Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Ние во Астрата сега пред месец дена го сменивме тој од GM и ставивме Exide Premium. Ќе платиш повеќе, ама па квалитетни си се :)
 
K

Kiko

Гостин
како е поекономично да се вози по удолница.
На лер или во втора или трета?
Прашувам зашто вчера еден пријател ми рече дека моторот троши многу помалку доколку е во втора или трета одколку во лер.
Ајде ЏИШ... ти мора да го знаеш ова.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Прашав:

EXIDE Classic 55A - 3650 ден.
EXIDE Premium 53A - 3990 ден.

Овој премиум има помала ампеража, ама многу е подобар (појак) за верглање (значи за во зима :) ).
Споредено со SAP и коњите... колку се поскапи?
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
како е поекономично да се вози по удолница.
На лер или во втора или трета?
Прашувам зашто вчера еден пријател ми рече дека моторот троши многу помалку доколку е во втора или трета одколку во лер.
Ајде ЏИШ... ти мора да го знаеш ова.
Нема шанса! Иако Џиш не дал одговор сеуште, мислам дека нема да биде многу поразлично од моето. Мотор кој во лер без притисната папуча за гас работи по default на околу 900 rpm не може да потроши помалку од од кога е во состојба на удолница со менувач во II, III, IV или која и да е поразлична од лер позиција од проста причина што вртежите на тркалата и силата која ја турка удолу колата се пренесуваат преку менувачот на моторот и му го зголемуваат бројот на вртежи без оглед на притиснатата или непритиснатата папуча за гас. Низ карбураторот, без оглед дали е грлото отворено или не, цилиндрите со секој такт ќе вшмукаат гориво онолку колку што вртежи ќе направи коленестата оска.

Ова најпосле може и да се провери со споредбено отчитување на вредностите од економик-метарот или вредностите на борд компјутерот кои најчесто ја покажуваат потрошувачката.
 

Yan Gillan

Iron Maiden - my religion
Член од
12 мај 2006
Мислења
642
Поени од реакции
19
Препорака за некој добар акумулатор?
55 ампери?

Викаат подобри биле тие “сувите“ што се без вода.... зашто и како се подобри?
Каков да земам? Од каде? И кои им се цените ако може? :)

Поздрав.
Moja preporaka ti e da si zemes Topla u hempro ima. Ja sum prezadovolen od niv, toa ti e slovenska firma odnosno bivsa Vesna. Ja imav takov na stoedenot takov go vozev celi 5 godini itoa 4tata godina odejki nakaj prilep mi rikna reglerot na alternatorot i mi go prepuni akumulatorot pocna da izbiva kiselina, posle toa mu dodadov samo destilirana voda i cepase akumulatorot use godina vreme, a posle i ja prodadov kolata so istiot akumulator vnatre i sigurno go vozele bar use godina dena pred da rikne poso ne pokazuvase nikakvi znaci na slabost dur ja vozev ja kolata, sea iam ist i na Golfot i go vozam vise 4 godini ako ne i jace i isto kako i prviot nema aber od riknuenje.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
VW 1,9 TDI мотор? Возел некој и мислење?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
како е поекономично да се вози по удолница.
На лер или во втора или трета?
Прашувам зашто вчера еден пријател ми рече дека моторот троши многу помалку доколку е во втора или трета одколку во лер.
Ајде ЏИШ... ти мора да го знаеш ова.
Читај шо ти кажал Мандрак... Логично е дека ако возилото троши 1 грам бензин за 900 вртежи на лер (лупам бројки на памет), ќе потроши 2 пати повеќе ако се врти на 1800 вртежи. Иако количината на гориво шо врви низ карбуратор е иста, моторот се врти двапати повеќе.

Е сега некој вика дека на новите компјутери, на бордот в брзина надолу покажува 0 потрошувачка... како е тоа изводливо незнам, можеби ECU го запира протокот на гориво кога има моторно кочење.
 
K

Kiko

Гостин
Нема шанса! Иако Џиш не дал одговор сеуште, мислам дека нема да биде многу поразлично од моето. Мотор кој во лер без притисната папуча за гас работи по default на околу 900 rpm не може да потроши помалку од од кога е во состојба на удолница со менувач во II, III, IV или која и да е поразлична од лер позиција од проста причина што вртежите на тркалата и силата која ја турка удолу колата се пренесуваат преку менувачот на моторот и му го зголемуваат бројот на вртежи без оглед на притиснатата или непритиснатата папуча за гас. Низ карбураторот, без оглед дали е грлото отворено или не, цилиндрите со секој такт ќе вшмукаат гориво онолку колку што вртежи ќе направи коленестата оска.

Ова најпосле може и да се провери со споредбено отчитување на вредностите од економик-метарот или вредностите на борд компјутерот кои најчесто ја покажуваат потрошувачката.
За жал немам борд компјутер, но пријателот вели дека компјутерот го затвора доводот (ова важи кај поновите коли не кај оние без компјутер) и дека моторот скоро и да се исклучува. Инаку дечкото има завршено механичко училште во Австрија. Така ги учеле на школо. Јас прв пат вчера чув такво нешто. Еве се потрудив нешто да најдам на интернет во врска со ова.
Еве што најдов. Не знам дали е доволено да се пастира линк затоа текстот.
Completely wrong assumption. The revving of engine without pressing the accelerator pedal does not equal more fuel consumption.

Actually, it might be even less than idling.

You see, when you are accelerating at a high RPM, the power of the engine is being delivered to the wheels through the clutch and transmission, the power of the engine comes when you burn fuel, hence more fuel consumption.

On the contrary, when you are going down hill, while the clutch is engaged (pedal not pressed, car in gear, not neutral), it is not the burning of fuel that is revving the engine, it is the force of gravity and your forward momentum that is moving your wheels which are connected to your crank shaft through the clutch and transmission. So here the gravity and forward momentum is causing high RPM, not fuel.

This is why we have better fuel consumption while going downhill and on the highways, even with high RPMs.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
За жал немам борд компјутер, но пријателот вели дека компјутерот го затвора доводот (ова важи кај поновите коли не кај оние без компјутер) и дека моторот скоро и да се исклучува. Инаку дечкото има завршено механичко училште во Австрија. Така ги учеле на школо. Јас прв пат вчера чув такво нешто. Еве се потрудив нешто да најдам на интернет во врска со ова.
Еве што најдов. Не знам дали е доволено да се пастира линк затоа текстот.
Епа можно е другар ти да е во право... со таа напомена дека моторот не се исклучува, само се запира доводот на гориво. Остатокот врти по инерција, така да системот за ладење, алтернаторот и сите тракатанци си работат нормално и неможиш да осетиш разлика.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
221
Поени од реакции
127
Од пред некоја недела купив Seat Ibiza 1.4 mpi 2000г. Има ли некој искуство со оваа кола.Не е увезена од Ка-дис е купена и има 95 000 км.
Фала!!
 
Член од
18 април 2007
Мислења
372
Поени од реакции
32
Ако се затвори доводот, моторот ке угаси нели, со што ке работи?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ако се затвори доводот, моторот ке угаси нели, со што ке работи?
Прајме муабет за удолнина, кај шо возилото забрзува само по себе... одтаму се менуваат улогите, силата од тркалата преку менувачот го врти моторот, дури и кога нема гориво. Така имаш 0 потрошувачка, а кога ќе ти затреба (т.е. стисниш на гаста) одма компјутерот го отвара горивото.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Се е тоа ОК, ама нема шанси моторот да работи без ниту малку гориво... Финтата е дали тоа „малку“ е повеќе или помалку од она што ќе го потроши ако е во лер моторот.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
792
Поени од реакции
327
Се е тоа ОК, ама нема шанси моторот да работи без ниту малку гориво... Финтата е дали тоа „малку“ е повеќе или помалку од она што ќе го потроши ако е во лер моторот.
Кога не ја допираш гаста моторот не троши ни капка гориво. Тогаш тркалата го движат моторот а не моторот тркалата, а ако се согоруваше и капка гориво тогаш колата ќе забрзуваше или ја одржуваше брзината а немаше да добиеме моторно кочење. Кај новите коли бидејќи имаат електронска пумпа тогаш не се пумпа гориво кај оние со карбуратор има повратна линија до резервоарот што го врака горивото назад додека пумпата работи постојано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom