Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
за НДМ до неодамна речиси воопшто не се пишуваше, за разлика од од НДХ, едно што практично и не профункционира како држава, а друго самата Блгарија порано се срамеше од своето фашистичко минато... а инаку уште во Кралевина СХС имаше врски меѓу Мусолини - усташите и националистички елементи од Блгарија и тогаш Вардарска Бановина, како Черноземски и слични..
б.т.в., имаше обид за формирање на македонска држава и 1941/42, ама во Грција, во Пиндскиот регион, Големото Војводство Македонија кое е уништено од самиот Гестапо, есента 1943 по капитулација на Италија


Нашите најголеми борци за слобода, коишто иделе против Српска, Бугарска, Турска сила се ВМРО. Тие се и оние коишто се бореле за нашата нација да опстои како МАКЕДОНЦИ а не како блгари или срби. Е баш тие биле пријатели и наклонети кој Мусолини. Да не заборавиме дека тогашното ВМРО се борело за Независна Македонија. Огромен дел од сегашнава територија и добар дел од Западна Бугарија била под нивна контрола. ВМРО ги имало едни од најефикасните Атентатори, познати по тоа Македонско Пукање и Тројка систем (на ликвидации).

Во кратки црти - Не треба од ништо да се срамиме. Што е тоа е, историјата е таква. ДА победеле Фашистите тогаш не верувам дека балканот вака ќе изгледал. А и сигурно дека Македонија немаше да биде само 200 км од граница до граница. (Добро знам дека не се само 200 км океј е). Таква ни била среќата. А цела таа комунистичка Екс Ју пропаганда што била тука за време на Југославија многу работи ни ги има загушено, сменето... Како што и одговарало на КПЈ. Сепак, Голи Оток бил едно од најпопуларните туристички места нели :)
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.896
Вечна им слава.
Не го спомнувај Кочо,тие кои ги воздигнувате по темите за југоносталгија го убија,зошто знаеле дека понатаму нема да се согласува со многу работи.
Вечна му слава на Ченто,кои го разболевте и убивавте секој ден скоро 10 години.
Не само Ченто и Рацин туку и Шатев Брашнаров,Пирузе и многу други.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
Се додека не ја научиме лекцијата од минатото,никогаш нема да биде подобро за нас како Македонци.Истите грешки ги правиме од минатото.Не само историски гледано туку и во секојдневниот живот.Имав прилика да работам со Македонци надвор од Македонија еве и сега ја имам истата прилика.Се е до менталитетот и кај повеќето е таков за жал.

Како одминува времето ми станува јасно зошто и пред 100,200години не сме направиле држава и не сме успеале да се ослободиме или пак да изнудиме слобода.Зошто пред 70 години сме биле задоволни со тоа што сме го добиле од Белград и сме се радувале како да имаме стандард на просечен жител во Калифорнија.

Никогаш сме ја немале таа свест на самопочит и висока вредност,а ако го додаме и распинаиот менталитет на кодошење и плус како шлаг на тортата големата незаинтересираност на огромниот дел од населението за дејствување за било што,дали да било тоа земање пушка и одење во планина пред 150 години,дали да било тоа сега организирање на граѓански протести против некои работи кои ни се случија последниве 30 години,работи кои ни ја уништија државата.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас сум навивач на Вардар и член на Комити од моето детство. Сум изгледал над 500-600 натпревари од навивачка трибина и за Вардар живот би дал. Да не ме револтираа сооштенијата на поединци од групата, немаше ни да давам свое мислење. Од љубовта кон Вардар јас не сум ја напуштил трибината, но за разлика од мене, скоро сите разумни и повозрасни членови одамна не се дел од западот, затоа што не се согласуваат со оние кои без консултација со другите си ја водат групата. Нивна работа, нивно е да си имаат свој став, лошо е што ги убедуваат другите и направија страната да личи на страна на политичка партија. Јас политика не поддржувам и сакам на трибина да нема мешање на политика. Досега сум гласал само ПРОТИВ и неколку пати ЗА одредени политички партии кои во младоста сум бил во заблуда и сум мислел дека се десници :D На трибина одам само поради Вардар и екипата со која си имаме убава дружба. Да ме знаеш добро ќе знаеш колку ги обожавам српските групи и како скандирам на сите дуели со српски екипи и нивната репрезентација :icon_mrgr: Секогаш анти Србија, секогаш анти Ѓоковиќ :D Во пракса никогаш не навивам за Србите или Хрватите во ниту еден спорт.

Ако убаво го прочиташ мојот пост ќе видиш дека јас константно говорам за ГОЛЕМЦИТЕ и нивните идеали, а не за луѓето кои биле дел од групите. Борците на фронтот се вистинските херои.Тие луѓе што свесно оделе да загинат во битките се вистински јунаци и љубители на слободната Македонија. Јас се гордеам со Комитите како дел од македонската историја и првоформираното вмро било со многу почисти идеали отколку оние кои ги наследиле. Но, за сите ГОЛЕМЦИ кои настапиле по Илинденското востание, не можам да тврдам ништо. Сите биле матни ликови и не можам да кажам дека целосно се залагале за Македонија. Историјата вика дека биле неспособни да издвојуваат независност на ова парче земја, не биле координирани, НЕСОМНЕНО биле блиски до бугарскиот и спрскиот двор итн.

Се' што напишав за периодот по втората светска војна, стојам зад кажаното.
Без разлика што не ги сакам Србите и Хрватите, целта на постот ми беше дека животот во таа заедница бил далеку поубав од сегашноста и Македонија во рамките на Југославија некако била многу понезависна отколку откако сме станале независни на хартија. Од српски двор, се префрливме на американска марионета.

Уште нешто заборавив да споменам во претходниот пост.
Да знае генералот Апостолски какви ликови се сомневаат во неговиот придонес за денешна Македонија, пет пати во гроб ќе се преврти.
Верувам дека е така, секоја чест на посветеноста. Иако јас плукам по југокомуњари поради креирање на лажни вредности и основа во оваа држава денес, јас не мразам ниту Срби, ниту Хрвати, ниту мислам дека е нормално да го прави било кој човек за настани кои се случувале пред век или повеќе.

Во однос на ликовите од историското ВМРО дали биле способни или неспособни, има еден куп полковници и генерали кои од тоа ВМРО преминале во балканските и прва светска војна и успешно им се спротивставувале и на англичани, французи, срби и грци. Не би навлегувал во тие области пошто темава не е во историја подфорумот. Само моја сугестија уште еднаш да прочиташ што тие комити правеле и за што се бореле кога веќе си дел од навивачката група комити. Голем дел од нив имаат оставено и мемоари во коi ја опишуваат нивната борба.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
Гледам дека се плука по ликот и делото на Колишевски.и сл. а се воздигнува другиот табор ,мислам дека и тие и тие биле мангупи ,и така било како што било .д победеа Бугарите фашистите да не речам кои беа со ВМРО . па обратно ќе беше комунисти ќе беа затворани што и така беше ,да оставиме историјата настрана, Оти некој например не напрај панихида на Колишевски само кај Богдановски и сл војводи прат прат ,и Колишевски си има свои приврзанци како и другите .
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.607
Поени од реакции
5.325
Глупост над глупостите, слично како и цела оваа бугаризација и анти-југословенска пропаганда која се води од некои про-бугарски здруженија и за жал, од страна на неколку фаци од мојата навивачка група, кои по се изгледа имаат замаено многу млади мозоци кои немаат познавање ниту од војната во 2001 (затоа што имале 1-2 години), а камо ли од работи кои се случувале многу пред да се родат.
Жално што дел од овие здруженија беа членови на форумов на времето и сме минувале низ разни дискусии. Со оглед на тоа што ги познавам голем дел од нив, не знам како пред неколку години сосема случајно ИМ СЕ ЈАВИЈА ОВИЕ ВЕРУВАЊА и ПРЕКУ НОЌ СТАНАА „СВЕСНИ“ за работите.
Свесно или несвесно работат за татарската пропаганда.

Убаво го објаснија случајот погоре, нема да се повторувам.

Фактите се следни и никој не може да ги побие.
Не сме успеале самите да се избориме за своја држава. Причината не можам да ја знам, но со оглед на тоа какви луѓе дозволивме да ни ја водат државата по осамосотојување, мислам дека можам да претпоставам дека алчноста на народот била вековен проблем. Убаво викаше еден другар, ние немаме никаква борба во минатото за која можеме да се пофалиме дека сме излегле како победници. Се гордееме со востанија кои како што би рекол тој, настанале откако ќе се начукал некој и ќе кренел пушка, додека не дознаеле турците и не го патосирале за неколку денови (онолку денови колку им биле потребни да дојдат до селцето). Постојано биле подложни на влијание од комшиите, штом толку години не можеле да настапат здружено низ цела територија на државата, тогаш веројатно и не им била главната идеологија да видат Обединета Македонија. Знам дека во Отоманското царство состојбата ни била катастрофална, но реалноста ни е дека и многу години претходно ние сме немале своја држава и сето тоа довело да тешко издвојуваме победа самите. Сме дозволиле други да не ослободат, што си донело огромни последици понатаму. Требало стратешки да играме подобро, не ми е јасно како секоја „стратешка битка“ ја имаме изгубено, до ден денешен. Факт е дека сите комшии се имале намерачено на Македонија и дека голем дел од овие кои ги воспеваме веројатно седеле на две столчиња. Јас имам почит само за Гоце Делчев, за другите не можам ништо да тврдам со сигурност, особено не за оние кои се воздигнаа минативе години, фаци како Александров и Михајлов. Преку ноќ се дигна пропаганда дека намерно комунистите ги правеле „бугараши“, не е дека историјата вика дека биле поголеми Бугари од самите Бугари (особено вториот). Се восхитувам на истрајноста на народот што толку години успеал да ја одржи културата, да живее еден мазохистички живот без да се предаде на окупаторот. Но, луѓето кои ги воделе стратешките војни, неретко биле со „заматени“ идеали.
Она што нам ни е поблиску се настаните од втората светска војна, а факт е дека партизанското движење заслужува многу поголема почит од она што го добива во моментов. Трагично е што тие луѓе се навредувани од младите кои сега се поставуваат како десница во државава, на сметка на ликови кои биле отпадоци од Бугарската фашистичка пропаганда. Трагично е што овие движење се идентификуваат со сегашната партија СДС, која нема допирна точка со нив. За политички поени, со финансиски инјекции од страна, некои пробуваат да ја извртат историјата. Уште поинтересно е дека и СДС кои ги идентификуваат со комунистичкото движење, ја ебаа логиката и се приврзаа на „новонапишаната страна на историјата“. Бугарите биле фашисти и тоа е непобитен факт. Бугарите убивале македонци, затоа што сме биле противници во војната. И така се чувствувало МНОЗИНСТВОТО од населението. Факт е дека ако не постоел Тито, немало да постои ниту Македонија. Кој што сака нека збори, следејќи ја истрајноста и „успесите“ од минатото, ако не бил Тито, веројатно ќе бевме дел од Србија и никогаш немаше да се избориме за независност. Ние не можеме да се справиме со 20%-тните во нашата држава, не па на Југославија ќе сме се спротиставеле. И добиената независност на начинот на кој сме ја добиле е вистинска умешност. Ни подариле независност, а ние со нашите политики ќе придонесеме да ја снема државата.
Во овие битки учестувале Македонци, за прв пат Македонците рамноправно се бореле на победничката страна. Можеби не сме ја ослободиле цела Југославија, ама сме имале значајни моменти како требењето на Балистите кои правеле масакр низ реканскиот дел, бркањето на татарскиот окупатор и слично.
Уште потрагично е дека некој мисли дека Југославија била во состојба да и се спротистави на Америка и Британија кои биле наклонети кон Грчките „демократи“ и кои се директни виновници за она што е направено врз Македонците од Егејот. Македонците од овој дел се приклучиле на комунистичкото движење и биле протерани како политички поразена страна.
Трагично е што нашата власт се откажа од македонците од овој дел, што го негираше геноцидот кој се случил по втората светска војна. Трагично е што ниту една власт досега не собра муда јавно да побара прошка од Грција за овој геноцид и да побара извинување и признавање на она што го направиле.

Едно нешто треба да ви биде јасно. За да опстои Југославија, каква што била во тие години, сите неистомисленици биле политички елиминирани на суров начин, нешто што го има и во сегашноста, само прикриено на поинаков начин. Голем дел од нив имале идеи водени од интересите на други држави, а некој сака да го прикаже тоа на поинаков начин. Реалноста која сите ние ја знаеме од нашите роднини од кои имаме ЖИВИ ДОКАЗИ е дека на луѓето во тој систем им било убаво и немале ни потреба за ширење на идеи за суверени држави. Никаде не им било забрането да зборуваат и учат на Македонски, никаде немале забрана да се декларираат како Македонци, така што тоа остава простор за сомнеж за „идеалите“ на оние кои наводно биле „затворани затоа што биле Македонци“. Да, кодоши имало, такви подлизурковци се секогаш на власт, но луѓе биле елиминирани само ако преставувале закана за партијата. Нормално, јас ваков начин на владеење на оправдувам, не може луѓето да немаат право да си искажат мислење, но како што гледаме ниту во сегашноста не сме се промениле. Но, ме нервира начинот на кој се извртува причината за тогашните политички убиства. Сите анкети кажуваат дека огромен процент од луѓето би се вратиле да живеат во заедничка држава. Секоја држава си имала своја незавиност во рамките на Југославија, со тоа што како главен центар, предност им се давала на Србија. Државата опстојувала од стравопочит кон Тито, едвај чекале да скине конци за да се изигра на картата национализам меѓу народите (се' уште тлеела омразата, затоа што во минатото голем дел од народите биле на спротивна страна во војните) и да се растури Југославија, за некои да ќарат во својот џеб и буквално маме да им ебат на сите држави, со исклучок на Словенија која секогаш се разликувала по менталитетот на луѓето. Којзнае колкав е бројот на оние кои се каат за тоа што го направиле по смртта на Тито.

Никој не ни мислел добро никогаш, но факт е дека Македонецот видел многу повеќе ќар од Тито, отколку од оние чија пропаганда се форсира сега.
Јас знам дека голем дел од дечкиве што го тераат овој филм имаат чисти намери, но дел од нив ти се модерните Михајловисти, а другите се недоволно образовани да знаат каков став застапуваат.
Чекај ти ова сериозно го мислиш или се мајтапиш?
(не се однесува за тутабугарските тролови кои имаат и своја партија, туку за останатото)

Имаш толку произволни конструкции да станува смешно да се чита:
Од твоево произлегува дека на Македонците некој им подарил држава или како што велиш Тито :yid:
И потоа замераш кога разноразни тутурутки велат дека Македонците биле творба на Тито, или се сложуваш, што ли е???

Факт е дека ако не постоел Тито, немало да постои ниту Македонија.
Што човек да одговори на ваква будалаштина а да не биде нападната од сите врховисти.
ФАКТ е дека постојат Македонци кои со големи напори најпосле успеале да создадат своја држава Македонија!!!
Тито кој бил одличен политичар (доволен е фактот што успеал да создаде едно движење Неврзаните или ако не го создал бил негова икона) само го прифатил тој факт и не се спротивставил, ама сигурно не создавл Македонија и Македонци, барем тоа би требало да биде јасно!

Болно е што по толку векови успеавме како Македонци да создадеме своја држава, која во рамките на федерацијата СФРЈ слободно го развиваше својот Македонизам, и кога успеавме и имавме единствена прилика Македонија да стане меѓународнен субјект (ја испуштивме) дојдоа болни хоштаплери и криминалци и ни ја уништија. Народот даде шанса секому и тоа повеќе пати, те на едните те на другите, а тие да ти биле исти квислинг до квислинг, не знаеш кој поголем изрод, најмалку народот е виновен ама нема да да ја обвиниме елитата таа е безгрешна и од бога дадена...

И не не никогаш до '90-тите Македонците-власта не негирала геноцид можеби недоволно го истакнувала тој факт, ама не го негирала, по '90-тите сосема поинаква ситуација е, овие не само што негираат геноцид врз Македонците ами и ги избришаа од регистарот на народи...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.867
Поени од реакции
17.104
Нашите најголеми борци за слобода, коишто иделе против Српска, Бугарска, Турска сила се ВМРО. Тие се и оние коишто се бореле за нашата нација да опстои како МАКЕДОНЦИ а не како блгари или срби. Е баш тие биле пријатели и наклонети кој Мусолини. Да не заборавиме дека тогашното ВМРО се борело за Независна Македонија. Огромен дел од сегашнава територија и добар дел од Западна Бугарија била под нивна контрола. ВМРО ги имало едни од најефикасните Атентатори, познати по тоа Македонско Пукање и Тројка систем (на ликвидации).

Во кратки црти - Не треба од ништо да се срамиме. Што е тоа е, историјата е таква. ДА победеле Фашистите тогаш не верувам дека балканот вака ќе изгледал. А и сигурно дека Македонија немаше да биде само 200 км од граница до граница. (Добро знам дека не се само 200 км океј е). Таква ни била среќата. А цела таа комунистичка Екс Ју пропаганда што била тука за време на Југославија многу работи ни ги има загушено, сменето... Како што и одговарало на КПЈ. Сепак, Голи Оток бил едно од најпопуларните туристички места нели :)
не е проблем што биле со Мусолини за време на СХС, но немало потреба 1944, кога веќе Италија капитулира, посебно не поврзување со блгарските фашистишки остатоци...
Инаку и настанувањето на злогласните усташи, уште мислам 1922, имало корен во угнетувањето на хрватите од страна на централната српска власт која имала доминација во офицерски кадар во армијата и во управната власт ... на крај српската хегемонија заврши и со отцепување на Црна Гора, но нашата голгота сега е сврзана со грчкото негирање и блгарските аспирации...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Вечна им слава.
Не го спомнувај Кочо,тие кои ги воздигнувате по темите за југоносталгија го убија,зошто знаеле дека понатаму нема да се согласува со многу работи.
Вечна му слава на Ченто,кои го разболевте и убивавте секој ден скоро 10 години.
Кочо Рацин е убиен од страна на Мино Миновски.
Земи некое книгулче и згреј столчето.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
Кочо Рацин е убиен од страна на Мино Миновски.
Земи некое книгулче и згреј столчето.
Не ме цитирај бе гледаш дека од сите кои ме цитирале од прееска само тебе не ти одговорив.

Заобиколи ме,не сум тука да убедувам некој фанатик како тебе што било и како било.
Да веруваш во таа приказна треба да си идиот.
Страшно е што и после толку години
сеуште народот се учи на такви невистини.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Шатев Брашнаров,Пирузе и многу други.
Сите се комунисти кои се апсени поради подршка на резолуцијата на информбирото, не ради обединети Македонии или ради тоа што биле македонци. Значи за разлики во самата идеологија, кои прифаќањето на таа резолуција може да има далеку по опасни импликации т.е. види како се живеело во Бугарија или источниот блок.

Не ме цитирај бе гледаш дека од сите кои ме цитирале од прееска само тебе не ти одговорив.

Заобиколи ме,не сум тука да убедувам некој фанатик како тебе што било и како било.
Да веруваш во таа приказна треба да си идиот.
Страшно е што и после толку години
сеуште народот се учи на такви невистини.
Земи читни некое книгулче.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Да по наредба на Страхил Гигов.
Мино Миновски многу добро го опишува настананот во Писмото до Митре Инадески.
Другите "теории" ти се на ниво рамја земја, древни ванземаљци, вакцини и фреди кругер.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
Да по наредба на Страхил Гигов.
Не бе Страхил Гигов е човекот кој го воздигнал Велес на економско поле,каков Кочо пишуел поезија таму без врска нешто.

Ама ете на крајот и двајацата не се живи сега,Страхил дочекал старост Кочо не ама по нивната смрт делото на Кочо останува вечно а оние кои го славеле Страхил како голем човек,нивните деца се разболеа од проклетата Топилница која ја отворил во Велес на негово барање.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.029
Сите се комунисти кои се апсени поради подршка на резолуцијата на информбирото, не ради обединети Македонии или ради тоа што биле македонци. Значи за разлики во самата идеологија, кои прифаќањето на таа резолуција може да има далеку по опасни импликации т.е. види како се живеело во Бугарија или источниот блок.


Земи читни некое книгулче.
Имале идеали и се држеле до нив и за тоа секоја им чест.Не знаеле каков ќе биде животот ако СССР влеголв и овде но биле искрени кон своите убедувања за разлика од оние како Лазо,Страхил итн кои се шитнале уште одма.

Ако си веќе навистина комунист подобео би било да ги славиш тие ликови а не од петни жили да ги браниш овие.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom