Коцкање

  • Креатор на темата Креатор на темата Nightwalker
  • Време на започнување Време на започнување

Коцкањето го гледате како:

  • Забава!

    Гласови: 121 40,6%
  • Извор на пари!

    Гласови: 40 13,4%
  • Не го правам тоа!

    Гласови: 137 46,0%

  • Вкупно гласачи
    298
Другари, ја понудив само опција. Сигурно дека нема да идам во Енрико и да прашувам дали сакаат апарати.. Опцијата е на маса, тие што сакаат ќе си стават, не се форсираат овие понуди.. А како што кажа и @Fredy Guarin, тендерот е веќе добиен.. Ако не сме влегле ние во комбинација, други ќе влезат. А сигурно до сеа не сме веќе сами..
 
ја се коцкам во астра казино исклучиво на апарат слот и тоа строго одредени игри: power stars,american colors,waikiki beach,fruit king itn... :)
 
Ради забава, нормално во Моцарт по 200-300 ден. Досега сум маце во плус, а најинтересни ми се Verasise Gold, Egypt Sky, 5 lines даизинг хот.
Играј одговорно, играј за забава :)
 
Некој храбар нека каже свое искуство со овај порок или некоја дешавка.
Нормално е дека те носи во пропаст и немаш никаков бенефит.. Лето 2018 извадив неколку пати добри пари , лето 2019 изгубив 6 плати со ред.
Најчудна дешавка ми е пред неколку години стадов банкнота од 500 ден. и рулетот сам ги изигра на две бројки при што бев добитен.
Друг чуден пример, другар ми кажуваше пред некоја година истал 230 000 ден на рулет, при што рулетот дал ШЕСТ пати со ред исти број.
Десено ми е исто топчето да се врти на лево при паѓање да застане и да направи цел круг на десно. Нормално ма електронски рулет ова.
Све на све еден од најлошите пороци на кој е заглавена пола младина.
 
Само на црно-црвено се шансите 50-50 све друго е фрлање в бунар.
 
Имам многу постови напишано на оваа тема и на уште една,ако ги најдам ќе ги цитирам оти ме мрзи да пишувам.

Се согласува дека е најлош порок и ако младината у 90 и 00 била заглавена на дрога сега е заглавена на ова.
 
Само на црно-црвено се шансите 50-50 све друго е фрлање в бунар.
Можда на ситно, ма да пак не е сигурна варијанта. Адмирал Охрид имам глеано 14 пати со ред црна боја да дајт, а ти си ограничен поќе од 2000 неможиш да ставиш толку е лимит.
Во Лас Вегас негде била забелржана серија од 32 броја по ред иста боја.
 
како деца во основно игравме покер, во чврги... не виде таткото на другарот и прашуе што праите, другарот му вика ама во чврги играме, е тој ни вели Така се почнува..
како беќар играв на автоматите во Метропол на плоштад понекогаш, ам и тоа е лук и вода... вреди да играш ама во Вегас, тамо паѓаат и големи пари... кај нас и да добиеш ќе се повратиш и после ќе ги ску*цаш сите..
Добро е играње карти со девојката во соблекување, а со сопругата на времето кога патувавме со воз игравме во миење садови кој изгуби :cool:
 
Можда на ситно, ма да пак не е сигурна варијанта. Адмирал Охрид имам глеано 14 пати со ред црна боја да дајт, а ти си ограничен поќе од 2000 неможиш да ставиш толку е лимит.
Во Лас Вегас негде била забелржана серија од 32 броја по ред иста боја.
Јас 20-30 пати ги пратев и забележав серија од 6-7 пати со ред црвено или црно во Охрид а и кога бев на holiday 40 дена во Сиднеј и Мелбурн 2012 го забележав истото ми вртеше еден Новосаџанец и земав околу 3000 долари се насобраја доста кинези околу и го сменија .....отогаш уште еднаш играв на ситно пред 2 год во Барселона,ниту сакам да играм ниту да гледам.
Ова со црно или црвено ми го кажа еден од Охрид шо замина во 70 тите во Сиднеј и имаше неколку такси коли таму и дојде на одмор 1990 и им земаше секоја вечер во Десарет или Метропол не се сеќавам во кое касино,и да не спомињам имиња охридски сега само му се лепеја ко таксени марки и бараа назаем зато шо знаеја дека ќе си одит и враќање парите на Вртолум.
 
Ке ве молам претерано до гуша влегов во долгови очаен сум предлог за психолог битола за лечење зависност?
 
Ке ве молам претерано до гуша влегов во долгови очаен сум предлог за психолог битола за лечење зависност?
Мое лично искуство ти е сам да си се излечиш , психолог помага , ама сам е многу подобро.Најди си нешто да го исполниш адреналинот.Затоа што ако си навлезен многу , тогаш веќе парите не се ни битни , ти треба нешто да го нахраниш адреналинот.
Ти кажува човек што заглавил со комар преку 80 000 евра , на почетокот е многу тешко , како дрога е , нервите ти играат само за да се коцкаш.
5 години заглавив со тоа , на господ бељата ти е комарот , напрај си план , зацртај си нешто у главата и колку и да е тешко не иде таму.Да немаш за леп , да ти стават пиштол на глава , да мрзнеш , пак немој да одиш , само така ке го баталиш.
Со време се лечи , ама да знаеш ке има side-effect.Ке ти се врати како бумеранг све на психа за сите што си ги повредил околу тебе , е за тоа ке си побараш психолог.
Дужев 60 000 евра само под лихва и не ми ја скинаа главата , се извадив од сите срања , само за да имам нормален живот.Сам мораш да си го пронајдеш начинот , не треба други да ти попуваат..
 
@MartinS94
друже иди на психолог, дека немораш да идеш на психолог ти кажува човек што има тетовирано ружа на раката па ти види сега.
 
@MartinS94
До каде е работава со психологот не се коцкаш више ...Се оправи ли... Ти помогна...
Како си помагаш...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom