Фала за одговорот, имам пробано, за жал има мал капацитет, а таблетите брзо се топат.
Пред тоа да појаснам дека пред некој ден залепив декоративни заштитни панели на внатрешните ударни ѕидови.
Ова е препорачливо за станови каде нема можност од надворешна дополнителна изолација (кај нас има струјомери и водомери па така немавме избор), а влагата заради фасадната изолација и пвц прозорците нема каде да оди (без прозори во кујна и купатило).
Пред некој ден поставивме вакви панели
Декоративен панел 657-202 - Декоративен панелДимензии:120х50Шифра:657-202
marketkonekt.com
Duvarup- декоративни ѕидни панели. 3,241 likes. Duvarex 30 DNS, EPS-based extra hardened surface is covered with stone powder 2mm thick wall panels.
www.facebook.com
На база на пресуван стиропор се, а ми ги препорачаа за внатрешна декорација и заштита од влага (топол, ладен ѕид).
Се одлучивме да го декорираме само половина ѕид поточно 1 метар нешто повеќе од 1/3, со обични стиропорни лајсни над панелите.
Резултатот ни ја разби монотонијата на белиот ѕид и дополнително не заштити од надворешните студој.
Прегледај го приврзокот 223916
Прегледај го приврзокот 223917
Се лепи едноставно ако некој работел со лепак за плочки, само кроењето зафаќа повеќе време. Цена за лепење во инбокс, шега ба

Има и други нијанси и комбинации, посветли или потемни со фуги или без, камен или дрво...се надевам (според искуства на корисници) дека стиропорот ќе не заштити од влага и мувла на овој ѕид, па ќе видиме.
За одвлажнувачите.
Земавме одвлажнувач пред да ги залепиме панелите (од Сетек ако е битно) затоа што наутро влагата се кажуваше 78-80, а преку ден, зависно од активности, под 68-70 никогаш не се спуштила што се опасни вредности за здравјето. Иако е со најмал капацитет 12, за помали простории е во ред, ја спушта влажноста плус може да се сушат и алишта плус има и едноставен филтер за прашината од воздухот. За поголеми простории секако треба некој појак 18 или 21 (тоа се наводно литри за 24 часа). Треба да се внимава и на бучавоста и на потрошувачката во вати.
Дневно за викенд знае и по 2 лончиња од по 2.5 литри да собере што е многу за здравје на станарите.
Сума сумарум дополнително е намалено влажност со панелите па ако досега дневно одвлажнувачот ја намалуваше на 63-65, со внатрешната мала изолација од сликите, истата дополнително се намалува. Пример сега одвлажнувачот за 1 час ја спушти од 64 на 55%. Помалку влага сме имале само во лето
Инаку изборот е многу мал во Македонија (и залихите брзо им се трошат, 3 модели во Ѓорче, последните три што ги имаат, Горење чекаа да им стигне нова пратка и така натаму), за разлика од Србија пример (според нивните форуми) каде има голем избор модели, фирми и јачини.
Слушам многу луѓе имаат проблем со влага и мувла (па ми споменаа и за оние згради зад електро) па да споделам искуство