Најјак лик е
@Трибиани (во позитивна смисла), страда од хроничен panic mode кога станува збор за Интер.
Еве им убава шанса со победа да дојдат до прво место, за мал позитивен ефект врз самодовербата, пред овој многу тежок период со тешко противници и со проблемите со повреди во средина.
Нормално прво место апсолутно ништо не значи во овој момент, ама можеби би спречило паничење во ситуација да не извадат добри резултати со Рома, Барса и Фиорентина после тоа.
Големо разочарување е што Сенси нема да се опорави во текот на овој период, посебно за натпреварот со Барса, таму беше најпотребен. Уствари не е само разочарување туку и проблем. Не знам што стана со човекот, изгледа се повредува од станување и седнување. Се надевам дека е само моментална лоша среќа, а не нешто што ќе го влече цела кариера.
Нема потреба да повторувам колку работи ќе сменеше ако имаа уште еден квалитетен мидфилдер сега, нели?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Таа одлука на почеток на сезона може клучна да се покаже ако затераат неколку лоши резултати. Да се надеваме дека Конте ќе извади неколку трикови од ракав и ќе ги добие тешките утакмици кои следат, особено со Барса, затоа што во него треба да се крстат сега и здравјето на двојката напред.