Тајван не е членка на ООН, но е една од најразвиените земји во светот, и тоа признаена од 14 членки на ООН, додека Косово беше признаено од 115, сега наводно 15 ги повлкекле признавањата (држави што некогаш Косово ги поткупи, а сега велат дека Србија).
Да де, скроз потсеќа на истиот навен куртонски муабет, кој катадневно го слушаме тука во нашата земја, од страна на малите наполеони пред кооперација: - Глејте Швајцарска како е неутрална и не им треба ни НАТО ни ЕУ и Македонија може така....
- а кој муабет нема врска со суровата реалност, а тоа е - земји на Балканот, како Македонија или Косово, стварно се до гуша во гомна (на безбедносен прво, а потоа и на сите други планови) без интеграција во пошироките системи (политичко-безбедносни и секакви други). Тој Тајван-филм во балканскава реалност на трули системи и пропаднати народи, без интеграција, не можете да го гледате.
Вистина дека Косово не е како Тајван, но и Србија не е како Кина.
Србија наоѓа слабости кај Косово и затоа се вака упорни, нема врска со такозваните светињи, цркви, манастири и глупости.
Апсолутно има врска со се српско на Косово. Националната митологија на Балканот има особено голема врска, но тоа е подолга тема.
Сепак, вистина е дека Србија не е будала па да не ја искористи предноста што ја има, позицијата на моќ во однос на Косово, како признаена, етаблирана држава (пак ќе кажам - во однос на Косово) и од тука би требало да ви е јасно на вас, колку е битно интегрирањето и дефинирањето на статусот на Косово, за негов напредок.
Наивно е тука да се очекува рамноправност.
Нејасно е што ќе биде понатаму, за мене нејасно е зошто Албин Курти а и другите албански партии се противат да му се даде северно Косово на Србија.
Курти дури вели дека не сака ни размена, не сакаат да го дадат северно Косово а да го добијат Прешево и некои бујаночки села, со можност потоа да се обединат со Албанија.
Хашим Тачи велеше да му се даде на Србија северно Косово, бидејќи според него еден дел од тој регион бил припоен на Косово после втората светска војна и дека не припаѓало на Косово, што кога ќе видиш точно е, Лепосавиќ не припаѓало на Косово, мислам дека 1959-та му е припоено на Косово.
Не сум сигурен што ќе биде сега. На некој би му личело дека подемот на Курти е помаган цело време, од надвор, како во случајот на Заев, па сега имаме нова реалност на Балканот, со решено едно прашање (македонско-грчкото) и нова состојба на Косово, после деценија и повеќе афричко ворлордски поделена убер корумпирана власт. Ова последново и не е баш страно на овие простори, па не делува чудно.
Во последниве пет години очигледна беше намерата на Западот да ги расчисти безбедносните ризици по Јужното Крило и да го стабилизира. Тоа во контекст на новонастаните состојби со Русија, во Украина и Сирија, како и вртењето на кормилото на турската надворешна политика.
Сето тоа преку решавање на проблемите, еден по еден.
Е сега, дали Курти е некаков инструмент во затворањето на косовското прашање, не знам. Само знам дека е дел од новата постпеспанска реалност и сметам дека при вакви судбоносни договори и одлуки, косовската страна подобро е да биде ослободена од багажот на војната. Доколу некој би сакал да стори се што е можно за Косово да има што подобра позиција во претпоставените судбоносни решенија, сигурно не би дозволил ослабени почетни позиции во преговорите, со некој воен злосторник или учесник во војната. Србите одамна расчистија со тоа, а ова е само една ситница која е дел од комплексот предности на Србија. Курти, би требало тоа да го нивелира. Барем на тој план. Не пратам нешто многу опстојно, во последниве денови, ама претпоставувам дека ќе ги тргне царините.
Не верувам дека ова вака ќе си тера уште долго. Нешто ќе се смени сега. Не е дојден он за да тера исто. Ако пртпоставката дека Заев е ставен да го реши името, е точна, има некоја логика и Курти да е дојден за да се смени нешто во врска со косовското прашање.