Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
а ова?

која е математиката што толку Скопје се гради, пари ли се перат, планираат ли сите станеви да ги продадат, цела Македонија во Скопје да ја преселат или што е
градежната мафија го уништи Скопје, чист воздух од каде кога е зграда до зграда
 
Последно уредено:
и што велат истражувањата што ги постираат наши експерти за исхрана на форумов, срцеви, мозочни удари и други тешки болести и состојби биле ради храната? Хахаха, да не беше трагично...

А како ова докажува дека не се ради храната? Сакаш да кажеш дека, ете, загадениот воздух ионака не убива, па што има да се храниме здраво??

И загаден воздух, и лоша храна и недоволна физичка активност претставуваат ризик фактори за сите состојби што ги наброја. Ако јадеш како стока, дишиш загаден воздух, не спортуваш, пушиш, пиеш итн., ризикот односно процентот да добиеш срцев или мозочен удар ти е значително повисок од на оној што има на пример само ризик фактор дишење на загаден воздух.
Доколку се храниш и живееш здраво негативните ефекти од загадениот воздух се минимални. Поготово внесувањето на поголеми количини овошје кое е богато со антиоксиданси овој период, особено она што содржи повеќе витамин Ц, е клучно за неутрализирање на слободните радикали и значително намалување на штетата од загаден воздух.
 
Минимални а? Тоа што Цело Битола и околината е заболено од рак и што РЕК Битола е во близина е чиста случајност?
 
Минимални а? Тоа што Цело Битола и околината е заболено од рак и што РЕК Битола е во близина е чиста случајност?

Прво, немам конкретни податоци за поврзаноста на РЕК Битола како директен причинител на процентот на заболени од рак во таа околина, второ немам податоци дека "Цело Битола" било заболено од рак.
Веројатно извесно е дека РЕК Битола е голем ризик фактор и допринесува шансата за некое такво заболување да биде поголема, но тоа не значи дека 100% секој што живее тамо ќе заболи од рак. Како што кажав, доколку другите ризик фактори се доведат до минимум и се води поздрав начин на живот ефектите од загадувањето се значително помали.
Не зборуваме овде за нуклеарна радијација или високо отровни гасови, зборуваме за смог и загаден воздух. Начинот на размислување "Не добиваме срцеви удари дека лошо се храниме, туку заради загадениот воздух" е погрешен.
https://www.standard.co.uk/lifestyl...t-foods-to-combat-air-pollution-a4170881.html
 
Сваќам све, ама не сваќам кај се оние што протестираа за чист воздух у време на вмро?
Зашто ги нема сега? Или сега нема кеш?
 
СРМ или РСМ?
А како ова докажува дека не се ради храната? Сакаш да кажеш дека, ете, загадениот воздух ионака не убива, па што има да се храниме здраво??
нигде не спомнав здраво хранење. Друго што ти подразбираш под тоа да се храниме здраво, каква здрава храна јадеш ако е од загадена средина, вода за залевање од ш категорија и до гуша прскана со препарати. Трето, се удира акцент на храната (органска, здрава, ваква таква, а се зголемува бројот на мозочни, срцеви и други болести), а не на загаденоста. Првите години откако се смисли тоа органска храна, на европскиот пазар за 1 година искеширани биле околу 12 милијарди евра промет. Огромен бизнис кеш е во игра и со исхраната и со загадувањето.
недоволна физичка активност
физичка активност во вакви услови на загаденост на воздух? :unsure: не знам, освен јога по дома.
 
Последно уредено:
Сваќам све, ама не сваќам кај се оние што протестираа за чист воздух у време на вмро?
Зашто ги нема сега? Или сега нема кеш?
ги има, протестираат пак, само треба да пратиш медиуми, затоа што нема самите да ти дојдат на врата и да ти кажат дека протестирале
вчера на пример, беа во Ѓорче, а градоначалникот побрза да го прогласи протестот за партиски
 
СРМ или РСМ?
а ова?

која е математиката што толку Скопје се гради, пари ли се перат, планираат ли сите станеви да ги продадат, цела Македонија во Скопје да ја преселат или што е
градежната мафија го уништи Скопје, чист воздух од каде кога е зграда до зграда
Богата држава сме, не за друго. Народ вире пари.
Патем, пред 1 час падна прилично густа магла и сега све што испарува од гасови, ќе ни се враќа назад, како тенџере со капак пуштено на вриење.
 
Прво, немам конкретни податоци за поврзаноста на РЕК Битола како директен причинител на процентот на заболени од рак во таа околина, второ немам податоци дека "Цело Битола" било заболено од рак.
Веројатно извесно е дека РЕК Битола е голем ризик фактор и допринесува шансата за некое такво заболување да биде поголема, но тоа не значи дека 100% секој што живее тамо ќе заболи од рак. Како што кажав, доколку другите ризик фактори се доведат до минимум и се води поздрав начин на живот ефектите од загадувањето се значително помали.
Не зборуваме овде за нуклеарна радијација или високо отровни гасови, зборуваме за смог и загаден воздух. Начинот на размислување "Не добиваме срцеви удари дека лошо се храниме, туку заради загадениот воздух" е погрешен.
https://www.standard.co.uk/lifestyl...t-foods-to-combat-air-pollution-a4170881.html
Па побарај вести на интернет малце и ќе видиш каква е ситуација во Битола, па кажи дали е тоа нормална појава, споредено со други градови
Во Велес топилницата не беше проблем? Се сеќаваш на насловите и сликите во весниците, дека Топилница го труе Велес.

Храната била штетна, загадениот воздух не. :tapp:
 
Последно уредено:
Да ми е да знам како се штелуваат мерни станици
NLisice.jpg

Иако ПМ10 моментално немале податоци ама битно акито им е топ, Лазарополе (aqi 38) може вода да им носи :ROFLMAO:
 
Храната била штетна, загадениот воздух не. :tapp:

Ако од све тоа што го напишав ти на крај ова го извади како заклучок, немам што друго повеќе да кажам, само жал ми е што трошев време.

Да ми е да знам како се штелуваат мерни станици

А кој ги штелува мерните станици, и зошто? Таму има 3 мерни станици, број 3 покажува АQI над 150, а ако ја отвориш апликацијата на мобилен а не на веб ќе видиш дека оваа што ти ја гледаш како и таа под број 2 се со сива боја и пишува дека во моментот не враќаат точни податоци.

За тоа другото во врска со храната е широка тема и не би сакал да навлегувам. Само убаво е да знаеш дека загадувањето е еден од многуте ризик фактори за болестите кои ги наброја, а не директна и единствена причина како што сугерираше твојот пост. И неговиот ефект може да се минимизира со здрава исхрана (објаснив и приложив линк).
 
А кој ги штелува мерните станици, и зошто?
тој што има пристап до нив, да го штелне "да не покажува ПМ10", а со тоа индексот излегува 6. Поарно нека го исклучат него да лажат народ. Зошто? Чудно прашање за една од најгорливите теми посебно во политиката зимно време во Македонија
Таму има 3 мерни станици, број 3 покажува АQI над 150, .
Број 3 е дел од Пулсе еко мрежата, затоа.
NLisice1.jpg

Куманово според МОЕПП не дава податоци за ПМ10, индексот е 7, почисто од Кожув, според пулсе мрежата е 222 микрограми.
 
Последно уредено:
тој што има пристап до нив, да го штелне "да не покажува ПМ10", а со тоа индексот излегува 6. Поарно нека го исклучат него да лажат народ. Зошто? Чудно прашање за една од најгорливите теми посебно во политиката зимно време во Македонија

Пак не разбирам, како ќе лажат народ ако станицата веднаш до тие што покажуваат 6 покажува над 150, народот нема да го види тоа? Значи исклучуваат 2 мерни станици за вкупниот индекс да покажува неверојатни 6 (што патем е реткост и во најчистите ветровити денови), во околина сите останати мерни станици "вриштат" во модро црвена боја, ама некој мисли дека ќе го излаже народот со тоа а :ROFLMAO: . Пак ќе повторам дека на мобилната апликација јасно си кажува дека тие две мерни станици не враќаат точни податоци во моментот. Време е да престанат смешниве теории на заговор.
 
Пак не разбирам, како ќе лажат народ ако станицата веднаш до тие што покажуваат 6 покажува над 150, народот нема да го види тоа? Значи исклучуваат 2 мерни станици за вкупниот индекс да покажува неверојатни 6
не исклучуваат мерни станици туку во случајов е исклучен еден од параметрите кои го формираат индексот на квалитет на воздух, доволно за резултатите да се за во канта. Дали случајно или намерно, поарно да ја исклучат неголи да дава вакви лажни податоци.
Време е да престанат смешниве теории на заговор.
да, и да почнат да поработат и на посовремени станици и на намалување на загадувањето.
Како е можно во еден од најзагадените градови и држави воопшто, одеднаш да откажуваат мерни станици или компоненти за мерење одредени параметри, посебно во периоди кога е презагадено.

Патем, физичка активност со толкава концентрација на разноразни гасови и честички е рамна на свесно самоповредување на здравјето.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom