Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
А тогаш не се носеле секретарки по хотели?
Денешниот систем е бледа копија на претходниот,истите луѓе владеат и тогаш и сега.
Автоматски споено мислење:

Словенија и тогаш беше и сега е лидер на Балканот, не ти ја гледам поентата во споредбата со нас.

Ова ко од скечот на К-15 кога Цацко вика дека комунистите го убиле Гоцета Делчев, а реалноста е оваа:
Прегледај го приврзокот 223923Прегледај го приврзокот 223924
Ова е ко Талат да се поклони пред гробот на Вејце и Карпалак.
Неговото валдеење го убило Ченто и луѓето кои верувале во Гоцевите идеали.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ова е ко Талат да се поклони пред гробот на Вејце и Карпалак.
Каде може да најдам слика од дотичниов настан?

Гоцевите идеали.
Гоцевите идеали беа да може да се наречеш Македонец, да се школуваш на македонски јазик.
Во сите свидетелства и документи што ги имав во Ју пишуваше националност Македонец, јазикот што го учевме беше македонски.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
Каде може да најдам слика од дотичниов настан?

Гоцевите идеали беа да може да се наречеш Македонец, да се школуваш на македонски јазик.
Во сите свидетелства и документи што ги имав во Ју пишуваше националност Македонец, јазикот што го учевме беше македонски.
Да ама затоа денес баш таа генерација си зема за право Тито да го стави пред Гоце.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.916
А тогаш не се носеле секретарки по хотели?
Денешниот систем е бледа копија на претходниот,истите луѓе владеат и тогаш и сега.
Никогаш во историјата толку голем број на луѓе не биле во ситуација да крадат. Од министри во влада до директорчиња во јавни претпријатија, не постои функционер кој не ја злоупотребува положбата. Никогаш не владеела ваква корупција и не се крадело така бесрамно. Сите овие мултимилионери никнаа во деведесетите во независна Македонија, со грабеж на фирмите кои беа државни. Пред тоа беше незамисливо крадење на таква скала, тоа беше научна фантастика. Денес е секојдневие. Отвораш фирма и ти легнува тендер од 20 милиони евра. Ги менуваш опинците со кожни чизми и тераш.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.957
^ многу добро срочено
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Никогаш во историјата толку голем број на луѓе не биле во ситуација да крадат. Од министри во влада до директорчиња во јавни претпријатија, не постои функционер кој не ја злоупотребува положбата. Никогаш не владеела ваква корупција и не се крадело така бесрамно. Сите овие мултимилионери никнаа во деведесетите во независна Македонија, со грабеж на фирмите кои беа државни. Пред тоа беше незамисливо крадење на таква скала, тоа беше научна фантастика. Денес е секојдневие. Отвораш фирма и ти легнува тендер од 20 милиони евра. Ги менуваш опинците со кожни чизми и тераш.
Виновниците се тие со ружата и петокраката....синчињата на директорите. Нема поодвратна група на луѓе од таа....
Само како за споредба, негде почеток на 90 ти му даваат празен лист и пенкало на еден мој роднина, да прави список за отпуштање.
Се пишал прв, и им го дал....сега чува крави. Ни Господ не му може ништо, ама ретки се тие луѓе.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
Многу е лошо што одма правите споредби со сега и автоматски испаѓате во право а со тоа сте исти како они што викаат а претходните(сдс,дпмне) повеќе крадеа.

За мене Југославија е мит и ќе остане мит и животот во неа исто така.
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Точно. Југославија за тебе е мит. Не си живеел во неа. Сега читаш, ама многу работи што ги читаш се неточни.
За мене Југославија не е мит. Повеќе време сум бил жител на Југославија, отколку на сегашна Македонија. Ги знам и добрите и лошите страни и на Југославија и на Македонија.
И да те прашам: Уште ли живееш во Македонија или веќе ја напушти? Ако е добро да се живее во неа, зошто бегаш (или се спремаш да бегаш) од неа?
Од Југославија некогаш бегаа политичките противници (Туѓман, Изетбеговиќ, Шешељ - веднаш после војната), потоа бегаа криминалците (крајот на седумдесетите и осумдесетите). Од Македонија не бегаат ниту едните, ниту другите. Бегаат само оние што не гледаат просперитет тука (и ти си еден од нив). Сето тоа од добар живот.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
Точно. Југославија за тебе е мит. Не си живеел во неа. Сега читаш, ама многу работи што ги читаш се неточни.
За мене Југославија не е мит. Повеќе време сум бил жител на Југославија, отколку на сегашна Македонија. Ги знам и добрите и лошите страни и на Југославија и на Македонија.
И да те прашам: Уште ли живееш во Македонија или веќе ја напушти? Ако е добро да се живее во неа, зошто бегаш (или се спремаш да бегаш) од неа?
Еве на тоа се иде цело време кој ја напуштил Македонија и оти не си седел во Македонија.
Јас Македонија ја напуштив пред една година на 8 месеци па се вратив,за пред една недела пак да ја напуштам но 90% сум сигурен дека нема никогаш да ја напуштам засекогаш и дека на одредена возраст пак ќе се вратам
Јас ни во еден момент не кажав дека сега се живее подобро од тогаш па скоро во ниеден сегмент од секојдневието,па дури и ако зборуваме за партиотизмот,тогаш македонското население се чуствувале побезбедно него сега по улиците и општо во цела држава.

А тоа дека е само една вештачка творба,создадена за потоа да се случи тоа што се случи,создадена од политички фактори од запад со корист во нивни цели.
Добриот живот за некој 20 години,овозможи да се случат грабежи на фабриките,но пред се умирање на селата во Македонија а без јаки села нема јаки градови и јака држава.
Чист пример е за тоа Словенија бе луѓе,пред носот ни е,никогаш не биле силни Југословени како вас а гледај каде се сега они каде сме ние.
Народот го прави системот така тогаш така и сега,се додека се навраќате на минатото нема да има никаква иднина.
Словенците се припремале за тој распад на Југославија биле свесни дека тоа ќе се случи а не ко вас и вашиот Киро,до последен момент да бара да остане последна дупка,пикната под нозете на Милошевиќ и Белград.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Чист пример е за тоа Словенија бе луѓе,пред носот ни е,никогаш не биле силни Југословени како вас а гледај каде се сега они каде сме ние.
Си живеел ли во Словенија? Љубљана некогаш ми беше база (7-8 години) кога бев на твои години. Уште тогаш таа беше далеку пред Македонија.
Југославија (како СФРЈ) дали вештачка или природна творба постоеше половина век, значи дека не беше мит. Ќе беше мит ако воопшто не постоеше. Додека ја командуваше Тито, таа беше стабилна и цврста творба. После Тито се распадна, како што во блиска иднина ќе се распадне и (сегашна) Македонија.

Тебе Југославија не може да ти недостига. Она што не си го имал, како ќе ти недостига?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
Си живеел ли во Словенија? Љубљана некогаш ми беше база (7-8 години) кога бев на твои години. Уште тогаш таа беше далеку пред Македонија.
Југославија (како СФРЈ) дали вештачка или природна творба постоеше половина век, значи дека не беше мит. Ќе беше мит ако воопшто не постоеше. Додека ја командуваше Тито, таа беше стабилна и цврста творба. После Тито се распадна, како што во блиска иднина ќе се распадне и (сегашна) Македонија.

Тебе Југославија не може да ти недостига. Она што не си го имал, како ќе ти недостига?
Добриот живот за кој се зборува сега е мит,а не велам дека тогаш не се живеело посреќно и поубаво од денес,ама тоа не затоа што тогаш имало некој фантастични услови и систем туку поради поедноставниот начин на живот.
Ниту Тито ја командувал,ниту била добра поради него,ете тоа е митот.Како и сите други политичари така и он бил поставен со некоја цел,негово било да се држи по тоа сценарио.
За луѓето кои мислат со своја глава нема ни еден добар систем,па така ни овој.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom