Начинот на живеење на новите генерации.

  • Креатор на темата Креатор на темата prophet777
  • Време на започнување Време на започнување
сето то продукту капитализма ,та не можи да се спречи освен да се забрани ,со влегвањето во деemokratijata sssr kaj nas devedesetite katastrofa alhohol cigiri droga ,adolescencijata na mladite namesto da se nasoci kon zdrava nasoke I nesti produktivno se unistuvaat zivotite za profit na nekoi firmi kriminalci i sl.
Taка е, да се реплицира Источна Германија и уште заборави да пишеш и сите да земаат иста плата, и шуто и рогато.
 
Taка е, да се реплицира Источна Германија и уште заборави да пишеш и сите да земаат иста плата, и шуто и рогато.
Ако земеш од гледна точка на мнозинството, тогаш тоа е бољи варијанта, поголема среќа ќе владее во општеството. Пробано е, ама проблем е што нема развој па затоа се свртени кон други начини на формирање на привидна утопија.
Наредното ќе биде некоја форма на ислам со исфрлање на законот око за око, каде ти ќе спечалиш повеќе ама за добро на сиромашните сам ќе се откажеш од дел од богатството....и на крај сите ќе бидат среќни. :)
 
За дроги и наркомани мислам дека беше каде каде полошо, зборувам крајот на 90 ти почеток на 2000 ти, дали поради неинформираност, дали поради експанзија на клупска сцена во Скопје доста луѓе тогаш без проблем решаваа да експериментираат со различни супстанци.
Мислам дека не е ништо подобро ни денес. Од тоа што јас го глеам, односно слушам за децава, на 20 години веќе имаат стаж од 2 години со МДМА, и цвркнати мозоци. Секој викенд по 10 таблети, буквално. Можеби не е така генерално, можеби живеам во таква средина, но загрижувачки и колку е популарна оваа дрога и колку безгрижно и неодговорно се конзумира. Ни следи генерација на зомбифицирани амеби.
 
Муабетиве се ко у утринска кај Роберт да ги поставил па му се јавуваат пензионери да кажат како било у нивно време поубаво. Иначе млади као млади, мора да се пројде низ тоа додека ти дојде памет, ако тргнеш по лош пат и наебеш јебига живот. У кратки црти истите работи и ние сме ги живееле што сме 92ра родени, па еве не сме заебани.
Види вака,млад си сигурно немаш деца па затоа и е така размислуваш.Ситуацијата сега е далеку поопасна,особено за денешните млади.Џабе ти го воспитуваш детето кога во пубертет ќе налета на некој дилер кој ќе му напрај муабет во стилот не биди заостанат,биди малку заебан играч!Ќе видиш свет кој заостанативе никогаш нема да го видат.И така почнува голготатата на еден зависник.
 
Мислам дека не е ништо подобро ни денес. Од тоа што јас го глеам, односно слушам за децава, на 20 години веќе имаат стаж од 2 години со МДМА, и цвркнати мозоци. Секој викенд по 10 таблети, буквално. Можеби не е така генерално, можеби живеам во таква средина, но загрижувачки и колку е популарна оваа дрога и колку безгрижно и неодговорно се конзумира. Ни следи генерација на зомбифицирани амеби.
Мал број е тоа верувај,има многу голем дел од младината кои не ни знаат што значи тоа МДМА или спид.
Тоа дека ни следи генерација на зомбифицирани амеби е факт.
 
Види вака,млад си сигурно немаш деца па затоа и е така размислуваш.Ситуацијата сега е далеку поопасна,особено за денешните млади.Џабе ти го воспитуваш детето кога во пубертет ќе налета на некој дилер кој ќе му напрај муабет во стилот не биди заостанат,биди малку заебан играч!Ќе видиш свет кој заостанативе никогаш нема да го видат.И така почнува голготатата на еден зависник.

детето твое ако се дружи со дилери никој не му е крив, ја еве остарев никој ми нема пријдено да ми шитне роба. Тие луѓе што стануваат зависници не се станати зошто некој им пришол, туку они го побарале и сакале да експериментираат со дроги, 99% од случаите на зависници се такви.
 
Види вака,млад си сигурно немаш деца па затоа и е така размислуваш.Ситуацијата сега е далеку поопасна,особено за денешните млади.Џабе ти го воспитуваш детето кога во пубертет ќе налета на некој дилер кој ќе му напрај муабет во стилот не биди заостанат,биди малку заебан играч!Ќе видиш свет кој заостанативе никогаш нема да го видат.И така почнува голготатата на еден зависник.
И тоа е точно ама ако пред се ако имаш некоја основа на домашно воспитување и примано совети од твоите и покрај тоа што гарант во денешно време ќе завлезеш во некој порок,многу полесно можеш да излезеш од него.Земам личен пример од мене,ако сум ја немал таа основа на свесно размислување од дома денеска ќе сум бил заглавен кај лихвари и ќе ме бркале по улици за да им ги вратам парите.
 
