Не знам која е поентата цело време, гледам и на социјалниве мрежи, се објавуваат некакви срцепарателни носталгични текстови, од анонимни читатели, дека на запад не е бајка, дека ги малтретираат, дека не ги сакаат, ладно било, не искачале, не се дружеле, 280 дена од годината се ноќ, сонце има само за празници, и ред други глупости, и стандард се вртат истите. Зошто е толкава бројката на заминати, ако таму е полошо?
Зошто се чека година дена за термин за работна виза, ако на никој не му се иде во ладните земји????????????? Тоа што идете да аргатите, и да ги работите најдолните работи (за стално, не за привремено снаоѓање), притоа не знаете јазик на државата во која живеете, а да не зборам за правила, традиции, обичаи, култура и слично. Зошто ниеден од стручните кадри од оваа вукојебина, кои заминаа на запад да печалат пари и да се надоградуваат, не се вратил ни еден што го познавам? Ама има разлика од стручен кадар и аргат. Како прво, стручниот кадар во старт е попаметен, пообразован, сигурно знае, или барем оди на курс за странскиот јазик,за да се вклопи полесно во општеството. А класичниот работник, необразован (без навреда), нит планира да учи јазик (ej so ke ucam bratmi, sfe makedonci sme u mekdonalco, shnel shnel, ja ja i tolku dosta tije), нит знае нешто од културата или нешто за народот. За да се вклопиш некаде, треба да си лесно адаптивен, и да научиш како живеат и работат они. Може на запад не си го губат денот во кафиња, кладилници, и седенки у парк и пафкање све и свашта, ама дека не знаат да живеат не е точно. Си имаат доволно пари, си одат на излети, екскурзии, посети на држави, фестивали, настани од било каков тип. Посериозно ја сфаќаат работата од нас, ама па затоа и они се таму кај што се. Тие што се бунат, слободно вратете се во оваа вукојебина, има работа за сите
Од лично искуство за летна работа, подобро бев прифатен од останатите работници германци, како и што имав позитивно искуство со 80% од вработените, комшиите, рандом минувачи и слично, само ради тоа што го знам јазикот, а и многу знам за самата држава. (Не го зборам ова за да се пофалам, ама на пример јас никогаш не би одел во Франција да работам, бидејќи знам дека нема да се уклопам, ме мрзи уште еден јазик да учам од 0 (освен ако се мора, мада не ми лежи, повеќе ми лежи холандски, шведски, дански)).Истото важи и за В.Британија. А лесно е да отидам во овие две земји на работа, и да плукам од таму дека ништо не чини, дека не е како во Македонија, не е топол народот, врнело, вака-така.
Rđavom kurcu i dlake smetaju