Дали има задгробен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата soldier
  • Време на започнување Време на започнување
И јас можам да тврдам дека некој се вратил од Марс. И ми раскажал како е таму. Или дека бил во центарот на земјата. Ама тоа се празни зборови. Без докази. Исто како и твоите.

Твоето „Да„ останува саде збор од цели две букви. Личните ставови не ја менуваат реалноста.

Нема да речам дека лажеш. Не е културно. Ама може ли тој што ти кажувал да те лажел? Или се шегувал со тебе? Како можеш да му веруваш некому само на збор? Без конкретни докази?

Овде имаме само твое тврдење дека познаваш таков човек. Без никакви докази. Затоа, ако немаш нешто конкретно, нема потреба да продолжуваме со дискусијата.

Паланчански,

немаш „материјал„ за оваа тема, но утешно е што ти останува она „не„, кое ти е на располагање во секој момент, и кое („не„) ги соборува сите реални настани како од зафрканција...

Не, дотичниот лик не се шегуваше, особено не по се‘ што има претргано, а ако ме излажеше, тоа самиот ќе го забележев и без твојава „помош„.

Докази има колку сакаш, но твој проблем е што нејќеш да ги прифатиш, оти, како веќе напишав, македонското „не„ ги соборува сите докази, дури и оние очигледните.
 
Докази има колку сакаш, но твој проблем е што нејќеш да ги прифатиш, оти, како веќе напишав, македонското „не„ ги соборува сите докази, дури и оние очигледните.
Каде? Каде????
Овде имаме само твое тврдење дека познаваш таков човек. Без никакви докази. Затоа, ако немаш нешто конкретно, нема потреба да продолжуваме со дискусијата.
 
Живеењето во заблуда се‘ уште не е забрането со закон, така да...Кој сака заблуди, ете му можност!
Мики, да беше заблудата забранета со закон, ти сега на Боки 13 цимер ќе му беше и ќе му објаснуваше дека златоуст има друго значење.
 
Мики, да беше заблудата забранета со закон, ти сега на Боки 13 цимер ќе му беше и ќе му објаснуваше дека златоуст има друго значење.

Ipsi,

во твојата идеологија, педерастијата не е забранета и не претставува гревовно однесување, така да „златоутоста„ не ти е туѓа и го има точното а не „другото„ значење...
Автоматски споено мислење:

Каде? Каде????

Барај и ќе најдеш...Просто е.
 
Барај и ќе најдеш...Просто е.
Луѓето не знаат го законот на универзумот. Шо бараш тоа и ќе најдеш. Бараш докази постои нешто ке ги добиеш. Бараш докази дека не постои нешто исто ќе ги добиеш.
 
@MIKI1 Јас тврдам дека ти си вмешан во масакрот кај Смилковско Езеро. Сакаш докази?
Барај и ќе најдеш...Просто е.

Паланчански,

ти тврдиш, не јас, така да ти треба да изнесеш докази, не јас...

Обиди се пак, не е забрането.
 
Паланчански,

ти тврдиш, не јас, така да ти треба да изнесеш докази, не јас...

Обиди се пак, не е забрането.

најголем доказ ти е тоа дека нема доказ хаха
 
за задгробниот живот бе мики, темава не е за смилковско

Бев посочен како учесник на Смилковско па затоа го наведов.
А како треба да „изгледа„ доказот за постоењето задгробен живот?
 
Бев посочен како учесник на Смилковско па затоа го наведов.
А како треба да „изгледа„ доказот за постоењето задгробен живот?

некоја снимка од таму како е да видиме
 
Паланчански,

ти тврдиш, не јас, така да ти треба да изнесеш докази, не јас...

Обиди се пак, не е забрането.
Ти тврдиш дека постои задгробен живот, не јас, така да ти треба да изнесеш докази, не јас.

Обиди се пак, не е забрането. Дај докази дека постои задгробен живот.

По твое јас треба да докажувам дека нешто не постои (задгробен живот), од друга страна треба да докажувам дека нешто постои (твојата вмешаност).

Ајде еднаш почни да мериш со ист аршин! Не менувај го по потреба.
 
И ти тврдиш дека постои задгробен живот, не јас, така да ти треба да изнесеш докази, не јас.

Обиди се пак, не е забрането. Дај докази дека постои задгробен живот.

По твое јас треба да докажувам дека нешто не постои (задгробен живот), од друга страна треба да докажувам дека нешто постои (твојата вмешаност).

Ајде еднаш почни да мериш со ист аршин! Не менувај го по потреба.

Доказ и докази се сите сведоштва од поединци, кои ги доживеале искуствата од нивните души, кои (души) го напуштиле материјалниов Свет, небитно дали душите привремено ги напуштиле своите тела па се враиле „назад„ или душите биле и во духовниот Свет.

Доволно?

Не?...

ОК.

Почни да истражуваш...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom