Не заслуживме пласман даље, ама останува горкото чуство дека можевме многу повеќе, и имавме капацитет за такво нешто, и за тоа ми е најкриво, што не беше случај пример лани.
Причини за елиминацијава има многу и право чудо е колку џокери не успеавме да искористиме, конкретно за вчера повторно проблеми со реализација а и концентрација, Лукаку мораше многу боље да реагира на 1-1, годин кој ни е најискусен играч многу боље на 0-0 кога ради него примивме гол, али во глобала све ако се земе у предвид, преголем луксуз си дозвоиливме а имавме зицер ситуација вчерашниот меч да биде само ревијален.
Прво коло со прага дома практично и надиграни, Конте признава по мечот дека промашил, тоа не кошта 2 бода со кои вчера на пример и со реми ќе бевме задоволни.
Второ коло со барса гости, имаме 0-1 и зицер ситуација промашена од лаутаро за 0-2 во прво, на крај се дешава прелаз и губиме, ама ајде задоволни од игра, пристап, капираме дека тимов има капацитет за повеќе.
Четврто коло 0-2 гости со дортмунд на полувреме, на крај не успеваме ни бод да освоиме а дури и тоа доста ќе значеше зашто
победата со прага ќе не однесеше во следна фаза , али не, пак јадеме прелаз и тоа за 10 минути у второ, ова беше моментот кој практично и ни пресуди зашто ипак 0-2 a ти одговара дури и реми, а на крај губиш е way too much, бар според мене.
Вакво условно речено, луксузирање, и трошење на шанси во фудбалот скапо се наплаќа, затоа и мислам дека не заслуживме да идеме даље бидејќи премногу џокери истрошивме а трагедијата е што имавме капацитет, шанса и прилики уште пред 2 кола да си го решиме тоа прашање, вклучувајќи го секако и вчерашниот меч, против десеткувана барса. Taка да секое право го иаме да ни биде апла криво за пропуштените шанси, и да вриеме, тоа е реалноста и нема бегање од истата.
Тука ќе ги додадам и повредите на сенси и барела ко доста несреќен фактор за нас, после прага убеден бев дека барем сенси ќе игра денес и го чуваат а испадна нешто сасвим трето. Ситуацијата у клубот беше таква што задњи месец дена зависиме само од двајца играчи, Лукаку и Лаутаро, и сеуште не сме тим што може да си дозволи не еден туку двајца најбољи играчи да отсуствуваат. Kога е во прашање играта од нападот, импактот од останатите е премал, а пак вадевме добри резултати, но што кога они ќе затајат е одговор кој го добивме на задњи 2 утакмици, каде лаутаро не даде гол, а лукаку даде 1.
Од вчерашните 11 на терен и општо оние 11 што ни играат скоро месец дена, 8 се дел од ланскиот интер, нови играчи само годин, лукаку и бираги, овој последниов е downgrade, лукаку го покрива икарди, само годин е значителен апгрејд, така да горе доле задњи месец дена според квалитет на ростер воопшто не се разликуваме од оној интер лани што едвај отиде во ЛШ.
Затоа и не сакам индивидуално да му се бесам на никој за јајца, мислам дека се оставаат на терен секој меч и тоа лично ко навивач го ценам многу, вклучувајќи го и вчерашниот меч, општо сезонава каде за прв пат после скоро 10 години глеам 11 души како гинат за секоја топка 90 минути, е сеа јебига, некој со квалитетот заслужува да е тука, некој не, едно 5-6 души сигурно, и тој податок сеуште негативно влијае врз тимот.
Тимов е уште у фаза на изградба и тоа конте на вчерашниот прес го кажа, и искрено се надевам дека многу помалце од наредна година ќе гледам играчи од типот на кандрева, весино, валеро, бираги, дамбросио, лазаро ( кој кур е овој донесен ) и ред други кои сезонава ради низа случајности се изнаиграа. Играта е тука, системот исто, фали уште квалитет, проблем кој за едно лето секако не можеа да го решат, али проблем кој треба да продолжи да се решава уште од сега, Јануари, нарочито зашто им се укажува прилика да се борат за скудето.
Сега ќе се види каков тренер е Конте, и на која насока ќе тераме сезонава, до овој период и Спалети знаеше да има позитивни резултати...
До овој период спалети еднаш имаше позитивни резултати, првата сезона, лани овој период веќе заостануваа зад јуве. Првата сезона добро ја почна, ама играта ни беше катастрофална и прашање на време беше кога ќе се деси крах ако не се поправат ( а не се поправија ), потоа од декември до февруари скорот им беше една победа, пет нерешени и 2 порази, плус не бевме дел од Лигата на Шампионите, нит пак игравме во ЛЕ, што треба да го земеш во предвид кога веќе повлекуваш паралела со ќељавиот. Лани со ЛШ потонаа бодовно многу рано во лига, или конкренто до овој дел од сезоната имале изгубено цели 15 бодови и заостануваа доста зад јуве.
Али во право си, пред доста сериозен тест е Конте сега за да ги крене психички пред Се, зашто ваквиот развој на настаните во ЛШ влијае врз играчите тоа сигурно. Jа лично не верувам дека Конте ќе дозволи таков блекаут ко што имавме со Спалети, зашто за разлика од тој интер, овој игра многу боље и не наговестува дека нема да се способни за победа месец ипол-два. Доброто за нас е што паузата е ако не се лажам после 2 кола, сега Фиорентина па Џенова.
У најлош случај за нас 4 бода би заостанувале зад јуве, али too much negative thougts не е на арно. би требало барем џенова дома да ги издуваме па или да сме пак бод два пред нив или бод два заостанување да имаме пред паузата и пред почнувањето на јануарскиот преоден рок, нешто што нит со спалети нит со неговите претходници не беше случај, обично тој период веќе осетно заостанувавме зад јуве.