Значи, за менувач без синхрони, при менување во повисока брзина, се стиска куплунг двапати... еднаш за да се исфрли од брзина, и уште еднаш за да се внесе во повисока...
Од повисока со пониска со меѓугас, и пак двапати куплунг.
Гледам...расправии за менување без куплунг...
Па да...ако те остави на сред пат без куплунг, се скине сајла или слично, при менување на брзини, кое и не треба да се прави често во таква ситуација, треба да се исфрли од брзината во коај е колата со малку сила, тоа е точно...а за внесувањето во друга брзина, пониска или повисока би требало да се осети моторот, во смисла кога ќе се смират вртежите и со благо буткање кон брзината која ја сакате, да си влезе во брзина и да си возите понатаму.
Секако, ќе има непријатни звуци, може да страдаат синхрони најмногу, но и самите запчаници на брзините.
Затоа е непрепорачливо.