Ова денес беше срамно непочитување кон Вардаровото реноме. Високото ниво на игра што се градеше со години, сега е за половина уназадено, а играчите најверојатно немаат проблем да играт на вакво паднато ниво. Обајцата тренери оваа сезона делуваат изгубено, и досега не покажаа дека се дораснати за продолжување на стилот на игра што беше воспоставен.
Муабетот дека со толку играчи, толку може да се игра, не може да се зеде сериозно, затоа што со истите играчи, во исти услови, минатата сезона кренавме златен пехар.
Додека пак, новите играчи се далеку од пополнување на големите патики што ги оставија нивните претходници.