Глупост над глупостите, слично како и цела оваа бугаризација и анти-југословенска пропаганда која се води од некои про-бугарски здруженија и за жал, од страна на неколку фаци од мојата навивачка група, кои по се изгледа имаат замаено многу млади мозоци кои немаат познавање ниту од војната во 2001 (затоа што имале 1-2 години), а камо ли од работи кои се случувале многу пред да се родат.
Жално што дел од овие здруженија беа членови на форумов на времето и сме минувале низ разни дискусии. Со оглед на тоа што ги познавам голем дел од нив, не знам како пред неколку години сосема случајно ИМ СЕ ЈАВИЈА ОВИЕ ВЕРУВАЊА и ПРЕКУ НОЌ СТАНАА „СВЕСНИ“ за работите.
Свесно или несвесно работат за татарската пропаганда.
Убаво го објаснија случајот погоре, нема да се повторувам.
Фактите се следни и никој не може да ги побие.
Не сме успеале самите да се избориме за своја држава. Причината не можам да ја знам, но со оглед на тоа какви луѓе дозволивме да ни ја водат државата по осамосотојување, мислам дека можам да претпоставам дека алчноста на народот била вековен проблем. Убаво викаше еден другар, ние немаме никаква борба во минатото за која можеме да се пофалиме дека сме излегле како победници. Се гордееме со востанија кои како што би рекол тој, настанале откако ќе се начукал некој и ќе кренел пушка, додека не дознаеле турците и не го патосирале за неколку денови (онолку денови колку им биле потребни да дојдат до селцето). Постојано биле подложни на влијание од комшиите, штом толку години не можеле да настапат здружено низ цела територија на државата, тогаш веројатно и не им била главната идеологија да видат Обединета Македонија. Знам дека во Отоманското царство состојбата ни била катастрофална, но реалноста ни е дека и многу години претходно ние сме немале своја држава и сето тоа довело да тешко издвојуваме победа самите. Сме дозволиле други да не ослободат, што си донело огромни последици понатаму. Требало стратешки да играме подобро, не ми е јасно како секоја „стратешка битка“ ја имаме изгубено, до ден денешен. Факт е дека сите комшии се имале намерачено на Македонија и дека голем дел од овие кои ги воспеваме веројатно седеле на две столчиња. Јас имам почит само за Гоце Делчев, за другите не можам ништо да тврдам со сигурност, особено не за оние кои се воздигнаа минативе години, фаци како Александров и Михајлов. Преку ноќ се дигна пропаганда дека намерно комунистите ги правеле „бугараши“, не е дека историјата вика дека биле поголеми Бугари од самите Бугари (особено вториот). Се восхитувам на истрајноста на народот што толку години успеал да ја одржи културата, да живее еден мазохистички живот без да се предаде на окупаторот. Но, луѓето кои ги воделе стратешките војни, неретко биле со „заматени“ идеали.
Она што нам ни е поблиску се настаните од втората светска војна, а факт е дека партизанското движење заслужува многу поголема почит од она што го добива во моментов. Трагично е што тие луѓе се навредувани од младите кои сега се поставуваат како десница во државава, на сметка на ликови кои биле отпадоци од Бугарската фашистичка пропаганда. Трагично е што овие движење се идентификуваат со сегашната партија СДС, која нема допирна точка со нив. За политички поени, со финансиски инјекции од страна, некои пробуваат да ја извртат историјата. Уште поинтересно е дека и СДС кои ги идентификуваат со комунистичкото движење, ја ебаа логиката и се приврзаа на „новонапишаната страна на историјата“. Бугарите биле фашисти и тоа е непобитен факт. Бугарите убивале македонци, затоа што сме биле противници во војната. И така се чувствувало МНОЗИНСТВОТО од населението. Факт е дека ако не постоел Тито, немало да постои ниту Македонија. Кој што сака нека збори, следејќи ја истрајноста и „успесите“ од минатото, ако не бил Тито, веројатно ќе бевме дел од Србија и никогаш немаше да се избориме за независност. Ние не можеме да се справиме со 20%-тните во нашата држава, не па на Југославија ќе сме се спротиставеле. И добиената независност на начинот на кој сме ја добиле е вистинска умешност. Ни подариле независност, а ние со нашите политики ќе придонесеме да ја снема државата.
Во овие битки учестувале Македонци, за прв пат Македонците рамноправно се бореле на победничката страна. Можеби не сме ја ослободиле цела Југославија, ама сме имале значајни моменти како требењето на Балистите кои правеле масакр низ реканскиот дел, бркањето на татарскиот окупатор и слично.
Уште потрагично е дека некој мисли дека Југославија била во состојба да и се спротистави на Америка и Британија кои биле наклонети кон Грчките „демократи“ и кои се директни виновници за она што е направено врз Македонците од Егејот. Македонците од овој дел се приклучиле на комунистичкото движење и биле протерани како политички поразена страна.
Трагично е што нашата власт се откажа од македонците од овој дел, што го негираше геноцидот кој се случил по втората светска војна. Трагично е што ниту една власт досега не собра муда јавно да побара прошка од Грција за овој геноцид и да побара извинување и признавање на она што го направиле.
Едно нешто треба да ви биде јасно. За да опстои Југославија, каква што била во тие години, сите неистомисленици биле политички елиминирани на суров начин, нешто што го има и во сегашноста, само прикриено на поинаков начин. Голем дел од нив имале идеи водени од интересите на други држави, а некој сака да го прикаже тоа на поинаков начин. Реалноста која сите ние ја знаеме од нашите роднини од кои имаме ЖИВИ ДОКАЗИ е дека на луѓето во тој систем им било убаво и немале ни потреба за ширење на идеи за суверени држави. Никаде не им било забрането да зборуваат и учат на Македонски, никаде немале забрана да се декларираат како Македонци, така што тоа остава простор за сомнеж за „идеалите“ на оние кои наводно биле „затворани затоа што биле Македонци“. Да, кодоши имало, такви подлизурковци се секогаш на власт, но луѓе биле елиминирани само ако преставувале закана за партијата. Нормално, јас ваков начин на владеење на оправдувам, не може луѓето да немаат право да си искажат мислење, но како што гледаме ниту во сегашноста не сме се промениле. Но, ме нервира начинот на кој се извртува причината за тогашните политички убиства. Сите анкети кажуваат дека огромен процент од луѓето би се вратиле да живеат во заедничка држава. Секоја држава си имала своја незавиност во рамките на Југославија, со тоа што како главен центар, предност им се давала на Србија. Државата опстојувала од стравопочит кон Тито, едвај чекале да скине конци за да се изигра на картата национализам меѓу народите (се' уште тлеела омразата, затоа што во минатото голем дел од народите биле на спротивна страна во војните) и да се растури Југославија, за некои да ќарат во својот џеб и буквално маме да им ебат на сите држави, со исклучок на Словенија која секогаш се разликувала по менталитетот на луѓето. Којзнае колкав е бројот на оние кои се каат за тоа што го направиле по смртта на Тито.
Никој не ни мислел добро никогаш, но факт е дека Македонецот видел многу повеќе ќар од Тито, отколку од оние чија пропаганда се форсира сега.
Јас знам дека голем дел од дечкиве што го тераат овој филм имаат чисти намери, но дел од нив ти се модерните Михајловисти, а другите се недоволно образовани да знаат каков став застапуваат.