Тука е проблемот, ти годи тато носи мама меси, а не треба да е така, треба секој возрасен човек да се оддели од своите родители. Јас се одделив на 16г иако тогаш татко ми беше жив, мајка ми само што почина, татко ми продолжи да си живее веќе и јавно и без пречки со пријателката со која до тогаш само тајно се гледаа, а јас не гледав дека тука има место за мене. Прво отидов кај баба ми и дедо ми, ама они беа многу стари и за нив се грижеше друг па јас им бев фактички само цимерка, не се чувствував спремна за скроз сама да живеам. Кога починаа и двајцата останав сама да живеам во тој стан ама беше огромен и не ми беше практично па го продадовме со братучетка ми и си купив мој стан, веќе имав и 18г, сеуште живеам таму, партнерот и тој ќе се пресели со мене сега од практична гледна точка бидејќи е поблиску до нашите работни места, до делот од градот кој го користиме најчесто (Дебар маало, Центар, Карпошите) На 18г сама одев по станови, без агент бидејќи не сакав да давам пари за провизии, сама одлучував. Нема ништо подобро од тоа да си сам свој човек од рани години. Завршив факултет, се вработив по струка, сфатив дека со тоа ништо не правам и сменив професија скроз и еве ме сега, цвеќарка, сам свој газда, имам зад себе искуство ко 50 годишна, на 33.