Slucaj nema samo ednostavno prasanje, dali ako izlezam od rabota ke imam problemi od strana na agencijata za vrabotuvanje poradi sto nemam dogovor ili ne? Drugite raboti mI se jasnI poradi sto nemam dogovor znaci isto se vodam kako ne obvrzan da sedam tamu...
Редовен проблем е твојот случај во приватниот сектор во однос на договорите на определено време.
Не склучуваат анекси кон првичните договори и работниците остануваат да работат и по завршување на договорот.
Им се поминува плата, придонеси итн.
Сметководството на твојот работодавач не е обврзано да склучува анекси кон договорите кои веќе завршиле, тие се должни по налог на газдите да ја исплатат плата и придонесите.
И не се водиш како невработен, ако ти поминуваат плата преку сметка, ти плаќаат и придонеси итн, значи твојот статус во АВРМ е како вработено лице, се додека не те одјават писмено.
Ажурирањето на договорите на вработените е работа на правната служба на фирмата ( ако ја има ),нормално по обострана желба на работодавачот и работникот да биде продолжен договорот.
Вака, штом си продолжил да работиш во фирмата, по завршување на договорот, за исти услови и иста плата, а работодавачот преќутно се согласил да ти ја исплаќа истата плата согласно основниот договор настапило неформално продолжување на договорот, иако согласно Закон за работи односи договорите и анексите кон договорите мора да бидат склучени во писмена форма.
Во случај на судски спор и двете страни немате аргументи, тие го кршат законот што те држеле во фирмата без важечки договор и ти исплаќале плата за работа која не произлегува од важечки писмен акт ( договор, анекс итн ), ти од друга страна си примал плата без основ, иако не делува така зошто си работел работни задачи согласно претходно потпишан договор и ако настане евентуален спор ќе треба да ги враќаш парите.
Делува конфузно, ама за жал така функционира системот во државата, хаотично.
Значи, да не должам, ако сакаш да си одиш од фирмата, ќе треба да се договориш со газдата, да те одјави до крајот на месецот и секој по својот пат.
Доколку се решиш да продолжиш, потпишете анекс кон договорот за да си имаш правна сигурност во иднина.