Еве ви уште еден извор на протеин, што го практикувам во последно време: риба папалина (ја имате замрзната во скоро сите маркети и кошта околу 70 денари за кг). На 100 грама содржи 17-18гр протеин и е богата со омега 3 (european sprat). Ги ставам неодмрзнати во тенџерче, малку масло, еден цеден лимон, зачини и ги оставам на тивок оган да се варат поклопени со капак.
Откако ќе бидат готови имаат сличен вкус на сардината, само што вака за цена од 70денари рибите + лимон и подготовка 20 денари = макс 90 денари добивате околу 5-6 порции по 150тина грамови риба, т.е 5-6 оброци со по 25+ грама протеин.