Привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје
четврток, 07 ноември 2019
На 06.11.2019 година до Берзата е доставено Решение од Комисија за хартии од вредност со кое се изрекува привремена забрана за вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје.
Оттука, Ве известуваме дека членката Илирика Инвестментс АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредност на Македонска берза АД Скопје во времетраење од 15 дена, започнувајќи од ден 07.11.2019 година. Воедно, согласно Решението од КХВ, брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.
Знае некој што е причина??
СООПШТЕНИЕ ОД 45 ТА СЕДНИЦА НА КХВ
06.11.2019
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 45-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе две Решенија со кои се изрекуваат следниве мерки :
- Привремена забрана на брокерската куќа "Илирика Инвестментс" АД Скопје во времетраење од 15 дена за вршење на сите услуги за кои има добиено дозвола. Вакво решение, КХВ донесе откако констатира дека при реализација на трансакции со акции на "Скопски пазар" АД Скопје, брокерската куќа континуирано и систематски не го почитувала Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, а со тоа и Законот за хартии од вредност. При одмерувањето на казната, КХВ го зема предвид и досегашното поведение на овластениот учесник. Имено, на брокерската куќа и на одговорното лице, досега им се изрекувани повеќе санкции.
- Јавна опомена на брокерската куќа "Инвестброкер" АД Скопје и на директорот заради непостапување во целост согласно членовите 14 и 17 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со што е постапено спротивно на член 180-а од Законот за хартии од вредност. Овие прекршувања се направени при трансакции со акции на "Скопски пазар" АД Скопје.
На седницата што се одржа на 6 ноември, 2019, КХВ по завршена јавна расправа усвои два подзаконски акта и тоа: Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрување на приватна понуда на хартии од вредност и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за документите што ги доставува издавачот на хартии од вредност при поднесување на барањето за одобрение на јавна понуда на хартии од вредност.