Комично и трагично е како се фаќате за сламки. Инспириран?! Едното било корен на другото?! Па правниот систем и кај нас и кај целата западна цивилизација е инспириран од римјаните, имаш и предмет на факултет - римско право. Според твојава логика, ќе испадне дека денешното право е ,,вкоренето" или инспирирано од распнувањето луѓе на крст, пошто нели римјаните на тој начин казнувале.
Јас во ниеден момент не тврдев дека законите се идеални, тоа тврдат религиите за своите догми, а колку се неменливи и совршени сведок е историјата. Се обидуваш да реларивизираш нешто кое е јасно како ден, религиите се како рогови во вреќа и смешно е да тврдиш дека критериум за одредување легалност во правото се баш религиите.
Друга работа. Навлегуваш и прејудицираш за недоследности при однос работодавец - работник, иако неколку пати беше нагласено дека таму каде што проституцијата е легализирана, борделите и макроата не се легални.
За крај ќе нагласам повторно, дека критериумот според кој се одредува дали нешто е легално или не е срочено во неколку одговори:
1 Дали дејноста или активноста предизвикува материјална штета.
2. Дали повредува некого.
3. Дали принудува некого на било што против негова/нејзина волја.
4. Дали се работи за измама.
Ако одговорот на сите прашања е не, тогаш нема основа за да се смета за нелегално. Ова може лесно и едноставно да се провери со применување на овие прашања на било кое казниво дело. Проституцијата не ги исполнува овие критериуми за да биде нелегална, тоа е факт. Се останато е само обид своите субјективни морални критериуми да се наметнат како легитимен правен аргумент.