Темава е печена да влезе некој падобранец и да пише OK, boomer :)

Нејсе, начинот на живеење е скоро ист, тоа што сме правеле ние како деца, глупостите, па тоа го прават и денешните генерации... можеби денешниве се малце позапустени кога станува збор од финансиска гледна точка. Ние што сме растеле во 80те и 90те нели кога се распаѓаше една држава, па се влегуваше во транзиција и безпарица како повеќе да разбиравме дека понекогаш неможеш се да добиеш. Како дете си сфаќал дека твоите дома немаат пари, и обично си се задоволувал со лижавче, смоки од 10 денари или 5 денари за жетон да утепаш една партија на Мустафа.
Е денешниве се поразгалени на тоа поле, и верувале или не баш од оние родители кои растеле во 80те и 90те :). Таблети, мобилни, родендени во ресторани, и други дрн дрн јариња што посекако го разгалуваат детето.

Ok boomer :)
 
jas sum od onaa gneracija koja nova majca ili kratki pantaloni moze da ocekuva samo za Veligden,generacija koja ulicata i bese doma so kriska leb so seker poprskana so voda od maalskite cesmi onie zelenite so racka od strana. Sega sum generacija koja ima deca ma i vnuci.Vnukami ne e bebe,(a bogami veke i psrsluci nosi) i ne se sekavam da sum ja videl nekogas vo dva pati isti DREI. Se da bilo ednas noseno i videno i potoa frli.Za rucek na masa-pikaski,ne go ostava telefonot od race a majkai i stava zalcinja vo usta.BAS TAKA o toa mnogu me nervira i davam primedbi ama djabe si prodolzuvat po nivno.
 
Јас како дел од генерација која го фати периодот пред технолошката експанзија и периодот кога таа стана апла во подем (задниве 4/5 години), морам да кажам дека технологијата можеби не прави/правела залепени до тоа компјутерите, сега телефоните, но, ние сме и те како пофлексибилни од претходната генерација. Верувам дека тој феномен ќе продолжи да се развива во следните декади.
Да, има секакви феномени како фејк ствари, инфлуенсерство и тн и тн, кои и те како штетат на развојот како битија.

Но, нормален животен пат е за правата корисност и вредност на технологијата (оној дел што не потпаѓа под entertainment) да станеш свесен после 21/22/23та година. Верувам дека многу од сегашниве тинејџери, барем оние коишто се да речам "паметни", ќе го искористат овој бенефит во нивна полза и ќе успеат да го подобрат она во кое ги "бива" или она по кое имаат пасија. Со самото тоа, тие веројатно ќе живеат полесен, поедноставен и поисполнет живот од претходните генерации, особено во поглед на работа (тука или во странство, сеедно).
До 21 година, веќе ќе бидат од мали нозе аклиматизирани да користат технологија, и веројатно економски, Македонија ќе се развива повеќе баш заради таа тенденција, и луѓето многу полесно ќе наоѓаат работа, и многу повеќе ќе напредуваат во истата (дали тука или странство), без оглед дали станува збор за канцелариска или некаква теренска работа.

Ќе дадам само едене пример, можеби е банален, можеби не.
Викам такси пред некој ден, и нормално не доаѓа на точната адреса туку 150/200 метри подалеку, бидејќи се води по негово знаење, така ја знае од порано. Ова ми се случува неколку пати, со неколку такси компании и со достава на храна.
Дел од возачите беа релативно млади (30-40ина год). Тоа, според мене, не би се случило за некоја декада, ќе им текне у иднина дека можат апликација лабаво да употребат и да дојдат точно пред влез.
Ова е само еден од милион банални примери како технологијата те прави подобар во она што го работиш и што го правиш. Нешто што идните генерации, верувам дека ќе го искористуваат уште повеќе во споредба со сегашните, во секоја сфера.

Голем дел од моиве врсници и ден денес би имале проблем и тешкотија да отворат профил да речам, еве на кајгана. Ќе ве изненади бројот на луѓе у мид 20ти коишто би имале проблем да направат профил овде да речам. верувам дека тоа со затворени очи ќе го прават за 10 години сегашниве тинејџери,

Чисто само да парафразирам преку баналниве примери дека тоа што сегашниве генерации дремат на телефони и тн, не значи дека тоа е инхерентно лоша ствар, и не значи дека секое детство што е различно од нашето (во касни 90ти, рани 00ти) е лошо. Знаеме сите какви бенефити носи технологијата, но кај нас сеуште нема заземено толкав замав кај генералната популација.

Генерацијата родена доцни 80ти и рани 90ти, кои пак фатиле од она "надворешно" детство сега имаат една голема дилема бидејќи есенцијално не знааат како да се справат со технолошката опседнатост на децата од две причини:
1. тоа е неизбежноч
2. феноменот е нов и непознат за нив и не се способни да се справат со тој нов комплексен проблем со кој не се соочиле во нивната младост - има огромна збунетост кај родителите;

Мој впечаток е дека сме сеуште недигитализирано општество и затоа се гледа со негативност кон "технолошката зависност" на децата. И генерално, ради хардкор конзервативниот ген којшто го носиме, имаме одбивност кон ново, промени и нешто непознато. Затоа и толкава фама се крева околу тој феномен.
Да се разбереме, не викам дека тоа е сјајно, но воопшто не е така црно како што се опишува.

Но, технологијата знае да биде и меч со две острици. И, затоа најголема одговорност имаат сегашниве родители да им вгнездат рационална употреба на истата, за да не се дозволи тоа да биде во целосен и тотален entertainment и зависност, бидејќи тоа може лесно да се претвори во нешто непосакувано. Иако, верувам дека после периодот од 21/22/23 години па и понатака, ќе им стане јасно на сегашниве дека има една многу моќна компонента во целата таа технологија (во поглед на кариера, образование, личен развој и тн). Многу е битен балансот.

И дрогата е тежок меч со две острици (ако те фати позаебаната острица - си ја наебал). ако ги користиш рационално во твоја полза - ќе имаш добар ride у ова искуство што се вика живот и ќе ти даде една поинаква перспектива. Од кај знаете дека нешто е жешко ако не го пипнете истото?
Од друга страна, верувам дека како што ќе идат полиберални деца во државава, овој проблем нема да се гледа како канцерогеност буквално, туку како социјален проблем, и "наркоманите" нема да се "воспитуваат" во затвори, туку во специјализирани социо-психолошки институции и ќе им се даде шанса за подобар живот, наместо да им се доуништува пеколот низ кој поминуваат.

Што се однесува до исхраната, пак може да се најде органско производство низ пазарите, тенденција што ќе оди надолу и е многу лошо за идните генерации.
Но, од друга страна, тука на сцена пак настапува технологијата. Има безброј апликации и програми за исхрана, тренинзи и тн и тн кои се бесплатни и може ненормално многу да го подобрат животот, секако доколку индивидуално сте истрајни.
Сеуште постои онаа тенденција за практицирање рекла-казала муабети во оваа сфера, нешто што тек сега станува актуелно, и во иднина се повеќе ќе се практицира.

Се на се, верувам дека оваа генерација на млади ќе има подобар живот од нас за онолку колку што нашите животи денес се далеку поедноставнени во споредба со претходните генерации.
 
Муабетиве се ко у утринска кај Роберт да ги поставил па му се јавуваат пензионери да кажат како било у нивно време поубаво. Иначе млади као млади, мора да се пројде низ тоа додека ти дојде памет, ако тргнеш по лош пат и наебеш јебига живот. У кратки црти истите работи и ние сме ги живееле што сме 92ра родени, па еве не сме заебани.
Се извинувам за оф топик ама ти си 92ра? Јас па мислев 15 имаш.
 
ако дете си сфаќал дека твоите дома немаат пари, и обично си се задоволувал со лижавче, смоки од 10 денари или 5 денари за жетон да утепаш една партија на Мустафа.
Само да те дополнам, порано не ни имаше ни избор на производи и да пливаш во пари, од се по едно имаше и тоа е тоа, максимум уште по еден бренд од истиот продукт и толку а пола и повеќе продукти што ги купуваме денес - ги немаше.

Се кладам само дека сите што носталгичарат по тоа време од типот на „pomirno se ziveese“ да ги вратиш сега во деведесетите ни ден нема да издржат со МТВ, кафе Дивка, цигари Филтер ориентал и она грдоно пралине. :D
 
Освен за музиката што беше далеку подобра порано не знам за што би можела да носталгичарам, сега има далеку поголем избор и слобода се е подостапно буквално можеш полесно да се осамостоиш и да откачиш све живо што ти смета без да бидеш засегнат, можеби начинот на живот сега е побрз и подинамичен но подобро така отколку рутински монотон живот.
 
Се ми е исто, само луѓето и децата, сите заедно сме поразгалени. И нетрпеливи зашто сега се е на копче, на повик, за секунда. Се е постресно, зашто се е побрзо.

Иначе не гледам некоја разлика вака искрено. Децата околу зградиве се утепаа играјќи цело лето, до крај на октомври дур не подзалади. Ние бевме врзани за телевизор ко што се они врзани за лаптоп или телефон. Да му се сневиди, шпански знам од теленовелите што ги имам изгледано во животов. Дроги, алкохол, цигари секогаш имало, твое е како ќе си го воспиташ детето и на што пат ќе го буткаш, за некои стварно ги заболе за peer pressure, мене бар не ме засега тој дел. Шминки и деколтиња, штикли и гзови кај женски имаше на изволте уште од 13-4 години, баш растевме во тоа време на тие тесни, ужасни, грди прилепени светљуцави фустани од бугарски и српски стил, сега дури и понормално се облекуваат мислам. Истиве се сега мајки или што знам што прават, али гарантирам дека плукаат по тинејџерките сега. :D
Јадевме ѓубре, што искрено и сега го јадеме. Воздухот не беше ептен почист, може немавме во државава со што да измериме гнасотијата само. Се на се, не бевме и не сме поздрави од децата на 12 години сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom