Која е разликата од едниот и другиот Павле?
Само сакав да посочам дека вториов по се изгледа под дејство на опијати гласаше за промена на името и уставните измени, првиот можеби не зема такви стимуланси ама изгледа не му ни требаат за да бара промена на името Македонија!
Најдобро ќе ја видиш цензурата кога самиот ќе бидеш изложен на истата, еве на форумов почни да пласираш поинакви ставови и ќе видиш што е цензура и дали ја има (прво членови ќе ти се нафрлат а потоа и администрацијата). Дека има цензура кон Бачев е повеќе од јасно, дури и Канал5 излезе со соопштение дека му се забранува да настапува во емисии, а со што се солидаризираа и другите како Сител, Телма, 24..... ако ги следиш сигурно ти е ова познато.
Интернет е добра алатка ама за популација до 30 год. оние повозрасните се неписмени за тој нов облик на размена и пристап до информации. (можеби грешам можеби и помладите не се до толку писмени, но немаат страв од новите технологии кои им се составен дел од секојдневието)
Апасиев се наметна како одличен правник а лош политикант, веќе еднаш напишав да не се повторувам, неговата поддршка за Силјановска е очекувана па тој беше еден од учесниците на куртон-револуцијата, би било глупо човек од него да очекува работите да ги гледа во подолги временски рамки, тој само што самиот не признал дека Црпе го изиграл. Човек кој е изигран од Црпе не заслужува доверба, барем не кога се работи за државни работи.
Исто како и медиумските пресстутутки и ти се обидуваш да ги дисквалифицираш потенцијалните движења-партии и лидери, дека не се моќни итн итн... при тоа намерно се избегнува да се говори за принципи во политика, платформа и програмски определби кај тие нови лица туку се напаѓаат ад-хоминем (се заборава дека на Груки и денес не му оди со буквата Р или на Црпе кој е црпант на бел ден и неговата слика за месија -значи кандидат за пациент на некоја умоболница) дека сите јавни личности се наметнати преку медиумска пропаганда, ... или примерот со Касица-Прасица, една реченица јадната не можеше да состави ама медиумите си тераа и ја направија Анѓел на рекет, инаку токму заради нивниот Македонизам сите овие вонпарламентарни движења-партии и... се предмет на цензура демонизирање!
(Најболното е што додека го правиш тоа мислиш дека е тоа твое мислење и став, дека самиот имаш слободна волја да носиш одлуки и одлучуваш, а всушност си само уште еден добро програмиран....!)
И уште еднаш ќе повторам затоа што го одземаш контекстот а тој е многу важен да не речам пресуден.
Наредните избори ќе се сведат на “борба“ помеѓу Македонците и Северџаните!
Вакви предизвици до сега немало во минатите избори па не може да се повлекува аналогија.
П.С.
Ова, ““““апсолутно никоја партија не беше против промената на името на референдумот, сите овие си бојкотираа“““ не ти требаше, ме ставаш на мисла дали знаеш што пишуваш?
Ако не си знаел БОЈКОТ значи ПРОТИВ!