Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Па ништо, фирмата по бук е 30 К. Ако решат да го проверат букот и почнат да продаваат имот, ќе биде весело.

Современ Дом не крие дека сака да си врати дел од инвестицијата преку дивиденда. Финтата е што по статут СПАЗП земаат барем исто колку обичните, плус 61 денар. И сеа логично, цената треба да се приближи до обичните. Те да рипне од 5,9 К на 18+

BUY (имам СПАЗП)
Ќе ги конвертираат во обични.

Само внимавај, веќе се обезбедени со 50%. Уште малку ќе купуваат, па после нема да можеш да ги продадеш и на 3.000 денари.

(Ова е моја претпоствака само - немам инсајдерски информации)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Нешто ми нема логика оваа прикаска со конверзијава на СПАЗП. Па ваљда ако имаат мнозинство за конвертирање на приоритетните, имаат и мнозинство за контрола на фирмата?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Нешто ми нема логика оваа прикаска со конверзијава на СПАЗП. Па ваљда ако имаат мнозинство за конвертирање на приоритетните, имаат и мнозинство за контрола на фирмата?
Епа ако ја видиш како е сопственичката структура кај обичнити, каква е сопственичката структура кај приоритетните, и со конверзија како би се променила сликата, тогаш ќе има логика самата конверзија.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Па ништо, фирмата по бук е 30 К. Ако решат да го проверат букот и почнат да продаваат имот, ќе биде весело.

Современ Дом не крие дека сака да си врати дел од инвестицијата преку дивиденда. Финтата е што по статут СПАЗП земаат барем исто колку обичните, плус 61 денар. И сеа логично, цената треба да се приближи до обичните. Те да рипне од 5,9 К на 18+

BUY (имам СПАЗП)
Еве што пишал ревизорот
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
293
Поени од реакции
240
Дали е оставено само на пазарна проценка на самиот субјект издавач на обврзница да ја одреди каматата или има некоја регулатива од страна на НБРМ, МБ или друго тело, за нејзината висина (мин/мах)?
 
Член од
26 април 2019
Мислења
5
Поени од реакции
2
Interesna situacija vo SKOVIN AD. Se prodava imotot i brendot na kupuvac dooel. Sto so akcionerite vo AD bez nikakov imot. Pekabesko bese detska gradinka za ova. Premostuvanje i grabez na akcionerite kako vo Toplifikacija. Se legalno preku Makedonska berza AD.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Еве што пишал ревизорот
Toa e minato svrsheno vreme...Oni imaa ogromni tekovni obvrski posto ne ja plakaa robata vo supermarketite. Javna tajna bese deka od SPAZ ne mozes faktura da naplatis.

Arno ama, supermarketite se zatvoreni, najgolem del od tie obvrski se podmireni, preku prodazba na imot megju drugoto, taka sto toj del ne me sekira ama IC.

Ustvari nisto ne me sekira, samo si ja brojam zarabotkata. X4 and counting :D
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Дали е оставено само на пазарна проценка на самиот субјект издавач на обврзница да ја одреди каматата или има некоја регулатива од страна на НБРМ, МБ или друго тело, за нејзината висина (мин/мах)?
Нема регулатива. Секој сам си ја утврдува каматата по која ја издава.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Кога тогаш Пекабеско ќе оди во облаци.

Може златото да падне во калта, и подолго време да стои таму и никој да не го забележи, но кога тогаш ќе заврне дожд и златото пак ќе светне.

Резултатите повторно се тука, уште малку да го едуцираме Кутревски за акционерско работење и ќе биде се во ред.
 
Пред неколку поста прашав што биде со тужбата ама не добив одговор. Се откажавте или до каде е процедурата???
 
Јасно е дека вреди повеќе, но со таков менаџмент прашање е дали и кога компанијата ќе достигне реална вредност.

Со неколку сметководствени трикови и "трошоци за награди" може да го поништува растот на профитабилноста речиси до бескрај.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Пред неколку поста прашав што биде со тужбата ама не добив одговор. Се откажавте или до каде е процедурата???
Во тек е судењето, очекуваме одлуката да биде ништовна и да се врати се во првобитната состојба.

Јасно е дека вреди повеќе, но со таков менаџмент прашање е дали и кога компанијата ќе достигне реална вредност.

Со неколку сметководствени трикови и "трошоци за награди" може да го поништува растот на профитабилноста речиси до бескрај.
Па со претходната одлука го навлече вниманието од акционерите, медиумите, КХВ, Берза и од УЈП.
Мислам дека секоја ставка од извештаите сега и во иднина ќе се гледаат и анализираат детално.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Во тек е судењето, очекуваме одлуката да биде ништовна и да се врати се во првобитната состојба.

Па со претходната одлука го навлече вниманието од акционерите, медиумите, КХВ, Берза и од УЈП.
Мислам дека секоја ставка од извештаите сега и во иднина ќе се гледаат и анализираат детално.
Да, тој потег беше многу глуп. Инаку ако истите тие пари ги распредели како награда со трошоци во тековната година ќе биде чиста ситуацијата.

Хипотетички, наместо добивка од 100м на крајот од годината од која што менаџерот ќе добие 30м. Компанијата ќе има добивката од 70м и тој пак ќе земе 30. Исто е ама не е исто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom