La Liga Santander 2016/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Atso
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
@The Shadow Walker @LostParadise Како изигра Гризман синоќа на класико ? Ве нема да ме цитирате, искрено го забележав дури 80 минута, кога му ја фати камерата периката дури беше Меси во трк, цело време мислев дека на клупа е, најсериозно. :ROFLMAO:
 
Реал не направија ни една поконкретна шанса (А можеа зш неколку пати излегоа вишок 5 на 4) не дека не се способни генерално, туку ко да беа затечени маму им ебем глупу. Ко врзани во нозете.. Али рака на срце, од шеснаесетник до друг шеснаесетник во 80% од утакмицата изиграа перфектно..така да освен тој завршен дел супер утакмица - и јас какон нивен фан сум преизненаден. Си викам мооооожда Хазард да беше спремен ќе беа каде каде поопасни во напад, али ќе изгубеа во одбранбен дел така да мање више то беше то.
Менди еден центаршут не погоди му се пљукнам во то рахитичното трчање - али зато во одбрана СТЕНА...ела помини го. Море цела одбрана беше топ.
Валверде е многу млад и за то имат некои нерационални потези во ситуација ко ќе требит прав пас/шут да се напрајт. То си идат со искуство. Шо не идат со искуство е плуќата шо ја имат, смиреноста и едноставоста во играта. Играч за 15 години :cool:
Со оглед на то шо во најмала рака како и секој фан на Реал очекував да се десит букаке..јас сум презадоволен.

Барса од друга страна непрепознатливи во средина. Особено прво полувреме. Па можда едно 15 паса згрешија на нивна половина, толку немет згрешено од 2010 навака. Од ко влезе Видал каде каде подобро издание, али не ради него директно туку ради Френки (каков играч мила мајко). Ако Крос и Модрич би имале дете - ќе беше Де Јонг. елеганција, смиреност, корак, техника абе се. Колку пати со Меси изиграа дупли пас и напраа вишок, но џабе кога Гризман играше на утната позиција а мојот човек Суарез НЕ ПОСТОЕШЕ ВЧЕРА. Се кладам да ако Гризман играше шпиц на сметка на Суарез, а како крило играше било кој од овие младинциве Фати, Перез и компанија барем играта ќе беше подобра, немат да се осудам да речам и резултатот. И да, Ракитич немат шо да барат појке тука..барем во утакмици каде шо противничкиот среден ред е физички и тркачки подоминантен од тој на Барселона. Ваѓањето на Семедо а оставањето на Роберто немат да го коментирам. Доволно прочитав од страна на навивачите на Барса за то..и ве разбирам браќа.
Се на се...Ок утакмица :)

И да, акцијата кај шо Меси гледат в земја демек "Еј чек да видам дали ми се одврзани копачкиве дан паднам" и оп парабола преку цела одбрана до Алба, со живот се кладам дека од 100 пати, 90 ќе успејт. Иако противничкава одбрана знајт шо следвит и шо ќе се случит - џабе :)
Цела среќа Алба излеа маргарин имаше мачкано со копачките, па промарши :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
@The Shadow Walker @LostParadise Како изигра Гризман синоќа на класико ? Ве нема да ме цитирате, искрено го забележав дури 80 минута, кога му ја фати камерата периката дури беше Меси во трк, цело време мислев дека на клупа е, најсериозно. :ROFLMAO:
Што да изигра кога не прими топка поблиску од 40 метри од голот на Реал? Знам дека форсираш, ама кочи малце, немаш аргументи :)
 
Цела среќа за Барса и Реал шо сите останати тимови се мртви. Требаше сезонава некој клуб да го има решено шампионот како што Ливерпул со една рака си го држи трофејот уште во декември.
 
Добро играше голферот бе,не беше толку лош..можеби ќе звучи глупо и смешно ова што ќе го кажам ама мислам дека најголем проблем беше Валверде на теренот за Реал..под проблем мислам на тоа што не дадоа гол бидејќи дечкото си изигра одлично и имаше неколку обиди од далеку но едноставно не е офанзивно орјентиран и во неколку контри,полуконтри каде ги отвораа 3 на 3 или 4 на 3 , за секунда доцнеше и си играше наједноставен пас до најблискиот..замисли на негова ситуација да се погодеа некој од Родриго,Виничиус,Модрич или Асенсио..некој што е малце побрз или со повеќе осет за пас во нападот...вака скоро сите контри и полуконтри Валверде му ги повлече и сите останаа недовршени..

Да не се разбериме погрешно,дечкото си изигра топ и беше одличен во глобала.

Иначе не знам дали еден од Реал Мадрид изигра лошо..сите во глобала беа добри ..се гледа дека Зидан повторно ги скоцкал и делуваат организирано..се надевам дека ќе се врати Хазард и ќе влезат појако во вториот дел од сезоната.
Te sfakjam ama imase vcera ekstra zadaca vo defanziva, da go markira Mesi. Dobro izigra vcera spored mene, kako i cel Real kako sto imas spomnato u postot. Za mene ona so kramponite na Varan bese cist penal, ali VAR i se e mozno.
 
Што да изигра кога не прими топка поблиску од 40 метри од голот на Реал? Знам дека форсираш, ама кочи малце, немаш аргументи :)
Кога и да прими како од камен се одбиваше топката пд него. Полусезона помина Гризман има помал учинок од Ансу Фати во Барселона, еден Адуриз на 50 години покорисен е од него :D
 
Кога и да прими како од камен се одбиваше топката пд него. Полусезона помина Гризман има помал учинок од Ансу Фати во Барселона, еден Адуриз на 50 години покорисен е од него :D
Си го помешала со Суарез, од него се одбиваше топката. Џабе го негираш Гризман, Атлетико го изгуби најдобриот играч, колку сакаш хејтај го :)
 
Си го помешала со Суарез, од него се одбиваше топката. Џабе го негираш Гризман, Атлетико го изгуби најдобриот играч, колку сакаш хејтај го :)
Двата беа камења синоќа, не негирам дека го загубивме најдобриот играч, поентата ми е што вие добивте за тие 100 милки :) Ај ќе се опрај до в година :P
 
Двата беа камења синоќа, не негирам дека го загубивме најдобриот играч, поентата ми е што вие добивте за тие 100 милки :) Ај ќе се опрај до в година :P
Со самото тоа што ве ослабнавме вас за 50% ние добивме многу повеќе од што плативме за Гризман.
Дечкото има 6 гола и 4 асистенции во Лигата, повеќе од било кој од Атлетико. Плус уште се уклопува и е трет играч после Суарез и Меси кои имаат 20+ голови и 10+ асистенции.
Знаеме дека ти е криво, ама помири се, ќе си гази Гризман.
Башка за џабе ви го земавме светскиот шампион :)
 
Мората има повеќе голови од Гризман оваа сезона така да ... :)
 
За 28 годишен и не се џабе 120 милки. Башка то Облак е наш најдобар играч :icon_lol:
Хахах, дечко, сите статистики покажуваат, а сите тренери имаат изјавено дека најдобри години за фудбалер се од 28 до 32 така да уживајте.
Феликс ќе изигра 4-5 сезони ќе го напраите игралиште и ќе ви го лапне некој, а вие вечито ќе бидете 2-3 место во лигата.

@cholismo Мората е прв напаѓач во Атлетико и има 6 гола и 1 асистенција, а Гризман на непреридона позиција со Меси и Суарез има 6 гола и 4 асистенции.
 
Природна неприродна исто голови имаат :свиркам: плус Мората беше и повреден
 
Ова ко сталкање на бившиот/та на Инста откако те откачила, па се тешиш еве не и оди со новиот...јајцата цитрони, Гризман та Гризман. Ние не се замараме колку голови незнам што има, овие уште статистики на која страна му е тулето сезонава да ми извадат. Секоја ебена утакмица, Гризман ааа Гризман, да му го гризнете аман.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom