На надворешни температури од +6 +7*С, не би требало да се проблем за ваква клима. Претпоставувам дека е стара климава повеке од 7-8-9 год па можно да е до фреонот... доколку не е постара од 3 год тогаш е чудно те веројатно квар!? Во секој сл на +7 +8 таа мора да грее солидно да даде 40-50*С на издувот. Почекај викендов ќе се качат дневните до кај 10*Ц и измери температура на издув - термометарот во рака 5 минути доближен до внатрешната, но внимателно не многу внатре да не закачиш вентилаторот и напраиш беља!.... на вклучена клима се разбира греење сетирана на 25*Ц нека дува во прва или втора брзина... ако е издувот под 40*Ц мајстор, ако даде над 45, не е до климата... до тебе е! Ако е креветот блиску до климата...тоа е проблем! На 3 метри од внатрешната (во правецот на дување), не би требало да престојуваат луге од внатрешната! Затоа за мали простории не се препорачува клима или се става на спротивен крај од местото каде се престојува...