Ем не си била ем коментираш. 1400 е за еден или 2х1400 е за двајца се ништо АКО планираш здрава иднина во Германија или странство. Под здрава мислам на сопствена куќа/стан, понова кола и деца (ова опционално кој сака). Ако планираш до 40 тка да го вртиш тој студентски филм со живеење во соба од стан со 3 други кираџии или пак некоја кибритче гарсоњера под кирија без деца и без поголеми луксузи како кола или зимски одмори тогаш да тие се доволно и плус да ви останат. Минимална плата е наречена така за да може да се преживее со неа, а не да се живее.
Детски додаток да го ставиш во приход е гревота, името само кажува тоа се пари за детето, пелени, кашички бла бла. Тука се и за градинка трошоци оти ако работите двајца детето нема само да се чува, а 250 евра од детскиот додаток се ништо пари за сите трошоци за дете.
Патем дека нешто ќе се напредува ако некој појди во БургерКинг мало тешко, а посебно Германија. Тоа ти е земја на фанатичко поштовање на хиреархија, звања и дипломи, а тоа значи дека без занает тешко дека некој ќе излези од тие минимално платени работи.
Некој ви го пери мозокот дека со минимална плата во странство ќе живеете многу многу подобро од Македонија па на 20 години место да научите некој занает или да завршите некој технички факултет вие одите да пржите плескавици и као тоа било живеење живот. Терајте
