Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
уште некои 1000-1300 евра имаш давачки за увоз. Па сега рачунај си понатаму... додај на тоа патот Мк-Сло и назад до Мк, патарина бла бла бла...
Од дома ми дадоа 2300 евра.. Поќе нема.. ограничени се средствата :) Е сеа ме интересира дали ќе имам за вектра од 850 евра.. затоа прашувам.. Праевме со тебе муабет и на мсн шо планирам и како... ;)
Ако има некој донесено некое количе од словенија нека ми кажи колку фаќа да знам да порачам во среда :)
 
Дали знае некој отприлика колку чини да се царини Рено Клио 1.2 бензин од 2001 година?
 
Имам проблем со колава - opel corsa B 1.7 дизел од 2000 год. неколку пати ми правеше проблем несакаше да запали мислев дека е акумулатор ама пробав со кабли исто што претпоставувам значи дека е алансер ?

Ако е алансерот се менува цел? се чисти? или?
 
ми ја гребнаа корсата вака нешто од прилика:
Clio-Bumper-Scuff-Before.jpg
значи малце е, и сакам да го исполирам местото. сакам да прашам совет за добра полир паста. да напоменам, бојата ми е металик сина! дали со восок полир или без или како и да иде, со каква крпа да нанесам и со каква да бришам(ако треба) и слични совети за добро полирање =)
фала
 
Имам проблем со колава - opel corsa B 1.7 дизел од 2000 год. неколку пати ми правеше проблем несакаше да запали мислев дека е акумулатор ама пробав со кабли исто што претпоставувам значи дека е алансер ?

Ако е алансерот се менува цел? се чисти? или?
Можно е каблите да не ви биле исправни, па да нема ефект помошта од додатната батерија.
А можно е и анласерот да е за сервис. Претежно лагер, бендекс или четкиците откажуваат на нив, интервенција што ако се комплет промениш не би требало да чини повеќе од 2000 денари.

Зависи дали е површински или е подлабоко и бојата е оштетена. Ако е само површински (и да речиме над основната боја има црвена или некоја трета од другото возило) тогаш полир паста и најосновна ти брка работа. Ако е длабоко и е пластиката донесена до црниот слој ќе треба да стружиш/китираш/фарбаш, нешто што не би го препорачал за една мала гребнатина.
 
површински е, не е толку длабоко. работава е каква полир паста, која марка и тип(пошто глеав има летна/зимска, со восок, без, со едно, друго, трето.. ако ме разбираш).
и уште некој tip за полирањето, како на пример кружни движења на mr.myagi и сл. xD
 
Струмикс е по таа работа постручен, тој ќе ти објасни повеќе што како.... :) само ќе треба да сочекаш некое време за да го прочита постот. Мада нема некоја голема филозофија, земи полир паста најфина, стави на волнена крпа и трилкај го местото.
 
3M, Turtle Wax, Sonax... барај за оштетена боја паста, значи погруба некоја...
Ја нанесуваш со она сунѓерчето што оди со неа, па со некоја мека крпа со кружни, но одлучни движења, ја полираш...и ќе ја снема...
Потоа можеш и со некоја пофина паста да поминеш уште еднаш, ама цел браник :)
 
Имам Seat Ibiza 1.4 бензин 44 KW 1995 година.

Ме интересира колку и се максимум обртаи?
Скоро цел интернет го пребарав, не најдов. На возачката не пишува, на ниеден документ што го имам, не пишува.

Ибицава фабрички немала обртометар, имала саат. Е сеа, првиот газда го извадил саатот и си стаил обртометар од друга ибица на која максиму се 6000 обртаи а мојава оди повеќе од 6000 т.е.
стрелката ги поминува тие 6000 и крева уште. Обртометарот е врзуван со жици, лемен, пустен, праен... па се мислам да не ставал некако обртометар од дизел или нешто... не знам.

Некој што знае колку точно обртаи има максимум моево количе?
Фала :)

Најдов нешто на нетов, некои информации... види дали ќе ти користат... мислам дека сепак нема макс. вртежи да пишува колку што видов
http://www.theaa.com/staticdocs/pdf/carreports/AA_REPORTS/SEAT_IBIZA_1.4I_SALSA_R9503A.PDF
 
Имам проблем со колава - opel corsa B 1.7 дизел од 2000 год. неколку пати ми правеше проблем несакаше да запали мислев дека е акумулатор ама пробав со кабли исто што претпоставувам значи дека е алансер ?

Ако е алансерот се менува цел? се чисти? или?

Можно е каблите да не ви биле исправни, па да нема ефект помошта од додатната батерија.
А можно е и анласерот да е за сервис. Претежно лагер, бендекс или четкиците откажуваат на нив, интервенција што ако се комплет промениш не би требало да чини повеќе од 2000 денари.

Работава излезе дека е ротор со четкици ... за исузу дизел моториве скапи биле па ме џишнаа 5000-ки прашував на други места по 100 и кусур евра чинат :S Како и да е ја направија :)
 
Да претпоставам, четкиците беа истрошени, а роторот изеден на местото каде што има контакт со четкиците.... најчест проблем, а настанува од дотраеност на бакарните контакти на роторот.
 
Колку кошта заден лев штоп овој долу што е како на сликата заокружен, за новиве фиести ?

2009fordfiestavan3.jpg
 
Како можам да го направам радиото во колата да не ми зуја на брчењето на колата. Купив блокажа се намали малку зуењето ама пак зуе?
 
edno prasanje sakam da kupam avtomobil do 2000 eura od ovie sto uvezuvaat na staro sto mi preporacuvate ,ako e benzin sakam da mu stavam plin iskreno laik sum pa ako moze sovet ..ima eden problem visok sum 195 sm znaci da me sobere vo nego :)
 
Прашање е што сакаш... за 2.000 евра имаш солиден избор на возила од 1993-1996 година, но во нив има солиден избор на кршови... Така да треба да внимаваш што ќе одбериш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom