Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Еве го се јави пред 3 минути
Навистина се јави!

Гледам форумските зналци (програмери и друштво) турбо се вклучија во прогнози како ќе се одвиват работите :pos:
Бидејќи во главно се работи за демократски атлантисти очекувам да излезат со јавен повик до СДСс+ДПсНЕ веднага да изгласаат ратификација за прием во ОТАН како би можеле токму тие да бидат во првите редови и на тој начин допринесат за ширење на демоНкратијата!

Впечатливо е дека на курсевите на ОТАН само им продавале муда за бубрези па така не можеа да видат дека Светот од 2013/14 се видоизмени настанаа тектонски поместувања во рамнотежата на силите, се јавија нови сили кои бараат поинаков Свет.

Читам таму некои си прават филмови... во стилот ако Иран го нападне Израел тогаш леле мори мајко... ќе го избришат Иран од картата , а тоа што нема причина Иран да го нападне Израел не го земаат во обзир... зошто Иран би го нападнал Израел само тие знаат!
Ако не се вклучи Турција ќе има неколку бам-бум и потоа ќе си седнат на зелена маса па се ќе деескалира, ама ако ја вовлечат и Турција е тогаш тешко на Греките :icon_lol:
 
Талески: Иран да размисли кога го напаѓа стратешкиот партнер на С. Македонија

Воопшто не е добро кога се напаѓа најважниот стратешки сојузник на С. Maкедонија, САД. Нападот врз воени бази на САД со можни жртви е напад врз САД, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на во НАТО.
Тоа повлекува вклучување на членот 5 од Вашингтонскиот договор, кој што вели „еден за сите, сите за еден“, односно ако една членка на НАТО е нападната – нападнати се сите.

Февруари 2020 - 100 км од Техеран.

Прегледај го приврзокот 227899

Не е ни чудо што сабајлево Иран го стресе земјотрес од 4.9 магнитуда, после ваква закана на Талески добро е што толку лесно поминале...
 
Без многу растегање ластици, ситуацијата моментално е хаотична.
 
Во право време влагаме во НАТО.
Со непробојните чизми на Рада за испитуење на терен против мини, и пилотите од арачиново нека му ја мислат Иранцине :нинџ:
 
Нато пред 2 дена почнаа да си одат од ирак
 
Добро е, во домет сме, слободно нека не гаѓаат !!!
282023-dane-leta-kon-teheran.jpg
 
Дали е ова прв напад врз американски воени бази од страна на една држава после Перл Харбор?
Добро прашање е ова... Мислам дека Садам имаше напади со Скад ракети на околните држави за време на Кувајтската авантура, но незнам дали погоди воена база, мислам дека беа цивилни цели.

Мислам дека е прв после Перл Харбор, ама не сум сигурен...
Автоматски споено мислење:

Добро е, во домет сме, слободно нека не гаѓаат !!!
282023-dane-leta-kon-teheran.jpg
Па може да применат тактика, ако неможеш по коњот удри по самарот :)
 
Кој драма queens сте, на домет сме биле :icon_lol: Ми се чини дека нападот е доволен за деескалација, покажаа двете земји мускули за домашна јавност и ќе си продолжат со прокси војните.
 
Ако падне Иран, автоматски паѓа и Сирија, паѓаат Хезболах и моќните Шиитски милиции кои имаат 150К добро истренирани луѓе под оружје во регионот, а без нив, колку и да има подршка Асад од Русија, нема да може да се задржи на власт... Добро е за Иран што, што и да се случи, нема да биде тоа преку ноќ... Но секако нивните можности за оправање далеку ќе се намалуваат. Ако не е спремен Иран за долга војна, не требало ни да почнува ништо...

Јас мислам дека Иран ја стави во тесно и Русија. Сега, како што вика еден мој клиент ќе се трча маратон...

Иначе што се однесува до ситуација на блискиот исток... Своето влијание на БИ го изгуби онаа администрација што го инсталираше ИСИС и Ал Багдади како партнер на Америка. Трамп во случајов само ги наследи проблемите таму...
Па дефинитивно ситауцијата би изгледала многу поинаква од сега доколку Иран падне. Дологорочно ризикот за режимот на Асад само ќе расте. Меѓутоа, Русија држи прилично добри карти во моментов, што можат да ги искористат за спогодување во насока на опстанок на Асад и контрола на стратешки битните делови од Сирија. Откако самопрогласениот генијалец им ги даде и сириските Курди и Sdf во рака без испукан куршум, моментално имаат скоро комплетна политичка контрола на теренот.
Во секој случај, фокусот на штитењето на нивниот влог во режимот на Асад е многу поразумна опција од впуштање во опасни, несигурни и непредвидливи авантури со trigger-happy лидерите на Иран, против светска сипер сила. Единствен природен сојузник за Русија во тој регион во моментов е Сирија на Асад, не е Иран. Иран и историски и во иднина е природен конкурент на Русија во битката за влијание и контрола на стратешки битни делови од цел тој регион. Во моментов само ги обединува заеднички интерес, чија мета е САД. Дури и Израел е многу подобар потенцијален сојузник за нив, отколку Иран, доколку некоја идна американска администрација одлучи дека и најголемиот сојзник на БИ им е вишок.

Никоја администрација на САД не го инсталирала ИСИС како партнер на САД, да не ја пишуваме историјата одново. :) Надворешната политика на Обама кон блиски исток беше прилично лоша. Од наглото повлекување од Ирак, континуираната подршка за ал-Малики, неодлучноста и немањето стратегија во граѓанската војна со Сирија, што овозможи теренот да го преземат сунитски исламисти, Арапската пролет и сл.
Меѓутоа, политиката на оваа администрација е комплетно фијаско. Повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран без јасна цел и стратегија за понатаму. Што е целта? Преговори за нов договор, пацификација, воен напад и смена на режимот? Предавство и фрлање во вода на единствениот сојузник на терен во Сирија - сириските Курди, без некаков видлив бенефит. Антагонизација на Ердоган во јавноста, а носење на одлуки во негов интерес, со што ни го задржува како сојзник ни го ограничува како конкурент. Повлекување или немање стратегија за односите со некои стратешки битни земји од регионот. Зголемување на военото присуство и покрај најавите за спротивното во текот на кампањата. Несмасни одлуки како онаа за Ерусалим. Сам ја маргинализира улогата на САД во овој дел од светот. Ако и сега наведне глава и почне да ја фарба домашната јавност дека победил, регионот ќе го гледа САД како набилдан боксер во дискотека кој се заканува на сите, а никој не знае зошто искочил и што воопшто бара таму.
И не е само на блиски исток, целокупната надворешна политика им е катастрофа. Од трговската војна со Кина, заканите за воведување на тарифи за извозот на европските партнери, нарушување на односите со секој традиционален сојузник, трансакционата политика која ја води со цел свет.

Иначе, патетично е како некои либерални гласноговорници реагираат на целиов настан. Пробуваат да истолкуваат намера за деескалација од лансирање на ракети кон американска војска, и додека Хамнеи најавува дека ова е само почеток. Јасно е дека ова е игра на кој ќе трепне прв. Ако тоа е Америка и нема реакција од нивна страна, никој веќе нема да ги сфаќа сериозно во тој регион.
 
Добро е, во домет сме, слободно нека не гаѓаат !!!
282023-dane-leta-kon-teheran.jpg
Eве доjде моментот веке персиjците да си вратат за окупацациja на македонците :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Па може да применат тактика, ако неможеш по коњот удри по самарот :)
Иран имат многу други цели во Близкиот изток преди да доjдат да стрелат ракети ком Балканот,а и да го направат се пак НАТО инвестира во ПРО точно за тази цел. Наjблиски лансери са ти корабите во Средиземно море и стационираните во Романиja ракети SM-3.

NATO-antimissile.map_.jpg
 
Последно уредено:
Јасно е дека ова е игра на кој ќе трепне прв. Ако тоа е Америка и нема реакција од нивна страна, никој веќе нема да ги сфаќа сериозно во тој регион.
Како мислиш нема никој да ги сваќа сериозно? Се дур имаат толкава воена моќ, ништо нема да се смени. И да не вратат ништо (а ќе вратеа до сеа ако сакаа) сигурно нема од утре други земји базите да им ги гаѓаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom