Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990


Грците во Австралија бараат оставка на Градоначалничката Стерјова поради фотката што ја објави
Преспански договор важи само за Северна Македонија и Грција, а другите држави како ќе си одлучат за одредена ситуација...
исто е и за другите спорни ситуации, Палестина, курди, Баскија, усташи, итн....
Некаде читав дека сонцето од вергина носи проклетство тој шо ќе го истакни несреќа му носи, исто со знамето на нацистите при бидејќи имаат убиено многу луѓе во војните под тој знак ,и тие што се приосоветуват со него го носат тој симбол го величат убивањето врз настраданите души. Грците се куртулија нас ни го наметнаја проклетството,
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.609
Поени од реакции
16.814
Прегледај го приврзокот 225355 Прегледај го приврзокот 225356

...орденот доделен од кралицата Елизабета за достигнување во учењето на студент од Романија ( KEF Academy Sixt Form -Лондон) 20_годишниот Cornel Micu, преселен уште во 2016 година во Англија!

Прегледај го приврзокот 225362 Прегледај го приврзокот 225363

не е срамота, да се злоупотреби фотографијата на НЕТ за комерцијализирање на лек за зглобови? како студент Иван Костовски, па уште спомнат реуматолог Горан Јовановски кој не постои (фотографија која не е негова) ? ТУКА, во Балкан портал? има ли цензура за лажни вести и злоупотреба на новинарската професија и злоупотреба на верувањето на читателот во МКД ?
... ова во контекс на иста вест околу приведување на две лица од кочанско поради пишување на социјални мрежи за ,,ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, па уште спомнатата полиција од Кочани, која храброст да се лаже или можеби е вистина.... хмм, можеби, ама предходнава вест е чиста лага околу чудото за лекување на зглобот :facepalm:
Обновено 15/12/2019:

За жал, многу структури што не ни посакуваат ништо добро организираа широка акција против нашиот препарат. И ако денес ништо не се промени, тогаш ние ќе бидеме приморани почнувајќи од 16/12/2019 и на неодредено време да го прекинеме приемот на нарачки на Artrovex.


Денес е последниот ден кога можете да нарачате и гарантирано да добиете Artrovex по цена 1990 MKD. Многу ми е жал за оние кои не успеале да го нарачаат нашиот препарат, ама таква е ситуацијата кај нас во Македонија....
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Абе ние три децении идеме на помалото зло и пак наебуваме. А ВМРО дека ќе направи нешто за државата, мало морген. Еве види колку се гласни сега, да помисли човек дека се борат против промена на идентитетот на државата а они да ти се бореле против една изборна едицина со цел да не изгубат од колачот.
Решение на проблемот?
Која структура би ја опраила државава?
Автоматски споено мислење:

Ништо грешно нема направено.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.580
Прегледај го приврзокот 225355 Прегледај го приврзокот 225356

...орденот доделен од кралицата Елизабета за достигнување во учењето на студент од Романија ( KEF Academy Sixt Form -Лондон) 20_годишниот Cornel Micu, преселен уште во 2016 година во Англија!

Прегледај го приврзокот 225362 Прегледај го приврзокот 225363

не е срамота, да се злоупотреби фотографијата на НЕТ за комерцијализирање на лек за зглобови? како студент Иван Костовски, па уште спомнат реуматолог Горан Јовановски кој не постои (фотографија која не е негова) ? ТУКА, во Балкан портал? има ли цензура за лажни вести и злоупотреба на новинарската професија и злоупотреба на верувањето на читателот во МКД ?
... ова во контекс на иста вест околу приведување на две лица од кочанско поради пишување на социјални мрежи за ,,ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, па уште спомнатата полиција од Кочани, која храброст да се лаже или можеби е вистина.... хмм, можеби, ама предходнава вест е чиста лага околу чудото за лекување на зглобот :facepalm:
дај бе иди лови риби, плети, качувај се на оџаци, тепај се со децата од маало.... било што, само олабави овде
Автоматски споено мислење:

Заедно со него не би било лошо и @zmija1 да оди во пакет.
има и други
има тука јака конкуренција
стварно јака, кога станува збор за патетика
али волку патетичен лик не сум видел до сега

(не зборувам за тоа што го збори дали држи вода или не, зборувам за начинот)
Автоматски споено мислење:

таа е претставник од истоименото училиште
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.861
Поени од реакции
21.707
СДС упорно сака да стане она што беше ВМРО пред да паднат од власт, денес Скопје пуно со сендвичи, донесени од цела Македонија да слушаат моноглог на некоја фигура која пробува да стане Грујо 2. Ако веќе тераш политики, гледај помалце да си го умараш народот, зашто веќе никој не пие нафта. Денес сиротињите за 2 сендвича и едно сокче + мораа на списоче да се потпишат дека биле + селфи да пуштат на фб да ги гледа народ .... иначе газда утре ќе ги шамара на работа. Епа чорба !!!!
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Exactly, my point. Ајде петокраката како симбол на НОБ(ако и воопшто може да се смета за симбол на НОБ, а не за државнo уредување), ама и таа е веќе надвор од употреба веќе 10 години. Ама за ова мочано сонце од Вергина, стварно не ми е јасно што е финтата со тој фетиш.
Зависи кој со што и како се самоидентификува ... Јас лично сметам дека е нон-сенс и ступидност е една Словенска нација до толку да забегува по некакви си антички идентитети кои припаѓаат на други народи (во случајов наши соседи). Шестнаесет кракото сонце од Вергина е стар хеленски/грчки симбол кој во средината ја претставува земјата (Геа) а тие краците ги претставуваат грчките антички богови и ај сега ќе се правиме со сила Грци ќе вееме старо-грчки симболи по спортски натпревари, слави, свадби, музички хепенинзи, христијански празници и.т.н. Убаво рече Љубчо Георгиевски пред некоја година во едно негово гостување на една тв емисија кога го спомна терминот т.н. антички Југословени !
Модерната Македонска нација е Словенска нација и нема ништо, никаков континуинет ниту генетски, ниту културен, ниту јазичен, со тие стари антички медитерански култури кои тука вирееле. Денеска целиот медитеран (Европски медитеран) говори или Латински/Романски јазици или Грчки јазик, па дури и во Албанскиот јазик 30-40% се Латински/Романски називи што не е случај кај Словенските јазици (Македонски, Бугарски, Српско-Хрватски, Словенечки и.т.н.) кои припаѓаат на сосема друга гранка јазици (Словенската/Славјанската). Незнам што е толку срамно во тоа да се биде Словен, Словените се повеќе од 300 милиони народ и да се отфрла вистинскиот идентитет (Словенскиот) а да се присвојува некаков си медитерански, античко-Македонски, Хеленски, старо-Грчки идентитет !
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.588
Поени од реакции
22.309
Некаде читав дека сонцето од вергина носи проклетство тој шо ќе го истакни несреќа му носи, исто со знамето на нацистите при бидејќи имаат убиено многу луѓе во војните под тој знак ,и тие што се приосоветуват со него го носат тој симбол го величат убивањето врз настраданите души. Грците се куртулија нас ни го наметнаја проклетството,
На некој провладин медиум дане си читал случајно?

Иначе, уште ли носат луѓе ко стока по митинзи и уште ли има луѓе што одат? Ваљда тоа се тврдокорните партиски борци.
Автоматски споено мислење:

Зависи кој со што и како се самоидентификува ... Јас лично сметам дека е нон-сенс и ступидност е една Словенска нација до толку да забегува по некакви си антички идентитети кои припаѓаат на други народи (во случајов наши соседи). Шестнаесет кракото сонце од Вергина е стар хеленски/грчки симбол кој во средината ја претставува земјата (Геа) а тие краците ги претставуваат грчките антички богови и ај сега ќе се правиме со сила Грци ќе вееме старо-грчки симболи по спортски натпревари, слави, свадби, музички хепенинзи, христијански празници и.т.н. Убаво рече Љубчо Георгиевски пред некоја година во едно негово гостување на една тв емисија кога го спомна терминот т.н. антички Југословени !
Модерната Македонска нација е Словенска нација и нема ништо, никаков континуинет ниту генетски, ниту културен, ниту јазичен, со тие стари антички медитерански култури кои тука вирееле. Денеска целиот медитеран (Европски медитеран) говори или Латински/Романски јазици или Грчки јазик, па дури и во Албанскиот јазик 30-40% се Латински/Романски називи што не е случај кај Словенските јазици (Македонски, Бугарски, Српско-Хрватски, Словенечки и.т.н.) кои припаѓаат на сосема друга гранка јазици (Словенската/Славјанската). Незнам што е толку срамно во тоа да се биде Словен, Словените се повеќе од 300 милиони народ и да се отфрла вистинскиот идентитет (Словенскиот) а да се присвојува некаков си медитерански, античко-Македонски, Хеленски, старо-Грчки идентитет !
Со твоја аргументација слободно и од името да се одкажеме. Туку што се повеќе Македонци тие што пред нецели сто години се донесени од Турција и доселени во Егејска Македонија? Тие ли се тие антички Македонци со континуитет 2500 годишна? На крај не е битно туку самоидентификацијата. Грција не може да има ексклизивитет над Македонија а ние тој не го бараме на пример како нив. И онака глупо е нации кои се измислени пред 200 години да бараат континуитет до антиката. Али тоа сонце е најдено и на наша територија и земјата се викала и вика Македонија, доволно за Македонската нација да се идентифицира со тој симбол и тоа име. Денешните Грци со старите имаат зaедничко што живеат на иста или слична земја. Исто така се нова нација како секоја нација, збиралиште од тие луѓе кои живеат во исти Гранци и со кои делат ист јазик. Ништо повеќе.
Автоматски споено мислење:
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.649
Поени од реакции
88.395
Заев вели дека во Јануари ќе разговарал со Борисов за провокацијата со јазиците, а нему на 3 Јануари му завршува мандатот... :facepalm:
Автоматски споено мислење:

Леле сељаков :pos:

IMG_20191216_003134.jpg
 
D

Deleted member 53418

Гостин

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Ќе се апсат 17 лица по земјотресот во Албанија

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51 лице во земјотресот со јачина од 6,4 степени минатиот месец кога се срушија десетици згради, соопшти полицијата, додавајќи дека денеска девет лица се уапсени.

е сега да видиме како е кај нас.. уште 1961 беше уапсен и затворен проектантот на Дом на Синдикати, висококатница која стои и денеска, а затворен беше бидејќи вградил доволно железна арматура во столбовите, не како во зградите бр11 и бр.13 во Карпош каде земјотресот ги ничкоса..
После го ослободија, проектантот, ама жртвите ??
Одиме во поново време, пред околу 20-25 години, во време на градоначалникот Пенов, кај нас во н.Ново Лисиче се запали кровната конструкција на една станбена зграда и изгоре жив еден човек, инвалид во количка...
Бргу се разоткри дека електричната инсталација била непрописно спроведена, а Пенов по медиумите се закани со апсења..
Но баш тогаш, случајно разговарав со еден од народните правобранители.. тој отворено се посомнева дека ќе има правни конвексекции , од проста причина што кај нас за становите има гарантен рок од само 2 години..
абе што ќе зборуваме за градбата, па кај нас суд во пресуда за спорови за квадратури на станови се фаќа за застареност
Одговорност од проектанти се побара и по катастрофалната поплава , поради лошо проектирано одводнување на обиколница, но не само што не се покрена никаква постапка, туку и САНАЦИЈАТА се направи по истиот проект, не верувам дека се отклонија недостатоците..
Најново е автопатот Кичево - Охрид, по шарената сдсм галама за грешки во изведување, па грешки во проект( а напраен во нивно време), сега почнаа во медиуми дека проектот е добар, а со изведувачот Синхидро, кој прво беше популистички обвинет дека дал МИТО на ех политичарите, се направија дузина нови екстра договори за клучки со попатните села...

Е сега Албанија не да ги гони само приватните сопственици, уапсен е и раководител на државно одмаралиште на полицијата, каде загинал висок полициски функционер..
А кај нас се расправам со проектантот дека главна електричната табла во зграда не иде да биде под цевките за одвод, а тој се вади, стаив корито над таблата, ќе издржи 10-на години а јас ќе бидам во пензија тогаш...
а Технички прием се праи во кафана...
odime po red za RABOTNICKI DOM. Ne bese zatvoren proektantot ili arhitektot,tuku vo Idrizovo lezese gralvniot nadzoren GR.inzinjer JOVAN. Pisano e sto se desi so nego i taka e AMA i ova da se znae ,Posle besplatniot prestoj vo Idrizovo, osuseden nevino toj toa nemozese da go preboli,brzo se razbole,kojznae kako go tretirale tamu Prvoborcite, covekot skrena so umot,pobudale, mrdna po naski sto se veli i poveke vreme pominuvase vo Bardovci nego li doma.Covekot ne stvori familija.Bese od istocna Makedonija.Diplomiral vo Zagreb.A bese mnogu napreden i pameten i davase mnogu inovacii za toa vreme.No kaj nas ne uspevaat takvite tuku onie sto imat vo torbata cvarci i vince za sefot,Sum go osetil toa na svoj grb.Bog da go prosti inz.Jovan. Za zemjotresot na Rabotnicki dom mu padnaa samo dve mermerni plocki od gornata ivica a se lulase kako lulaska toa utro i bese obelezan so tri zeleni linii-OBJEKT BEZ OSTETUVANJE.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.837
Поени од реакции
12.342
Па па па, отишол на утакмица чоекот па џанам сите да го дознаат..., можи дневници ќе лапне ако е "службено"
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom