sneaky::D:cool::cool::P:P:P
Хахахахаха ке си цитирам свој пост оф 2015. Го изнабарав и се изнасмеав на постов.
Еве сеа е 2020 година и истото вино од истиот комшија кое го пијам со години е ПЕРФЕКТНО. Подобро домашно немам пробано,одлично пивко истовремено благо и вкусно .
 
Иде сир Оливер у телефонска говорница, врти број и следи познатото:
"Halo Bing, kako brat?"

Уште многу одамна се прашував дали он прашува за братот на Бинг како е, или му се обраќа лично на Бинг, нарекувајќи го брат и прашувајќи го него лично, како е?
Немав поим, ѕирнав - го најдов ова:

sir-oliver.jpg

Ќе да е братот на Бинг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom