Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
На Лукоил во Скопје ставив пред да тргнам (полн резервар). Инаку приметив дека и потрошувачката малце и е поголема за некои 5-6л. (вкупно на истава релација СК-БГ) но можеби зошто е зимо па парно цело време, или и тоа е знак за нешто?
Жив бензин да не фрла штом потрошњата ти се зголемила.Си приметил кога работи у место некаков мирис различен од претходно?
 
Za gradska zborime pali gasi po 2-3 km, na avtopat recisi ista potrosuvacka mi vaga

Сосем нормално и очекувано за таква вожња. Дизелите споро загреваат бидејќи не трошат многу гориво и нема вишок топлина да го “стопли“ моторот за брзо. За тие 2-3 км колата ти работи нон стоп под саук народски да се изразам и нормално троши плус. Биди среќен што е толку, да си со бензин со таква вожња ќе видиш што е качување на потрошувачка. :ROFLMAO:
 
Жив бензин да не фрла штом потрошњата ти се зголемила.Си приметил кога работи у место некаков мирис различен од претходно?
Баш пред малку ја гледав, мирисот на издувни гасови нормален, нема плав чад и сл. Возев пред малку низ Белград. Ја нагазив на неколку пати "дивјачки" влече корне. Кога ја запалив на ладен мотор од ауспух само водена пара (мирис нормален), се загреа моторот и нема никаков чад. Едноставно се е нормално сега.
 
Не ја форсирај многу. Толку му е силата а и стабилноста за високи брзини на тоа пунто. Ја мислам дека нема проблем да се вратиш до МК со нормална вожња без форсирање.
Автоматски споено мислење:

Полоша верзија од 1.4 кај Опел беше кога излегуваа Астри со 1.2 мотор. На сите им ,,летна врапчето,,

За турбо...една две препораки: никако турирање на ладно бидејќи турбината нема постигнато оптимална температура, а знаеме дека металите се шират на температура. така.....осовината е загреана, а телото на турбото не.....па доаѓа до различно ширење на металите и КАПУТ...

исто така не се гаси одма многу загреана кола....како што прават ,,скопјаништата,, на Стража кај мекиците. Ги форсираат нагоре како да ги гони самиот ѓавол.....идат горе и одма го вадат клучот.

Најлоша варијанта е гасење на моторот под обртаи......моторот запира со работа, а со тоа и маслената пумпа, а турбото бидејќи врти на 30-40 000 вртежи, продолжува по инерција да врти....но без масло за подмачкување

Да се надоврзам со уште една препорака, не ја возете колата долго време на ниски вртежи, значи на 1200 или 1300 во 5 или 6-та брзина зошто и самата маслена пумпа на овие вртежи има слаб проток и ствара помал притисок, можеби недоволен да го подмачка турбото како и самиот мотор.

Многу ова возење на ниски вртежи го прават зошто мислат дека колата им троши помалку гориво вака. Во реалност кај дизелите малку повисоки вртежи (на пр. 1800-2000) не ја качуваат потрошувачката толку како кај бензин а вакво возење е и далеку поздраво за самиот мотор и за двомасниот замаец.
 
Последно уредено:
Дечки дајте инфо за растурени делови од коли DSG автоматици било каде во МК
фала
 
Дечки дајте инфо за растурени делови од коли DSG автоматици било каде во МК
фала
Другар овие не поправале ДСГ,моја препорака ти е или сервис да го пратиш Бугарија или половен исто од Бугарија.Барај ги Мега во околината на Софија,најснабдени се половни делови
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Мислам дека даваат и гаранција
Автоматски споено мислење:

Дечки дајте инфо за растурени делови од коли DSG автоматици било каде во МК
фала
Види и кај Luma или кај Ekko во Чаир
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Баш пред малку ја гледав, мирисот на издувни гасови нормален, нема плав чад и сл. Возев пред малку низ Белград. Ја нагазив на неколку пати "дивјачки" влече корне. Кога ја запалив на ладен мотор од ауспух само водена пара (мирис нормален), се загреа моторот и нема никаков чад. Едноставно се е нормално сега.
А да пробаш ако го прави истото да вратиш од 5та во 4та дали ќе направи разлика (што рече дека не примаше над 100ка). Барем да знајш дали е проблем во делот за гориво или преносот.
 
Имам Corolla 2003 1.6 бензинец, се прашувам дали е нормално да не дува топло вентилаторот се додека не постигне температура колата?
Не е со аналогни кружни копчиња туку со дигитални копчиња, не дува воопшто топло пред да загрее колата после 10на до 15 мин на ладново...
Некое искуство, совет? Дали е вообичаено ова...
 
А да пробаш ако го прави истото да вратиш од 5та во 4та дали ќе направи разлика (што рече дека не примаше над 100ка). Барем да знајш дали е проблем во делот за гориво или преносот.
Фала на грижата. Само што стигнав во Скопје (430км без да изгасам мотор). Малку ми беше страв да не се случи нешто по пат, но се помина идеално добро -фала богу. Како и секогаш кога сум ја возел оваа релација со оваа кола 100-140км/ч без проблем. Немаше никакво гушење на мотор. Сега сум во двоумица не наведов дека натака кога не сакаше да крене над 100 (друг пат на истото место сум возел 120) бев на успон и дуваше многу јак директен ветар дури ми скокаа краевите на брисачите (имам аеро брисачи). Да не дигнав малку паника за џабе (успон + силен директен ветер па да имав чуство како да гуши)?
 
Здраво.
Пред некој ден, ја палам колата, покрај ѕид паркирана, и јасно се слушаше нешто како да како нешто врти и чепка на метал пред моторот, не е перката, инаку имам Бмв 320д, и кплку што знам овие коли имаат ланец, е сега дали е време за менување, или ќе тера уште, и при палење како да префрла, метален звук и стартува, не пали одма на прв заб...Знам дека не ќе да е евтино за менување, околу 300-400€... -_-
 
Па пред колку време имаш мењато ланец? Или газдата пред тебе ако ти е скоро купена. Најарно смени си сга на време ланецо, оти знам кај нас у град еден има 530д и не сменил ланец ногу длго време и му се скине и цел мотор му поебе. Така да шо си е сигурно сигурно си е
 
Како пред колку време мењал ланец?Тој трае исто колку и моторот ако е на квалитетно уље возено аутото
 
Здраво.
Пред некој ден, ја палам колата, покрај ѕид паркирана, и јасно се слушаше нешто како да како нешто врти и чепка на метал пред моторот, не е перката, инаку имам Бмв 320д, и кплку што знам овие коли имаат ланец, е сега дали е време за менување, или ќе тера уште, и при палење како да префрла, метален звук и стартува, не пали одма на прв заб...Знам дека не ќе да е евтино за менување, околу 300-400€... -_-
Све може да биде
За која година и колку кс сили се работи
320д е широк поим
 
Здраво.
Пред некој ден, ја палам колата, покрај ѕид паркирана, и јасно се слушаше нешто како да како нешто врти и чепка на метал пред моторот, не е перката, инаку имам Бмв 320д, и кплку што знам овие коли имаат ланец, е сега дали е време за менување, или ќе тера уште, и при палење како да префрла, метален звук и стартува, не пали одма на прв заб...Знам дека не ќе да е евтино за менување, околу 300-400€... -_-

Најверојатно затегачот за ланецот веќе е истрошен тоа треба да се смени и штом да се смени затегачот смени го и ланецот препорачано е, инаку ако тераш вака прво ќе почне потешко палење и со тек на време ќе почне да чука,тропа ,рже како крнтија кола и кога тогаш ланецот не да кине туку ќе попушти и се тоа ќе влијае расипување на запчаници поврзан со брегаста осовина и се така ќе се прошири и полошо ќе биде за поправка

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom