Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Никој не ти брани да слушаш ауто тјун но тоа не го менува фактот дека е срање.
Ауто тјун не е срање. Тоа е алатка за промена на фреквенцијата на гласот со цел подобро да звучи. Ако некој не ја користи како што треба секако дека ќе биде срање. Како што ти се шминкаш за да си ги покриеш недостатоците, дали ќе биде во ред некој да ти рече дека си срање нашминкана пошо не си природна?Никој не ти брани да слушаш ауто тјун но тоа не го менува фактот дека е срање.
Мислам дека не е ништо подобро ни денес. Од тоа што јас го глеам, односно слушам за децава, на 20 години веќе имаат стаж од 2 години со МДМА, и цвркнати мозоци. Секој викенд по 10 таблети, буквално. Можеби не е така генерално, можеби живеам во таква средина, но загрижувачки и колку е популарна оваа дрога и колку безгрижно и неодговорно се конзумира. Ни следи генерација на зомбифицирани амеби.
Овде не можам да се сложам а сега ќе ти кажам зошто и воедно ќе се надоврзам на темата за да ме биде офтопик.Камчева нема зошто да биде искомплексирана кога во целост може да си ја дозволи таа облека...Точно дека дизајнерските брендови се поскапи одколку што вредат но доколку можеш да си ги дозволиш зошто да не кога станува збор за врвен квалитет.Бил Гејтс е толку богат што му е гајле како се облака и дали е пристојно облечен но сепак од моја гледна точка на толку пари може самиот да се почасти и да се среди малце..А кога сме веќе кај бтендови и младите голем број од вас можда нема да ме сфатат али во Скопје има огромен број на млади 16 па да речеме до 25г. што сакаат да се облекуваат брендирано и се налупани со комплекси а не сфаќаат дека се сиромашни.Примери за ова има безброј во Скопје..Дома неговите немаат пари он има кола скапаница ама важно сите пари ги изгорел на 200еур патики и во вечер троши 4000 што за неговите богатите деца е дури и едтино.Луѓето се денес се повеќе искомплексирани матрејализмот е на високо ниво не само сиромашните и богатите ,за пример ќе ја земам Камчева видете ја на Инстаграм како боки 13 се прај се слика во милано со бренд облека безвеза,а видете го бил гејтес како скромно се облекува не е комплексаш да биди нешто како крал или да се понаша така .иако капиталист.
Денешната музика е апсолутна нула и тотално срање..Многу ми е криво што денешните генерации од што е толку срање музиката немаат претстава за добра музика.Златната ера според мене е од 1995 па се додека не се појавија телефоните..Поп од 2000ти и слично за ова може цела тема да се напишеОсвен за музиката што беше далеку подобра порано не знам за што би можела да носталгичарам, сега има далеку поголем избор и слобода се е подостапно буквално можеш полесно да се осамостоиш и да откачиш све живо што ти смета без да бидеш засегнат, можеби начинот на живот сега е побрз и подинамичен но подобро така отколку рутински монотон живот.
А од каде знаеш на кого ќе налета твоето дете,не мора да се дружи со дилери доволно е некој од друштвото да налетал на дилер па овај му бара да регрутира нови жртви.Си имал среќа па не си налетал,јас занам многу добри дечки шо паднале на муабетот биди кул,само пробај и ќе ти се отвори нов свет.Пробале и се заебале!детето твое ако се дружи со дилери никој не му е крив, ја еве остарев никој ми нема пријдено да ми шитне роба. Тие луѓе што стануваат зависници не се станати зошто некој им пришол, туку они го побарале и сакале да експериментираат со дроги, 99% од случаите на зависници се такви.
Здраво дечки не знам дали го погодив форумот но сакам ваше мислење за начинот на којшто живееме во 21 век.
Имам 3 главни прашања за кои би сакал ваше мислење:
1.Нездравата исхрана и лошиот начин на живот..јас сум релативно млад и би сакал да знам дали може да се спореди со порано или не
2.Технологијата и мобилните телефони и интернетот..Што мислите како делуваат врз помладите па и постарите.
3.Дрогата која ја има во огромни количини и пола од младите се дрогираат а 90% пушат
Според мене кога сите овие фактори ќе ги собереме мислам дека може да се каже дека на сегашните генерации животниот рок ќе им биде скратен за најмалце 10 години.
Јас сум 84та, немавме мобилни како деца, тек средно станаа мода и ретко кој имаше, следствено многу повеќе физички бевме активни од сегашниве тинејџери. Баскет, Фудбал скоро секој ден, точак исто по 20тина км 2-3 пати неделно.
Еднаш до двапати плешавме Кантер у Влаеили PES.
Пушеа пола од друштво, а сите пиевме (некои сеуште) како стоки.
Тек сега последниве година две, почнуваат полека да се гледаат последиците ... сметката мора да се плати.
Ова шо викаш 10 години мислам дека е малцеби рекол просек 20че ќе се скрати
Луцифер интернет кафето сега е кафич.И јас сум идел на кантер во Порта Влае, кај сегашното казино. Плешав секој ден со другарите.
Луцифер интернет кафето сега е кафич.
Елан сега е кладилница.
Ситник е ДМ за ајвар.
Детмеч е Баду...
Глишо сега е Рептил.
Најновото казино беше Лозана ресторан.
Другово Казино беше кафич од едната страна од другата не ми текнува...
Во кое црно интернет кафе си играл Кантер ти што сега е казино?
Како побогу си идел во Порта Влае во интернет кафиња а сега си ваков... сите што одеа таму беа/се асални луѓе...
Од моја гледна точка, растен во најзаебаната транзиција во семејство со една плата од 200-250 марки.
Технолошки новиве деца би требало да бидат далеку понапред од нас, ако ние успеавме да научиме програмирање, бази, еден куп софтвери и слично кога прв пат видовме компјутер на изборен час по информатика во 6то одделение, a дома дури на 14-15 години, овие се раѓаат со компјутер, телефон и уште 20 други матракулки низ дома. Е сега има еден голем проблем, ОГРОМЕН број на информации од сите страни и огромен обем на можности за користење на целата таа технологија исклучиво за забава и губење време. Друга работа е англискиот, ние почнувавме со учење на јазик дури во 4то одделение со ретардирани фрази, а троа посериозно дури во 7-8 мо, денес уште во предшколска возраст знаат повеќе од ние во 8мо. Реално ако знаат да го искористат паметно, тоа е голема предност, поквалитетната литература отсекогаш беше достапна на англиски, па дури и да имаш чкарт обрзование имаш шанса да се искупиш самиот со читање странска литература. Комуникацијата е далеку позаебана во однос на таа тогаш, во тоа време се договараш со некој во толку и толку саат и крај, сега по 20 пати ќе ти ѕвони до каде си и дали немало промена на планотили пак јавување само на фиксен 2-3 минути и фајронт, нема киснење на телефон по саат време. Интернетот исто даде огромни можности да се истражува за се што ќе ти текне, во тоа време мораше се од книга или пак некој ако собрал ЦД со енциклопедија како Енкарта, една семинарска да направиш беше pain in the ass, сега ќе најдеш литература да напишеш докторска на било која тема со едно пребарување на гугл.
Медиумски, во тоа време бевме труени на телевизија со вести, политика, шпански сапуници, со почеток на интернетот блогерство и слични глупости, а овие денес се труени пак со политика, инфлуенсери, ретардирани турски серии, некој чкарт хумор и тн. Дури и пристап кон содржините за возрасни сега им е полесно и да научат на тие теми што и како треба. Тогаш само ако некој изрента VHS или CD со Емануела, Северина и слични, па молење за да ти ја позајмат мислиш бараш кодови за нуклеарки
Маркетингот во моментов е далеку поизразен и се далеку повеќе ориентирани кон тој капиталистички стил на купување се и сешто. Во минатото се знаеше, одиш на школо, имаш 2 пара фармерки, 2-3 маици по кратки, 2 дуксери, пар патики, една зимска јакна и една летна јакна, плус 10-20 денари за да си купиш нешто за јадење. Денес имаат повеќе гардероба од што сум имал јас во целиот живот, гледам им даваат доста добар џепарац. Дечки од по 15 години во дискотека облечени со сако, кошули, панталони, чевли мислиш на свадба кинисале, ние излегувавме едвај со рандом кошула или тие што се маткавме по рокерски места со најобична маичка
Одмори во странство (Грција, Турција, Египет) се гледам достапни за голем дел од населениево, јас немав ни претстава како изгледаат плажите во овие места дури не почнав да заработувам и да си платам за одмор, а не пак да ме однесат од дома. Се знаеше одмор до Дојран, Претор, Асамати, Охрид во камп со уште 1-2 фамилии, надвор од државата можеа да си дозволат само добро ситуирани фамилии.
Здрав начин на живот. Ова е дискутабилно, во тоа време контролите беа уште полабави од тие што се сега и не се знаеше ни што се јади ни што се пие, степче сок, некои лижавки и мастики што пуштаа боја упм, сумливи контингети на копани и тн. Посебна салама, виршли, некои колбаси полнети со соја имаше и тогаш. Прскање на овошје и зеленчук имаше и тогаш и сега. Е сега сортите што се одгледуваа во земјоделието беа далеку повкусни, сега јадиш домат мислиш патиката си ја гризнал, тогаш јабучар или розе кога ќе скршиш мирисаше цела соба на домати и во уста се топеше. Реално во тој период повеќе се одеше на варијантата да се јади за да се преживее, сега и таму е курчење, веганство, вегетаријанство, органска и каква не...
Дрога и наркотични средства имаше секогаш, затоа беа и толку уплашени возрасните, па не лажеја дека дрога ќе ни стават во тостовите, пијачките за местата каде што се собираше баграта. Имаше и во тоа време ликови навлечени на бело, хероин, екстази ...работата е само да не се пикаш во тие кругови и да не пробуваш да се правиш тоа што не си. Имаше наивни дечки што пробувајќи да изиграваат фраери во друштво, надрндаа ќорка, имаше и во тоа време комар и заглавување во долгови, а и тепачки кои завршуваа со бодење со ножеви.
Спортување, во тоа време растевме повеќе надвор, баскет и фудбал сме лупале со саати, едвај чекаш да се вратиш дома или викенд за да лупаш 4-5 саати со топката. Во теретана влегов релативно мал (уште во 8мо), па прекинав, па пак почнав во средно, пак пауза и дури на факултет. Сега ги гледам теретаниве полни со млади деца и искрено не ми се допаѓа тоа затоа што не го сметам за здрав спорт. Гледам пикаат суплементи и стероиди уште од прв ден, се е ориентирано само на брзи резултати. На времето се плашевме да се напиеме креатин и амино, не пак да лупнеме омнадрен, метан, винстрол, клен, трен онака од чиста мира оти некој ни кажал дека се прават мускули. Зглобови, лакти, црн дроб, бубрези, лигаменти очекувам да им бидат едни од најголемите проблеми кога ќе дојдат на 30тина години.
Има и позитивни и негативни разлики, не ми се допаѓа нивото на разгаленост, а уште повеќе нетрепението, сите брзаат некаде, немање почит кон никој, брзи флуктуации во расположението (сите анскиозни, депресивни, разочарани оти не успеале во животот а уште на млеко мирисаат), форсирање на некои чкарт вредности (хомосексуалност, милион варијации на полови, секој нешто се осеќа увреѓен и се е говор на омраза и тн) и мислам дека наместо да одиме кон живот кој ќе биде помирен со демек повеќе време за себе и блиските (поради напредокот на технологијата и демек олеснување од нејзиното користење), отидовме на тотално спротивно, живееме да работиме, никој со никој не сака да се види, секој секого сака да го заеби.
Темава е печена да влезе некој падобранец и да пише OK, boomer
Нејсе, начинот на живеење е скоро ист, тоа што сме правеле ние како деца, глупостите, па тоа го прават и денешните генерации... можеби денешниве се малце позапустени кога станува збор од финансиска гледна точка. Ние што сме растеле во 80те и 90те нели кога се распаѓаше една држава, па се влегуваше во транзиција и безпарица како повеќе да разбиравме дека понекогаш неможеш се да добиеш. Како дете си сфаќал дека твоите дома немаат пари, и обично си се задоволувал со лижавче, смоки од 10 денари или 5 денари за жетон да утепаш една партија на Мустафа.
Е денешниве се поразгалени на тоа поле, и верувале или не баш од оние родители кои растеле во 80те и 90те. Таблети, мобилни, родендени во ресторани, и други дрн дрн јариња што посекако го разгалуваат детето.
Ok boomer![]()