D
Deleted member 12196
Гостин
Со ова не можам да се согласам. Баш напротив, оваа опција МОРА да постои за да може навреме возачот на автобусот да знае како се протега патот со предност. Извртениот правоаголник од десната страна (од неговата лева) за него е незабележлив додека сосема не се приближи до раскрсницата. Се разбира кај него знакот ќе биде свртен за 180° во однос на оној од спротивната страна. Помошниот знак под знакот СТОП е исправно поставен, а наспроти него треба да биде знак свртен за 180°.Тој знак под свртениот триаголник, не смее да постои( затоа реков дека ова е трики и фиктивна ситуација), не го земај во предвид. Второ, камионот се вклучува од главен пат и додека он дојде во средина на тој пат он има предност. А пошто е веќе на главниот пат, автобусот кој треба да го чека, не може да знае од каков пат се вклучува камионот! Во прилог плус, возачот на автобусот го гледа извртениот правоаголник и знае дека камионот е на пат со предност и дека треба да го пропушти(опцијата со објаснување на протегање на патот со предност кај автобусот НЕ СМЕЕ да постои).
Тука уште и нелогичноста со лесното возило , мериме кој има предност меѓу стоп и знак на спореден правец, жими неце може така!
Така да не се палете на оваа ситуација, ова е фиктивна ситуација со неправилно сообраќајно решение!
Во ваква ситуација сите четири страни мора да бидат означени.