Убиецот на малиот Алмир повторно во судир со законот, по трет пат во рок од 5 години
Како што информираат албанските медиуми, учесникот во физичка пресметка а потоа и газење со автомобил на три члено албанско семејство во кое загина малиот Алмир Алиу, повторно паднал во судир со законите.
Овој пат се сомничи дека во јули 2019 сторил кривично дело Самовластие, употребувајќи сила и закана одзело од оштетено лице 5000 евра.
Меѓу заканите кои ги упатил било и: Влези во автомобилот или ќе те ставам во гепек,
јас сум убил мало дете, а тебе ќе те колам, знаеш ли кој сум јас. При што му го исцепил џебот од панталоните на оштетеното лице и му одзело 5000 евра.
Бобан Илиќ претходно бил гонет и за напад врз службено лице - полицаец, за кое дело на фејсбук се гордеел.
Бобан Илиќ исто така на денот на ослободувањето од притвор, му за
закани на новинар со зборовите: Сакаш ли да се вратам одма назад во затвор.
На чуден начин, се спаси и братот на Бобан, кој што јасно се гледаше на тогашната снимка дека физички напаѓа. Но за судот не беа невини таткото на малиот Алмир и двајца негови роднини, тие беа казнети на по 9 месеци ефективен затвор.
Бобан Илиќ за убиството на Алмир доби само 6 години затвор, а гледајќи како се одвиваше целата судска постапка, веројатно ни тие нема да ги одлежи.
Се мислеше дека со промена на власта, партиското судство ќе заврши, но се чини дека и во овој случај партијата работеше да нема правда, таткото на Бобан Илиќ бил близок човек со раководството на Сдсм.
Па затоа наместо во долгогодишен затвор, Бобан Илиќ ќе биде локален моќник, со слободни раце, а има и како да се заканува : Сум утепал дете ...