Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.969
Тоа колку ние сме се избориле и колку имаме „независност“ е друго прашање. Е сега дека малце да ти го срушам митот дека ние и Курдите споделуваме иста судбина.Курдите ги има преку 30 милиона и заслужуваат своја држава, некако во Курдите ја гледам историската борба на Македонците за своја држава. Слично како нас (оти ние сепак сме се избориле за каква таква независност) ја имаат таа несреќа да имаат многу помоќни држави кои ќе сторат се тоа никогаш да не се случи.
Сведоштво на Георги Ачков, преживеан заточеник од 1903 -1904 година
Е ова е нашата заедничка судбина со Курдите. Типични вазали за бркање на валканите работи на големите сили. Еве малце просветли се и за Ерменскиот колеж, кој директно го извршиле Хамидије коњаниците составени од 90% етнички Курди и нивните примитивни дивјачки потреби да се иживуваат со заробениците. Заради нив денес Турција ја теретат за геноцид.Голготата на 323 македонски заточеници од Битола до Дијар-Бекир
Дваесет години по враќањето од заточеништво по Илинденското востание, Прилепчанецот Георги Ачков, еден од 323-та Македонци отерани на робија во Дијар-Бекир, собрал сила да се потсети на ужасите што ги преживеал во 1903-1904 година кога на пат до затворот во Мала Азија биле убиени или умреле од мачење половина од Македонците осудени на сто и една година. Оваа потресна книшка со негово сведоштво, објавена пред речиси сто години, денес се чува во збирката ретки книги во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
...
Курдите беа ѕверови од луѓе!
Следното утро негде на половина пат ги пресретнал некојси Бекир- паша, кој, откако видел дека се врзани со синџир врат за врат, наредил да се симнат веригите велејќи дека ако дознае Европа ќе мисли дека Турците се варвари. Пред него ги симнале синџирите од вратовите и јажињата од рацете и така останало до крајот на патот, до крајот на нивната голгота. Од Хамам-Ќој, пишува Ачков, продолживме за градот Халеп, одалечен 30 километри. Долг и тежок пат. Војниците што ги придружувале зеле коњи, а затворениците морале да одат рамно со коњите па дури и да трчаат на некои места.
- Само еден километар можевме да го следиме тоа темпо. Потоа почнавме еден по еден да паѓаме. Секој што ќе паднеше добиваше штик во градите. Но, и покрај тоа не можевме да стигнеме истиот ден во градот па на десет километри пред градот преспавме на отворен простор, а другиот ден во мугрите продолживме кон градот. Еден километар пред да влеземе во Халеп застанавме во една медреса каде што наредија да се измиеме, да ја исчистиме облеката, секоја трага од крв на телото и облеката да биде избришана за кога ќе влеземе во градот да не се гледа дека сме мачени. Во Халеп не пречека многу љубопитна публика, меѓу кои имаше лица на кои се гледаше дека не сожалуваат, но имаше и Турци и Арапи кои пцуеја и плукаа во нас. На третиот ден продолживме кон градот Урф, но во придружба сега беа Курди, најкрволочните луѓе што можеше да се замислат. Беа облечени во дебели ризи наметнати со сива черга, препашани со каиш, со голи нозе, а на главата носеа 12 разнобојни шамии, завиткани како чалми. Секој од нив носеше јатаган, два револвера и по една пушка кримка. Секој од нив личеше на див ѕвер способен со заби да те раскине за еден миг.
Според потресното сведоштво на Ачков запишано само 19 години по голготата што ја поминал како македонски заточеник во Мала Азија, веднаш штом излегле од градот, Курдите ги извадиле јатаганите, зеле петмина затвореници, ги симнале во една јама и ги заклале безмислосно пред очите на сите останати затвореници. Потоа патувањето продолжило уште шест деноноќија, а за тоа време биле заклани со курдски јатаган уште 21 Македонец. На полноќ седмиот ден влегле во градот Урф изнемоштени и претепани, затворени во еден говедарник испразнет од говедата пред час или два. Во говедарникот лежеле цело деноноќие без леб и вода. Кога станале виделе дека лежејќи во калта меѓу нив починал Миле Наумов од село Вранче, Прилепско. Градот Урф е во средината на Курдистан; овде, во Урф, во манастирот Свети Наум, биле заклани 1.500 Ерменци за време на Ерменското востание. Македонските заточници три дена останале во Урф, а потоа продолжиле кон градот Береџик, патувајќи по 12 часа на ден, а притоа предводени од Курди на коњи. Преморени, тепани и гладни морале да ги следат коњите, зашто, ако само малку застанеле, Курдите веднаш ги ваделе јатаганите и почнувале да колат. Секој што ќе заостанал, Курдите веднаш безмилосно го касапеле. По пет дена пристигнале во Береџик. По пат четворица умреле од премор, а седуммина биле заклани од Курдите затоа што не можеле да го следат темпото што го форсирале јавајќи на коњите. Еден од закланите бил и Наумче Грозданов од село Вранче, прилепско.
Свештеник влечен врзан со брадата за опаш на коњ!
- Во Береџик останавме три дена. На Третиот ден тргнавме кон Мимиш-хан, двесте километри подалеку од Береџик. Градскиот курдски џган не испрати со клоци и камења, а кога излеговме од градот, војниците Курди продолжија да се изживуваат, да го истураат со својот крволочен бес врз нас. Двајца од нив му ги врзаа рацете на свештеникот Билбил Чутуров, му ставија јаже околу вратот и го врзаа за опашот на еден арапски коњ. Јавачот го збодна коњот, свештеникот поттрча две-триста чекори, се онесвести и падна, а коњот го влечеше уште којзнае колку чекори во галоп. Иако беше мртов и целиот распартален од влечењето, Курдите му ја отсекоа брадата заедно со кожата и ја врзаа на опашката на коњот. Веднаш потоа Курдите го кутнаа Галаб Митрев од село Брждани, Кичевско, му ги пресекоа ушите и со камен му ја сплескаа главата. Се разбира, патот продолжуваше како ништо да не било; по пет дена стигнавме во Мишмиш-хан. По пат изгубивме уште деветмина; еден ред од пет души, затоа што се оздвоиле малку од стројот за да одат по нужда, беше стрелан, а четворица други беа прободени со штик. Во Мишмиш-хан престојуваме еден ден, а потоа тргнавме за гратчето Суверик, околу 100 километри подалеку. Патувавме два дена и две ноќи, а за тоа време беа убиени со камења од месното, крајпатно население уште тројца наши другари.
Со маки, со последни сили, најпосле, на 10 ноември 1903 година, стигнавме во Суверик, последната точка пред нашата последна станица, пред Дијар Бекир. По наредба на Дијар-бекирските власти, во Суварик бевме задржани два дена, а на третиот ден врзни со јажиња по двајца, еден дел врзани со синџири врат за врат, излеговме од затворот во Суварик и редица војниците, построени во две врсти, не бодеа со штиковите каде што ќе стигнат. Од раните што ги добија од штиковите 16 души умреа на место, а 19 души останаа во агонија и дури по еден месец разбравме дека биле дотепани од насобраната толпа пред затворот. Освен нив, уште 33 души бевме полесно прободени, но моравме да продолжиме да одиме облиени со крв кон Дијар-бекир. По шест дена пат некако стигнавме во Дијар-бекир. Пред вратата на тврдината стоевме еден час. Тука бевме попрскани со вода во која повеќе од 10 дена стоеле отепани змии. Подоцна разбравме дека тоа било некакво верување, односно со водата требало да се заштити од зараза, од нашите каурски болести, домашното муслиманско население. Потоа минавме низ градот и бевме затворени во затвор кој го викаа Хасан-пашов хан. Седумдесетдневната голгота заврши, а десет дена по пристигнувањето во Дијар-бекир добиме дозвола првпат да излеземе во дворот на затворот. Ерменците кои во градот ги имаше околу 15.000 души собрале облека и ја донесоа пред капијата.
Американското добротворно друштво не снабди со сламеници за да не спиеме на камените плочи во затворот. Градот Дијар-бекир е обиколен со камен ѕид висок осум метри, дебел три метри, со четири порти, кои ги отвора стража наутро и истата стража ги затвора навечер. Кој ќе задоцни да влезе, ноќта мора да ја помине надвор од ѕидините. А надвор секој има право да те убие како пес. Градот имаше околу 28.000 жители а повеќето од нив беа Ерменци, но имаше и Курди и неколку куќи Грци. Животот за оние што живееја во него беше многу евтин: 100 јајца се продаваа за пет гроша, млекото за 10 пари, лебот 7 пари а овошјето и зеленчукот по 5-6 пари. Бостанот го имаше во изобилие. Една лубеница тежеше од 70 до 100 оки.
Според Георги Ачков, патувањето од Битола до Дијар-бекир траело 70 дена. Од Битола тргнале 323 души, а до доаѓањето во Дијар-бекир загинале 121 човек; од нив 42 биле заклани а 48 прободени. Останатите умреле од излив во мозокот, од умор, рани, глад и други мачења. Седум месеци подоцна, на 10 арил 1904 година, затворениците добиваат радосна вест дека се дава амнестија на сите политички затвореници, дека се ослободени. На 14 април тргнуваат кон Македонија. По 54 дена патување преживеаните 202 затвореници стигнале во Македонија.
Блаже Миневски (МИА)
![]()
Сведоштво на Георги Ачков, преживеан заточеник од 1903 -1904 година
A Treasure Trove full of Documents on the History, Culture and Identity of Macedonia and the Macedoniansdocuments-mk.blogspot.com
Hamidiye (cavalry) - Wikipedia

Сите што подржувате Курдска држава, треба да ви платам хотел во Окмејдана или Газиосманпаша во Истанбул или во Дијарбекир одблиску да се запознаете. Со услов 3-4 саати да пешачите околу хотелот





