Написмено од Mitsubishi или општо? На пример Daikin има написмено за цевките и висината a Mitsubishi не.
Вака, да одиме со ред.
Тоа што е малку погоре наместена не смета ама во други случаи кога има голема висинска разлика доаѓа до пад на притисокот во линијата за течност и тоа се решава со (малку) поинаков дијаметар на цевки и други работи кои не се за оваа дискусија. Како и да е, можеле да направат барем уште пола круг зад климата за да се запази притисокот во линијата односно да нема преголем притисок (кој ионака е голем кај R410) и да се спречат вибрациите од надворешната према внатрешната единица.
Mitsubishi претпоставува (погрешно!) дека климата ќе ја монтираат обучени и писмени мајстори за монтажа на HVAC системи кои освен да стегаат со клуч, да работат припрема на цевките со тоа рајберот и да врзуваат жици “боја со боја“ знаат и други работи. Тоа е прво
Друго!
На писмено дека треба да се изврши вакумирање, имаш во било кое упатство за монтажа кое доаѓа со климата. Од најевтините до најскапите клими. Ова се подразбира исто така.
Трето!
Веднаш и сега да престанат да ја користат климата и или да ги викнат да ја вакумираат повторно (јас не би ги викал повеќе) или да си бараат пари назад.
Најверојатно, најбезболно е да си викнат човек кој не е препотентен и неписмен како нив и уште еднаш да ја провери монтажата. Почнувајќи од тоа дали наместиле 3x2,5mm доводен кабел за напон и мин. 4x1,5mm конекциски од внатрешна до надворешна.
(имале наместено 2000 клими! Па што! Тоа не го намалува фактот дека се неписмени, така?)
Ако не веруваш јавете се во Енергосистем и прашајте во врска со вакумирањето.
Јас веднаш ќе реагирам до Енергосистеми конечно и еднаш за секогаш „да се врзат“ за одредени монтери а не како досега климите да им ги монтира кој стигне.
Од друга страна можеби се во право. Вината ќе ја свалат на бацињата па сопственикот нека се расправа во случај на дефект.
PRO TIP
Нека си побараат фискална или било каква форма на документ кој докажува дека оние научници ја монтирале климата.
Ама ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се изврши вакумирање ако не сакаат климата да им се понаша како Gree рецимо
Морав да го кажам ова