Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Без ВМРО-ДПМНЕ да му обезбеди цензус Стево немаше да биде претседател. Стево е претседател затоа што Мицкоски и изветреаната баба повикаа на гласање во втор круг.
ВМРО не презема радикални чекори...многу се меки. Дали се глупи или уценети или преваранти или се од споменатото незнам.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.085
Поени од реакции
8.132
Ај да не се лажеме, многу албанци го гласаа Стево, јасно е дека без помош од албанското население и дилот меѓу ДУИ и СДС Стево немаше да биде претседател.
Нејсе, СДС доби 49 пратеници во 2016 баш ради албанското население.

Сега ситуацијата е поинаква од пред 3 години, или барем од претседателските па навака. Целта е остварена, странците веќе не се мешаат (не толку многу), името е сменето, ништо од ветувањата што ги даде СДС не се исполни, напротив дамбетер е.

На следниве избори ќе се јадат ДУИ, БЕСА и АА, такада не очекувај многу гласачи од албанското население да гласаат за СДС... тогаш ќе ги видиме кој колку ги подржува СДСМ
Што ги мешаш сега зелките збориме за македонското население, еве ти еден пример Берово немој да ми кажеш има зелки таму те молам :D
Да ги собереме сите мкд што го глсасале стево, да ги префрлиме во вмро, џабе ке им биле зелкарските гласови на сдс.
izbori.jpg
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.170
Без ВМРО-ДПМНЕ да му обезбеди цензус Стево немаше да биде претседател. Стево е претседател затоа што Мицкоски и изветреаната баба повикаа на гласање во втор круг.
Нажалост ова е точно, и заради таа послушност и што не креваа врева кога се менуваше името и претседателските избори, ќе си добијат награда на наредниве избори

Што ги мешаш сега зелките збориме за македонското население, еве ти еден пример Берово немој да ми кажеш има зелки таму те молам :D
Да ги собереме сите мкд што го глсасале стево, да ги префрлиме во вмро, џабе ке им биле зелкарските гласови на сдс.
Прегледај го приврзокот 217982
Добро сега, јас не реков дека СДС немаат воопшто гласачи, само ти ги кажав околностите зошто победи Стево. Ете убаво се гледа тоа на мапава, во делот кадешто македонското население е мнозинство покрај овие, мислам дека уште во Струмица и Ресен беа обоени со плава боја. Другото се беше црвено...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако добиел датум, ќе ги добиел изборите... yeah right, народот магично ќе ги заборави.
- менувањето на името
- забраната за знамињата
- двојазичноста
- бугарскиот "добрососедски" договор (loading)
- задолжувањата
- Рекет
- пропаднатото СЈО
- бегството на Груки
- "бесплатното" здраство
- 500 евра просечна плата

итн, итн, итн...

Само датумот да се добие и ПУФ... сето ова погоре ќе иде на shift-delete :icon_lol:
Како што рече Љ. Палевски: „Ако странците сакаат да те донесат на власт, ќе ти изнесат глсасачи колку што е потребно за да дојдеш на власт„, така да набројаниве промашувања од власта дури и да бидат запаметени од дел од народот, ќе бидат небитни за следните избори.

На следните, ќе се „вртат„ поинакви приказни за масовно замајување на гласачите...
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.273
Поени од реакции
781
Како можи да се основа политичка партија колку треба основачи и членови и колку финансии .
 
Член од
21 септември 2019
Мислења
10
Поени од реакции
8
Како што рече Љ. Палевски: „Ако странците сакаат да те донесат на власт, ќе ти изнесат глсасачи колку што е потребно за да дојдеш на власт„, така да набројаниве промашувања од власта дури и да бидат запаметени од дел од народот, ќе бидат небитни за следните избори.

На следните, ќе се „вртат„ поинакви приказни за масовно замајување на гласачите...
Точно е тоа но исто е точно дека нема избор, нема ниту една нормална македонска партија па дури ни нормална граѓанска опција составена од чесни луѓе туку најкорумпираните елементи од општеството се напикани во раководствата на партиите.

Лесно им е на странците да ги водат за уше кога се сите корумпирани и се борат кој повеќе парички (мито) ќе лапне.

Не уништи „демократијава“.
Автоматски споено мислење:

Како можи да се основа политичка партија колку треба основачи и членови и колку финансии .
1000 потписи заверени на нотар треба а колку основачи не знам.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ако добиел датум, ќе ги добиел изборите... yeah right, народот магично ќе ги заборави.
- менувањето на името
- забраната за знамињата
- двојазичноста
- бугарскиот "добрососедски" договор (loading)
- задолжувањата
- Рекет
- пропаднатото СЈО
- бегството на Груки
- "бесплатното" здраство
- 500 евра просечна плата

итн, итн, итн...

Само датумот да се добие и ПУФ... сето ова погоре ќе иде на shift-delete :icon_lol:
Биди сигурен дека народот брзо заборава. Огромни се шансите СДС да ги добие изборите (ако се добие датум).
Сега ситуацијата е поинаква од пред 3 години, или барем од претседателските па навака. Целта е остварена, странците веќе не се мешаат (не толку многу), името е сменето, ништо од ветувањата што ги даде СДС не се исполни, напротив дамбетер е.
Целта уште не е остварена. Во април има попис каде Албанците треба да бидат далеку над 20%. Затоа нема предвремени избори.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.658
Поени од реакции
4.317
Одговор од типот "нема овде на форум да ти пишувам" е бесполезен и контрапродуктивен за било каква дискусија ако сакаш да го претставиш планот на вашето движење.
Стана напорно да повторувам по стоти пат исти работи, и онака не сакаш или не можеш да разбереш, замолив читај со разбирање, ама не ти сакаш за економија јас за економија ти за марс јас за марс ти повторно на економија, само во круг а резултати нема.
Исто како и за претходното: рекол Киро ќе не земале у ЕУропска, кога ти ставив линкови со изјави на живи учесници (кои биле присутни во текот) на сите тие преговори-разговори и велат дека никогаш не станало забор ниту се разговарало за тоа, те снема како да не постоиш.
По се изгледа имаш за цел само да спинуваш, прво од небо вметнуваш двојазичност и албански знамиња и кога на тоа ти велам дека ако се тоа твои приоритети терај не ме замарај ти повторно инсинуираш, не сум расположен затоа би завршил со овој коментар:

му недостасува палка, прашај го како ќе веслате само со една палка!
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Биди сигурен дека народот брзо заборава. Огромни се шансите СДС да ги добие изборите (ако се добие датум).
Целта уште не е остварена. Во април има попис каде Албанците треба да бидат далеку над 20%. Затоа нема предвремени избори.
Стварно не ми е јасен маиндсетот на тие што се надеваат дека ќе добијат пари од ЕУ а се обични граѓани па гласаат за СДСМ.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Стварно не ми е јасен маиндсетот на тие што се надеваат дека ќе добијат пари од ЕУ а се обични граѓани па гласаат за СДСМ.
Не знам на што се надеваат.
Знам дека во сабота Крива Паланка е окупирана од Бугари. Толку многу им е добар ЕУ животот што постојано се на шопинг кај нас.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.658
Поени од реакции
4.317
Заев ги реализираше сите клучни ветувања од неговата предизборна кампања, што комплетно, што парцијално. И само заради тоа заслужува нов мандат.
Каде и кога даде “клучно“ ветување дека ќе го смени името и уставот?
Тој вели дека не дал такво ветување, според твоево дал, што е точно!
Автоматски споено мислење:

Без ВМРО-ДПМНЕ да му обезбеди цензус Стево немаше да биде претседател. Стево е претседател затоа што Мицкоски и изветреаната баба повикаа на гласање во втор круг.
Морам да се сложам. Пред виситината и боговите молчат!
Автоматски споено мислење:

Како можи да се основа политичка партија колку треба основачи и членови и колку финансии .
Не е доволно само членови-основачи и финансии, мора да имаш и неколку амбасади позади!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Заев минатите избори не ги доби туку ги загуби а сега уште полошо ќе помине само што изборот е помеѓу лошо (дмпне) и зло (сдс) со запршка учк(дуи, алијанса, беса) така да исто ни се фаќа, ќе продолжиме да тонеме без разлика кој ќе биде на власт.

Нашите кукли (политичари) и онака друг ги команда.
Целта на изборите е да се биде на власт, а не да се добие што повеќе пратеници. Да се добие што повеќе пратеници е во функција на тоа да се биде на власт. Тоа е крајната цел.
Добиј ги ти сите избори, ама јас да бидам на власт. А ти викај после дека си победил на избори, нема проблем. Мене ми е битно да формирам влада.

За мене, победил оној кој формира влада.
Заев победи на изборите. ВМРО можеби имаше највеќе гласови.
И ми се чини дека повторно ќе победи на изборите (ако му дадат датум).
Автоматски споено мислење:

Без ВМРО-ДПМНЕ да му обезбеди цензус Стево немаше да биде претседател. Стево е претседател затоа што Мицкоски и изветреаната баба повикаа на гласање во втор круг.
Гошев и Георгиевски го бојкотираа вториот круг.
Тоа му остави одврзани раце на Црвенковски, во тој период, да ги направи најголемите срања у историјата на земјава.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Не знам на што се надеваат.
Знам дека во сабота Крива Паланка е окупирана од Бугари. Толку многу им е добар ЕУ животот што постојано се на шопинг кај нас.
Сум гледал БДП раст на многу земји што се нови членки на ЕУ нема никаква разлика пред и по членство.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
Некој заборава, некој "заборава", а некого не го интересира т.е. како ќе му кажат.
јас за економија ти за марс
си пишал за економски политики и реперкусии, како што прашав? Дај те молам, посочи во кој дел од твоите писанија си го пишал тоа? Оти коа веќе цитираш нема потреба да пишуваш некој филозофски бесполез.
рекол Киро ќе не земале у ЕУропска, кога ти ставив линкови со изјави на живи учесници (кои биле присутни во текот) на сите тие преговори-разговори и велат дека никогаш не станало забор ниту се разговарало за тоа, те снема како да не постоиш.
пак ли се враќаш на тоа, аман.... И од други тогашни учесници беше спомената Унијата. Проблемот беше веќе подготвените 2-3 републики за војна и отцепување и тајмингот. А за тоа придружна, размисли малку во каква состојба беше сфрј, економски, политички, монетарно...придружна доколку се согласат сите републики (а две не се согласија) и периодот во кој ќе се трансформира државата.
»Če do razpada SFRJ in vojn ne bi prišlo, bi se država vključila v EU. To ne bi bilo bolje le za ljudi v regiji, bolje bi bilo tudi za Evropsko unijo,« meni nemški zunanjepolitični analitik Cornelius Adebahr
прво од небо вметнуваш двојазичност и албански знамиња
хахааа, абре аман. Нели тие се дел од т/н/ некоја платформа (платформата). Откако ќе ја поништите, дали ќе ги оставите двојазичноста и албанските знамиња и орлите во 1/3 од Македонија? Или ќе се борите и против тие закони? Што ќе сторите генерално против агресивната политика на албанскиот блок во Македонија. Морам да ти дообјаснувам.

Фајнали кога цитираш, како што ти сакаш конкретни одговори, така и јас очекувам. Наместо политички памфлети кои сум се изнаслушал, пеесет пати те замолив, пеес пати избегнуваш директни одговори. Епа ја не сум виновен ако нешто без везе цитираш колку да цитираш и да контраш, а потоа не си за нормална дискусија во која конкретно би одговорил на прашањата.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Гошев и Георгиевски го бојкотираа вториот круг.
Тоа му остави одврзани раце на Црвенковски, во тој период, да ги направи најголемите срања у историјата на земјава.
Зарем има поголемо срање од сегашново???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom