не е до законот, до луѓето е. Во темава до полицајците. Секој од овде може да ти каже понекое без везе искуство што нема врска со закон.
Пред негде 25-6 години во Бутел 1 кај удолницата кај кружниот стоевме во колона ради гужва, во ретровизор видов пезетка лета и чкрипи, знаев дека ќе ме удри, тешко возило, а изгледа тркалата му биле џам, па во тој дел од секунда го свртев воланот надесно, да не удрам во другите. Ме качи на тротоар, имав доста болка во вратот. Излегов од кола во нокдаун, сосе возачот отидовме до макпетрол бензинската (на 100-200 метри од ударот), полицаец си дремеше во кола, као не слушна удар од 2 тона. Го прашавме, рече има повредени? Ваљда нема, ако не го рачунам вратот...договорете се вели, толку. Нит отиде да види, нит ништо, мојата кола дупка до седиште, иако дупли лим. И дали е до законот????
Втора случка во соседство. Двајца ќе крадат возило од двор ноќно време од карши нас, не знаејќи кај влегуваат. Ги фаќаат комшиите на дело во двор, неколку од нив полицајци, викнаа од станица , доаѓаат полицајци на увид, го прашуваат лоповот долу легнат дали сака да ги тужи за телесни повреди. Ко му се сврте комшијата најстариот...абе колега, кој кого да тужи? Тогаш овие од ПС се повлекоа, као извини.
Таков е законот? Лопов да тужи? Да не беа колеги, и тужба ќе му составеа на лоповот.
Да не кажувам летово со лопови и наркомани, нит пробаа да ги фатат, нит патроли, нит ништо. Има и случаи кои не се за овде, со закани, со дивеење, никому ништо. Уште ќе ти го пукне пиштолот, око нема да му трепне.
Немој така, знаеме во каква држава живееме со институцииве, посебно со такви институции. Уште кога ќе ги видам со мобилните цел ден, а поред нив лета кола сто и кусур низ град...