Некој велите ова е крај на Рк Пелистер. Ај вака да ги разгледаме работите: Рк еурофарм работник купува 75% акции на Рк Пелистер, и Рк Пелистер купува 25% акции од Еурофарм Работник. Со мешовита сопственост двата правни субјекти продолжуваат со заеднички менаџмент да гу управуваат двата правни субјекти. Во силниот тим шо ќе биди, двата сопственика го вложуваат своето најдобро.
Работник 750.000евра, местото од лш и сеха и постоечкипт играчки кадар.
Пелистер, пропорционално на акциите шо ги има, вложува 250.000евра, спортската сала на користење без надоместок, славната историја која со член во договорот е убо потенцирано продолжува да се негува и чува традицијата и историјата на клубот Пелистер. Името и амблемот.
Кога сето ова Пелистер ќе го пренеси во заедничкиот клуб со новиот партнер Еурофарм, за очекување е и поголемиот дел(намерно велам поголемиот оти не сите се сложват) од Битолската Пелистерска публика да застани зад клубот.
Како шо ништо не е вечно, така и утре другиден да се прекини соработката меѓу работник и Пелистер, има член во договорот кој вели дека по цената на кој се купени акциите еурофарм њ должен да ги продаде на општината 75% од акциите што ги поседува во Пелистер. Во меѓувреме заедничката историја која би ја напраиле продолжува во Пелистер, исто како и шо си ги задрѓува амблемот и името.
Али сето ова ако би се подржало би било тек за наредна година, на сред сезона клубот не се менва