Фан клуб - РК Вардар

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.847
Поени од реакции
10.442
Да не се повторуваме. Џабе плукање по Самс. Пари има, нејќе да дава. Спонзори во спорт има се дур имаат некои "поволности" или барем да не ги рекетираат. Рекет му маваа и на Сиљан Еурофарм, Камчев, Азманов, сигурно и на Самс. Што не пробаат кај Малиќи или Дестани? Ќе ги собираа на делови низ Вардар.

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
за таму си е дуи задолжен


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
за таму си е дуи задолжен


Sent from my iPhone using Tapatalk
х100 им е приходот во споредба со тоа што го плаќаат на ДУИ

Да не го вртиме на политика, јасна е работата.

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.847
Поени од реакции
10.442
х100 им е приходот во споредба со тоа што го плаќаат на ДУИ

Да не го вртиме на политика, јасна е работата.

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
од кај знаеш ти колку плаќаат на дуи или само да биде по твое
јасно е ко ден, Самс неможе веќе да профитира преку разноразни криминали и нема ќар да вложува у Вардар
и јас несум да се меша политика ама за жал ситуацијата е таква да политиката директно игра улога на клубот


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Луѓе, секаде инвестираат за да имаат некаква корист, никој во Англија не се замара од кај им се парите на арапите, русите и сл.
Најголем проблем кај (прво во ФК, после и во РК) Вардар е што кога има пари секогаш се појавуваат некои матни фаци, така да инвестицијата пола оди во Вардар, пола во нивни џебови. Жално е што пропаѓаат такви проекти, на среден/долг рок мора да се потпираме на домашни играчи, потребен е само континуитет на настапи во Европа (ЛШ или ЕХФ куп).
Се останато е само плус.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
од кај знаеш ти колку плаќаат на дуи или само да биде по твое
јасно е ко ден, Самс неможе веќе да профитира преку разноразни криминали и нема ќар да вложува у Вардар
и јас несум да се меша политика ама за жал ситуацијата е таква да политиката директно игра улога на клубот


Sent from my iPhone using Tapatalk
Еве им судови, нека го тужат, нека докажат. А не рекет да маваат за полнење сопствени џепови (на сметка на постоењето на Вардар). Или нека инвестираат нивниве пајташи во спорт.

Знам дека им е побитна Шкендија

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
-Какво е чувството да се добие понуда за тренерската позиција од актуелниот европски првак?

„Среќен сум што после 10 години сум пак во Вардар. Чест е, задоволство и голема обврска. Не е едноставно да се биде тренер на европскиот првак. За мене ова е признание за она што досега сум го работел. Требаше да бидам помошник, но излезе да бидам прв тренер бидејќи Писонеро замина од Вардар. Изненаден сум од понудата да бидам прв тренер, но не сум уплашен. Возбуден сум бидејќи ќе работам во европскиот првак. Се надевам дека ќе направиме добри резултати, дека ситуацијата во Вардар ќе се среди. Ќе се обидеме да бидеме што поуспешни. Имаме проблеми со повредени играчи особено на позицијата лев бек. Многу е тешко да се ангажира квалитетен лев бек во моментов, играч кој не играл во Лигата на шампиони. Ќе бараме, во потрага сме, но ќе биде тешко. Сега најважно е сите кои се на Европското првенство со своите селекции да се вратат здрави од шампионатот и дека со една здрава работа и здрав однос ќе направиме повторно Македонија да биде горда на Вардар“.

Неодамна заминавте од Еурофарм Работник, што пресуди да ја прифатите понудата од Вардар?

„Она што се работеше со Еурофарм Работник сигурно луѓето од Вардар го препознаа. Пред сè ве бара европскиот шампион. Секако дека треба да не сте со здрав разум за да не ја прифатите понудата. Изненадување беше тоа што веднаш после моето заминување од Еурофарм Работник, добив понуда од Вардар. Европскиот првак не се одбива. Тоа е една потврда за мојата квалитетна работа со тимот на Еурофарм Работник и затоа се одлучив да го прифатам новиот предизвик“.

-Кога почнуваат подготовките за вториот дел од сезоната?

„Со работа ќе почнеме на 13 јануари. Нема да имаме посебни подготовки бидејќи повеќето ракометари се со националните тимови. Најрано планирам комплетната екипа да се собере на 22 јануари и тоа ќе биде краток период за нешто драстично да се менува, или да дојде до промена во играта. Првиот натпревар ќе биде против Кил на 5 февруари така што ни претстои работа во краток период да се заврши сè и да се направи анализа за првиот ривал. Потоа имаме уште три меча од групната фаза и убеден сум дека ќе се пласираме што повисоко во групата за да вкрстиме со попогоден противник од другата група“.

Што му недостига на Вардар да не губи двоцифрено од противниците со кои до оваа сезона беше егал?

„Вардар имаше големи проблеми во првиот дел од сезоната. Кристопанс беше повреден, Толедо не беше подготвен за настап. Немаше игра со Дибиров и со Чупиќ како крила на бековска позиција. Навистина беше тешко да се формира таква игра за секој тренер. Недостигаа подготвени играчи и здрави. Вардар е најдефицитарен на левата бековска позиција. Ги имаме Горбок и Атман и се надевам дека ќе бидат здрави и подготвени за вториот дел од сезоната“.

Вардар беше познат по шпанскиот систем, кој го игра во последните години. Ќе се менува ли нешто во тој сегмент?

„Имаме мал период за подготовка за она што не очекува во продолжение на сезоната. Некои работи ќе ги смениме, но тоа ќе биде малку во однос на системот на игра и во одбрана и во напад. Ќе додадеме некои нови детали, па ќе се обидеме да извлечеме колку е можно повеќе“.

Дибиров даде една невообичаена изјава за него. Воопшто за Вардар. Како ќе изгледа ростерот за следната сезона?

„Не би сакал да зборувам многу и да ја коментирам изјавата на Дибиров. Разговарав со претседателот на клубот. Знам кои играчи ќе си заминат, а кои имаат потпишани договори. Имаме планови за следната сезона и не би сакал многу да зборувам за тоа. До крајот на јануари ќе биде познат изгледот на ’новиот’ Вардар“.

Каде е дометот на Вардар сезонава?

„Кога сте во екипа која е актуелен европски првак сигурно е да имате високи цели и треба амбициите да бидат високи. Јас сум тренер кој секогаш се трудел и сака да победува. Вардар има група на играчи кои се победници. Знаете кои беа прогнозите за ланската година, па Вардар стана шампион. Затоа не би давал изјави што и како ќе биде. Ќе одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар и најважно е да имаме здрав ростер, да имаме подготвени ракометари кои ќе можат да одговорат на задачите кои ни претстојат, а амбициите секогаш се највисоки“.

Како ќе изгледа стручниот штаб?

„Во стручниот штаб е Дејан Периќ кој е тренер на голмани. Инаку, Даниел Јуришиќ исто така останува како кондициски тренер, а Едуард Кокшаров како спортски директор. Додека не одлучиме кој ќе биде помошник не би сакал да споменувам имиња“.


 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Прво, Среќна Нова на сите членови на форумов и до сите вардарци кај и да се на светов. Само убавини во во 2020. По интерјуто на Аљуш глеам дека сепак нема да биде целосен клуч за Вардар што мене како навивач ми е најважно. Сме биле во секакви позиции и порано, но најважно да постои наш Вардар, најважно е да го гледаме и бодриме во кое било натпреварување.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
„Пред да се вратам, ми понудија да бидам прв тренер. Ми рекоа дека избрзале со одлуката и тука јас го прекинав разговорот. Тие веројатно направија чекор назад, но јас ги одбив, затоа што сето тоа немаше смисла. Ако требаше да се вратам, можеби и ќе го сторев тоа, затоа што имав договор со Вардар, но јас бев решен да ја раскинам соработката“, објави Писонеро за шпанските медиуми


Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
„Пред да се вратам, ми понудија да бидам прв тренер. Ми рекоа дека избрзале со одлуката и тука јас го прекинав разговорот. Тие веројатно направија чекор назад, но јас ги одбив, затоа што сето тоа немаше смисла. Ако требаше да се вратам, можеби и ќе го сторев тоа, затоа што имав договор со Вардар, но јас бев решен да ја раскинам соработката“, објави Писонеро за шпанските медиуми


Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
луда куча
 
  • Тажно
Reactions: MSE

Kajgana Shop

На врв Bottom