Барам последен совет...
Значи сакам да го исфрлам дрвото како средство за греење, досега имав камин на дрва ама многу обврски со него, сечење, цепење, секој ден потпала, па чадење, пепел...едноставно доста е, а и да придонесам контра загадувањето на воздухот.
Инфо:
Просторот што сакам да го загреам е со површина од 30-ина квадрати.
Куќата е со 30цм дебел зид од полна тула, ПВЦ дограма Саламандер, нови внатрешни врати, таван од Кнауф а над него трска.
Пошто куќата е постара и кога го ставав Кнауфот мајсторите ми препорачаа да не ја вадам трската, идела како изолација на таванот па ја оставив над него, па сметам дека и таванот е некако изолиран.
Мислам по мое дека 3,5-ка е доволна за овој простор, 5-ката да не е многу јака па да делува како on-off клима.
Да ме грее и до -25ц оти фаќа зима по неколку дена или една недела.
Gree Fairy LCLH
Daikin Sensira или сл.
Mitsubishi
Fujitsu?
или предлог...
Буџетот до 50.000 ден.
П.С. Од тоа што досега гледав само Gree декларира работа на температури под -20ц, додека и најскапите модели на Mitsubishi, Daikin, Fujitsu се до -15ц.
Сепак мислам дека би грееле добро и на -25 само со намален капацитет, ако некој има искуство со вакви клими до -15, пишете. Гледав доста Daikin корисници има па добро би дошло мислење од нив а секако и од Gree.
Климата нормално нема да исклучувам во зима од веќе прочитаното тука.